R
red.devil
Гостин
Бајо мој, игра лошо во смисла на лош стил на игра што не му дава да си го прикаже сиот потенцијал. И затоа изгледа како да е на сила што нема врска со оглед на играчите што ги имате.Интер ако играше лошо немаше да биде 1-2 место веќе 10 кола.
Интер игра на сила, цврст фудбал со многу борба, игра на резултат и точно знае што сака од натпреварот, да не се прими гол.
Тоа е, 2-3 шанси 1 гол и чао. 3 бода се 3 бода.
Ова мислам дека е точно испланирано од Манчини, сака полека полека да ја среди екипата пошто сепак 10 нови играчи се донесоа, сака прво на штоперите да им даде сигурност за да после постепено го надградува нападот, куќата од темели се гради. Кога имаш цврста и сигурна одбрана многу е полесно и нападот да функционира. Плански работи Манчини, ќе видиме на крај како ќе се заврши сево ова, нема Интер да игра вака цела сезона тоа е сигурно.
Изминативе сезони нели нон стоп се почнуваа нови проекти кур се тресе и уште од почеток на сезоната ќе не издуваат Сасуоловци, Ранокија и компанија ќе потонат и пиши пропало на сезоната.
Роби сега за сега одлично менаџира со екипата. Нема сигурни првотимци, нема ѕвезди, одлична ротација.
Ако некој игра лошо тогаш тоа е дефинитивно Јувентус. Мислам дека со ова и јувенташите ќе се сложат.
Еве за пример земи го Јунајтед. Мислиш со тим во кој се Швајштангер, Руни, Мата, Ерера, Депај и Марсијал капацитетот им е да не можат да постигнат гол на три натпревари? Лош е пристапот, а не дека се слаби и толку им се можностите. Исто и Интер, не може тим кој ги има Јоветиќ, Лаиќ, Икарди, Кондогбија капацитетот да им е 11 голови во толку натпревари. Просто не може.