Никаде не реков дека е во ред да не им дадат чист гол. Не си додавај зборови од тебе што не сум ги рекол. Голот на Мунтари ќе беше одлучувачки таа сезона, доколку останатите 37 кола беа ПЕРФЕКТНИ, односно без никакви грешки про и контра за Милан или Јувентус (со оглед на тоа што овие две се бореа, другите беа далеку). Но, види ми ти во реалноста не беше така, односно и другите 37 кола беа исполнети со доста грешки од кои повеќето во полза на Милан. Голот на Мунтари исто ќе беше одлучувачки доколку тој меч се одиграше во последните неколку кола и до крајот немаше простор за поправка. Но и овој критериум не е исполнет, бидејќи до крајот се одиграа уште 14-15 кола и Милан во март месец имаше 4 бодови водство.
Мене ме нервира тоа што вие се обидувате едно цело првенство, што трае од септември до мај да го сведите на еден единствен меч, како да се работи за финале. Првенство е ова, не е ЛШ и има цели 38 кола. Не може голот на Мунтари да биде одлучувачки, земајќи ги во предвид сите останати мечеви кои се дел од таа сезона.
Доколку велиш дека голот на Мунтари имаше значаен удел врз расплетот на Скудетото таа година не треба да се запреш овде. Треба да си продолжиш и да кажеш дека покрај тоа значаен удел врз трката за Скудетото таа сезона имаа меѓу другите овие неверојатни игри со раце недосудени пенали за противници на Милан, против Џенова на 0-0 резултат, против Болоња на 1-1.
Одамна беше ова, ич не ми беше целта да се навраќам. Ова се сигруно само 2% од грешките таа сезона. Се разбира некогаш и Милан може да беше оштетен, ама доста поретко. Таа сезона до пред мечот против Милан, Јуве беше во многу наврати оштетен од судиите за пенали пред се, на натпревари кои завршија 0-0 особено против Сиена и Парма не свираа чисти пенали. Се разбира ако изигираваме моралисти и пред се ако сме објективни (што е твое клучно барање) и ова мора да го споменеме како битен фактор што влијаеше врз борбата на титулата. Премногу себично е да се задржеме на само еден настан.
Не ги сакам овие работи со видеа и слично, ама мора да се покаже и другата страна од паричката понекогаш. Најсериозно мојот став е тој што го реков и истиот би важел во сите други случаеви. Твое мислење доколку е дека една таква епизода може да го детерминира резултатот во една цела долга сезона, тогаш го почитувам, што да ти кажам друго. Ама не можам да се согласам со истото.