Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?

  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Интер ако играше лошо немаше да биде 1-2 место веќе 10 кола.
Интер игра на сила, цврст фудбал со многу борба, игра на резултат и точно знае што сака од натпреварот, да не се прими гол.
Тоа е, 2-3 шанси 1 гол и чао. 3 бода се 3 бода.

Ова мислам дека е точно испланирано од Манчини, сака полека полека да ја среди екипата пошто сепак 10 нови играчи се донесоа, сака прво на штоперите да им даде сигурност за да после постепено го надградува нападот, куќата од темели се гради. Кога имаш цврста и сигурна одбрана многу е полесно и нападот да функционира. Плански работи Манчини, ќе видиме на крај како ќе се заврши сево ова, нема Интер да игра вака цела сезона тоа е сигурно.
Изминативе сезони нели нон стоп се почнуваа нови проекти кур се тресе и уште од почеток на сезоната ќе не издуваат Сасуоловци, Ранокија и компанија ќе потонат и пиши пропало на сезоната.
Роби сега за сега одлично менаџира со екипата. Нема сигурни првотимци, нема ѕвезди, одлична ротација.

Ако некој игра лошо тогаш тоа е дефинитивно Јувентус. Мислам дека со ова и јувенташите ќе се сложат.
Бајо мој, игра лошо во смисла на лош стил на игра што не му дава да си го прикаже сиот потенцијал. И затоа изгледа како да е на сила што нема врска со оглед на играчите што ги имате.

Еве за пример земи го Јунајтед. Мислиш со тим во кој се Швајштангер, Руни, Мата, Ерера, Депај и Марсијал капацитетот им е да не можат да постигнат гол на три натпревари? Лош е пристапот, а не дека се слаби и толку им се можностите. Исто и Интер, не може тим кој ги има Јоветиќ, Лаиќ, Икарди, Кондогбија капацитетот да им е 11 голови во толку натпревари. Просто не може.
 
На Интер толку му се можностите, не ги преценвите.
 
Добро за тоа се слагаме дека со ваков ростер не е можно да се има вака слаба статистика. Ама како што спомнав погоре, се работи плански и постепено. Згора на тоа во овие први 10 кола се играа тешки утакмици против Рома, Јуве, Милан, Виола плус гостување кај Сампдорија ако и ова може да се нарече тешка утакмица.
Пак ќе се повторам, ваквиот почетен пристап е со цел да се добие на сигурност пошто сериозно беше раздрмана екипата, последниве 3 сезони иаме примено 200 гола. Во иднина очекувам поотворен пристап барем против мртвилата од екипи.

Од друга страна па и Атлетико еве веќе 2-3 сезони практикува ист фудбал па не гледам како некој ги критикува дека играат лошо и не знам што.
 
Абе јас од кога го пратам Интер игра дефанзивен фудбал(со исклучоци некој натпревар), па и на времето на Мурињо, секад играл дефанзивен фудбал, но тек-тук освоил по некоја титула, али затоа тука се некои тимови како Рома, Наполи, и Виола a.k.a wannabe Барселона кои не виделе титула у овие 20години, затоа што нели играат најдобро за око. :)

Attack Wins Games, Defence Wins Titles - Sir Alex Ferguson.
 
Интер има цврста одбрана (бекови и голман) и солиден напад, што за Италија е пресудно да бидеш горе на табелата. Интер нема креативна средина или ако може да се каже дека нема воопшто средина. И Интер е таму каде што е. Не верувам дека може многу да падне, ако одбраната си го задржи ова ниво. А за среќа имаа среќа во 50 % од натправарите (вклучувајќи го и вчерашниот) :)[DOUBLEPOST=1446394645][/DOUBLEPOST]
Абе јас од кога го пратам Интер игра дефанзивен фудбал(со исклучоци некој натпревар), па и на времето на Мурињо, секад играл дефанзивен фудбал, но тек-тук освоил по некоја титула, али затоа тука се некои тимови како Рома, Наполи, и Виола a.k.a wannabe Барселона кои не виделе титула у овие 20години, затоа што нели играат најдобро за око. :)

Attack Wins Games, Defence Wins Titles - Sir Alex Ferguson.

Интер од времето на Мурињо наваму игра дефанзивен фудбал, а пред тоа не знам дали си гледал и што си гледал ама играа добар отворен фудбал.
 
Интер се цврста копачка екипа. И имаат и доста среќа на почетоков на сезонава. Тимов им е доволен да се држат на врвот на табела цела сезона се дур останат здрави.
 
Интер од времето на Мурињо наваму игра дефанзивен фудбал, а пред тоа не знам дали си гледал и што си гледал ама играа добар отворен фудбал.

Го пратам Интер од 96-97 и многу добро знам што фудбал се играло, ти реков со искучоци имаше кога ќе одиграт добар фудбал отворен онака добар за око, али тоа не беше дека сме имале таков стил на игра туку дека така се погодиле коцките, што од формација што од мотивација...
 
Што се бе Рома боље од Интер, или пак Фиорентина и Наполи за да бидат они фаворити а Интер не? По што оценивте? Еве 11 кола се одиграни, Интер се на делба на првото место, е сега Интер е Џенова па ќе падне понатака, а Фиорентина се изнаосвојува титули последниве 10 години, па сигурно до крај ќе си финишира лагано...

Давате оценка на база на играта, а тоа е почетничка грешка.
 
Абе јас од кога го пратам Интер игра дефанзивен фудбал(со исклучоци некој натпревар), па и на времето на Мурињо, секад играл дефанзивен фудбал, но тек-тук освоил по некоја титула, али затоа тука се некои тимови како Рома, Наполи, и Виола a.k.a wannabe Барселона кои не виделе титула у овие 20години, затоа што нели играат најдобро за око. :)

Attack Wins Games, Defence Wins Titles - Sir Alex Ferguson.
Не ја вади од контекст изреката на Ферги. Тоа не му значи играј бункер. Поентата во оваа реченица е дека стабилна одбрана е клуч за освојување титули, а од друга страна играј офанзивно колку сакаш и давај по три гола секој натпревар (како ливерпул пред три години) џабе е ако одбраната ти е сирење. Разграничувај ги малце работите зошто Ферги освен во дерби дуели кога му требаше тактика секогаш играл офанзивен фудбал. Или за илустрација немаше да оди на 1:0 против екипи како Сампдорија и Хелас Верона туку ќе ги здробеше таквите тимови.
 
Рома има добар тим ама мизерна одбрана, а и слаб тренер. Слаб во смисла на шампионска титула.
Не за џабе Бате Борисов и остали тимови ги полнат до врв.

Не знам, некако очекувам многу интересна да биде Серија А оваа сезона, доста кандидати има за титулата. Кај Интер предност е што не игра во Европа, тоа е многу олеснителна околност во однос на другите. Мада, сега за сега мислам дека сите стоиме на ставот дека сеуште е прерано да се збори за битка за титула, доволно е и пласман во ЛШ.
 
Ве читам 2-3 страни наназад, никој Јувентус не го спомна. 9 бода е од врвот Јуве, што реално е достижно со оглед на тоа дека има повеќе од 25 кола до крај. Ако ја пронајдат вистинската форма може многу лесно све да се искомплицира на горните позиции. Интер ми е ко да го гледам Надал, на сила на мускули. Јес да и некогаш тоа е доволно за 3 бода али не ми се верува на дугачки стази тоа да функционира. Одбраната им е јака и тоа ги држи, а богами и Ханданович вчера. Голема предност е тоа што Интер не игра Европа.
 
Не ја вади од контекст изреката на Ферги. Тоа не му значи играј бункер. Поентата во оваа реченица е дека стабилна одбрана е клуч за освојување титули, а од друга страна играј офанзивно колку сакаш и давај по три гола секој натпревар (како ливерпул пред три години) џабе е ако одбраната ти е сирење. Разграничувај ги малце работите зошто Ферги освен во дерби дуели кога му требаше тактика секогаш играл офанзивен фудбал. Или за илустрација немаше да оди на 1:0 против екипи како Сампдорија и Хелас Верона туку ќе ги здробеше таквите тимови.

Кај виде ти дека ја вадев изреката од контекст, немам намера јас да ја протолкувам што и како мислел човекот. Ако мислиш дека Интер игра бункер, тоа е друго и така кажи, но тоа не го реков затоа што еве Интер има стабилна одбрана па така автоматски не прави фаворити за освојување на титула, изреката е на место за овие одиграните неколку натпревари поготово и за играта на Интер во одбрана, бидејќи ако сакаш можеш да ја анализираш и играта на Јувентус овие последните години, кога имаше убедливо најдобра одбрана, и освојувашее титули, така да изреката нема што да се надополни со други коментари, се е кажано и потполно се согласувам со тоа.
 
Од прикажаното досега нема една стабилна екипа и екипа способна да кажеш дека се издвојува на врвот од другите. За џабе не е Јувентус минус 9,а катастрофални се од прво коло. Секој тим има недостатоци и тоа големи. Наполи и Фиорентина немаат капацитет реално за титула.
Рома, Интер и Јувентус ако почне да заличува на тим, а мислам дека ќе почне ќе се екипите на местата за Европа, а Наполи и Фиорентина ќе гризат некаде до крајот.
Едно е јасно, Рома е прв фаворит за титула, имаат најквалитет состав, дали ќе освојат ќе видиме. А дефинитивно оваа сезона ако не освојат никогаш повеќе нема да освојат.
А Манчини барем според досега прикажаното направи одлична работа у Интер, преодлична. Уште да се чукне у главата и да почне нападот подобро да го користи, Лјаич, Икарди и балонот можат повеќе и мора повеќе да се форсира нападот.
У оваа прича никаде ги нема Милан. :DА богами и уште долго ќе ги нема ако продолжат со ваква политика.
 
Нормално е Интер да има јака одбрана... пајажинана што седи на клупа ќе стави 4 одбрамбени и 4 деструктивци во средина, потоа ќе даде некој мртов гол од кај нив, и потоа ќе стави уште 2 дефанзивци и оди дади им гол.

Сепак мислам ја покажаа слабоста со дуелот со Фиорентина, а тоа е дека не знаат да играат кога ќе примат гол... тогаш веќе стануваат изгубен случај и незнаат кај тераат, истото беше и со Палермо. Им се кочи играта кога ќе примат гол, психолошки не се (сеуште) дораснати да бркаат резултат. Ќе видиме како ќе се одвива понатаму сезоната.

Рома има одличен напад, но ептен слаба одбрана, и тоа ги убива... инаку се е во ред кај нив, ама притисокот ДА МОРААТ да освојат титула ги убива

Фиорентина игра добро сега за сега, Соса ги држи под конец, ако испаднат од ЛЕ (последни се моментално на табела) може сериозно да си ја сватат работата во Серија А

Наполи се секогаш фаворит од сенка, Сари убаво ги подсреди и очекувам од нив до последните кола да се борат за врвот... очекувам далеку да стигнат и во ЛЕ

Лацио ти се падни-стани, топло-ладно

Милан катастрофа

Јувентус.... молете се да не фати ритам, дека ќе биде гадно :sneaky:. Сеуште го има костурот на тимот, само премногу време им треба да играчите да се прилагодат на тактиката на Алегри

П.С. Има право Факе, Јувентус е беда, но тоа што заостанува само 9 бода е показател дека ниту другите не се издвојуваат многу по квалитет... да беше ланскиот Јуве досега ќе бегаа барем 5-6 бода на врвот.... ама да беше :(
 
Што се бе Рома боље од Интер, или пак Фиорентина и Наполи за да бидат они фаворити а Интер не? По што оценивте? Еве 11 кола се одиграни, Интер се на делба на првото место, е сега Интер е Џенова па ќе падне понатака, а Фиорентина се изнаосвојува титули последниве 10 години, па сигурно до крај ќе си финишира лагано...

Давате оценка на база на играта, а тоа е почетничка грешка.

А ти врз база на што би ги оценил? Поради фактот дека немаат 20 години ништо освоено? Ете ја стави Фиорентина во контекст.

Чекајте долга е сезоната. Уште многу крв ќе падне до крајот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom