Џ
Џонтра Волта
Гостин
Па муабетот не е од пред 5 минути, кога Интер водеше 7-1. Уште од петокот се дискутира за спорните одлуки на судијата во утакмицата со Милан.Полека малку, не знам што толку се распламтуваш, гледај си го Интер и уживај во резултатот. Никој ни те ѓиба. Ниту те терам да го сакаш Јувентус, ниту па ми е гајле дали ќе го сакаш, и дали имаш причина да го сакаш.
Според мене Јувентус да води 7-1 со некој, а јас истовремено да замарам на форум за Интер, тоа според мене е опседнатост, комплекс, како сакаш наречи го, твое си е..
Најлесно е така, кога и сам си свесен за очигледните грешки и одлуки во корист на тимот за кој навиваш па или ќе се бламираш со измислени правила и правдање на судијата или ќе го искористиш џокерот воедно и најглупото нешто, наречено комплекс.
Секако дека некој го тепаат комплекси зашто на неговиот тим не му судат непостоечки пенали и не измислуваат нови правила на изведување прекини. Муабети за 7мо одделение.