По твојава логика, на Реал нека му се повредат Роналдо, Бејл, Бензема и Модрич, нема да бидат јаки како што се сега
Или па на Интер не ни помислувам да му се повредат Икарди, Мурило и Миранда.
Од средината на Јуве си замина Погба, дојде Пјанич, другите се истите кои беа и минатата сезона, а годинава плус тука е и Асамоа кој на пријателскиве и двете први кола одигра одлично. Се согласувам дека не се појачани од тоа што беа минатата сезона,ама како глатко давате заклучоци дека толку е ослабена средината, како да пет класи падна подолу. Прво, да се види како ќе игра Алегри и како ќе биде составена средината, каква игра ќе покажат. Потоа следи критикување.
Многу се напумпа медиумски она „Јуве бара очајно средишен играч замена за Погба, панично е растрчан Паратичи, косата му обеле од маки барајќи средишен играч“. А 50 пати Марота изјави дека НЕ БАРА ЗАМЕНА за Погба.