Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?


  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве едно мое предвидување иако има уште цел месец за трансвери и може да се смени ситуацијата...
1.Јуве
2.Рома
3.Интер
4.Наполи
5.Милан
6.Лацио

Јуве е сеуште најкадарен за титула но не толку убедлив како претходниве години.Рома ке има топ екипа ке бидат подобрени од лани.Наполи со новиот тренер очекувам да имаат одлична сезона плус направија мали корекции во екипата.Милан и Интер се засилија али не доволно.Одбраната и Средината на Милан е просек и на Интер нападот али со оглед на тоа што ке играат само во Италија би можеле да ги нападнат позициите што водат во ЛШ.Лацио се подобрија малце но не очекувам да имаат добра сезона како ланската.
 
11237572_10154073059174745_2324735343129940892_n.jpg
 
Знам само дека ги земаа Муњоз и Пандев а им отидоа Бертолачи, Фалке и Ронкаља а најверојатно и Пероти.

едит. и Нијанг се врати у Милан.

многу играчи си отидоа од Џенова, исто и Сампдорија гледам доста смениле и Окака си отиде останаа само со Едер во напад.
 
На овај Фалке во Јуве неможеа дрес да му најдат а во Рома си го рачунаат како појачање.:pos:
 
многу играчи си отидоа од Џенова, исто и Сампдорија гледам доста смениле и Окака си отиде останаа само со Едер во напад.
Добро да, Џенова стандард секоја сезона по 10 ин/аут трансфери праат, не треба да не чуди тоа, ќе најдат играчи тие, си ебале мајката, не испаѓаат па свет да се преврти. :D

Сампа ми се ризик некако со Ѕенга, не сум баш сигурен дали им е он вистински избор за тренер, да не се лизнат некако, не во случај за испаѓање ама некое лошо место под 10 да речеме. Се шушка нешто за Балотели па и Касано можда.
 
Дербито на Верона е сосема аут.Прво што цел град навива за Верона, а и Киево го имат добиено прекарот летечки магариња по паролата на навивачите на Хелас, кога магарињата ќе летат Киево ќе игра во Сериа А.
Од дербињата вредно е да се спомене Дербито на југот помеѓу Рома и Наполи.
И оваа сезона ништо не би коментирал.Прво да ги видиме првите 5-6 кола па потоа може да збориме за фаворити.
 
На овај Фалке во Јуве неможеа дрес да му најдат а во Рома си го рачунаат како појачање.:pos:
Чекај да не се покакате и вие со Дибила... Лани имаа исто голови дадено, не може тоа да биде клучно, но сепак добро е да се знае...
Да ви го дадеме Најголан, може ќе му најдете дрес ? :ROFLMAO:
 
Зашто фиорентина се откажува од него не ми е јасно.

Бидејќи е најнеписмен фудбалер шо постои...тој не знам како го прелажале дека знај да игра фудбал
 
1. Јувентус
2. Наполи
3. Интер
4. Милан
5. Рома
6. Фиорентина
7. Лацио
 
Иначе јас потполно се сложувам со Мондоико,која друга екипа ќе го освои скудетото ако не Јувентус?..Рома каде ќе се потрошат до Декември па после цела втора полусезона ќе се отепаат од местење?.....Интер?..Милан??..Лацио?..Наполи?..не се заебавајте бе ..каква конкуренција има Јувентус воопшто?..не постои доволно кадарна екипа што можи да врзи 5-6 победи со ред а да не е Јувентус во текот на целата сезона..

Едноставно колку да навивам за Интер сепак знам дека нема поглуп и понеспособен тренер од Манчини и сигурен сум дека ќе се испосерат дури до Јануари и веќе ќе оди цела сезона јабана,Милан барем малце да имаше од квалитетот на играчите кадар колку што има Интер сигурен сум дека за скудето ќе се бореа па макар и Инзаги му бил тренер ама јбг помалерозен и поидиотски тим од Интер не постои,таму сите играчи се одучија фудбал да играа и секој трансфер е фејлнар поради триста други сплетови на околности..

Веројатно догодина Андерсон ќе му го купиме на Лацио и пак пред нас ќе бидат на табелата да ти се мочам во фудбалот глуп,бидејќи во Лацио играчите играат фудбал а во Интер се одучуваат и преминуваат на крикет,а во меѓувреме играат рекреативно фудбал онака..

За Наполи и Рома немам никаков коментар бидејќи се немаат засилено како што треба,а Милан се надевам дека ќе го купат Ибра и ќе заличат на тим колку толку бидејќи вака се вистинска катастрофа кога ќе ги видам на средина и одбраната со богот на центаршутевите Абате
 
Бидејќи е најнеписмен фудбалер шо постои...тој не знам како го прелажале дека знај да игра фудбал

Не претерувај. Кога даваше по 30 гола во сезона арен беше тогаш, нели ? :)
Добар напаѓач е, но не успеа да се влкопи баш во Фиорентина.
 
Не претерувај. Кога даваше по 30 гола во сезона арен беше тогаш, нели ? :)
Добар напаѓач е, но не успеа да се влкопи баш во Фиорентина.

Кога даваше по 30 гола во сезона,тука на Кајгана форумот пишев реферати и докажував дека е неписмен фудбалер и се контрав со цел фан клуб на Баерн Минхен и Розенберг од Ливерпул каде ја тресна најголемата глупост на векот кога пиша дека Гомез е подобар од Ди Натале:pos:..

Тогаш се сеќавам со факти и аргументи набројав дури 30 подобри напаѓачи од Гомез и фамозниот Боби не знаеше како да ми врати па чисто ладнокрвно ја одбегна дискусијата
 
Кој го бараше Гомез,Бешикташ?сигурно од Баерн да завршиш во Бешикташ не добар него треба да си талент невиден:icon_mrgr:
 
Кога даваше по 30 гола во сезона,тука на Кајгана форумот пишев реферати и докажував дека е неписмен фудбалер и се контрав со цел фан клуб на Баерн Минхен и Розенберг од Ливерпул каде ја тресна најголемата глупост на векот кога пиша дека Гомез е подобар од Ди Натале:pos:..

Тогаш се сеќавам со факти и аргументи набројав дури 30 подобри напаѓачи од Гомез и фамозниот Боби не знаеше како да ми врати па чисто ладнокрвно ја одбегна дискусијата

Сум пропуштил нешто. Ќе може линк ?
Или накратко што подразбираш под "неписмен" фудбалер ?
 
Сум пропуштил нешто. Ќе може линк ?
Или накратко што подразбираш под "неписмен" фудбалер ?

Неможам да ти го објаснувам истото бидејќи немам енергија ниту време..
http://forum.kajgana.com/threads/Најдобар-напаѓач.8455/page-21

од 21 до крај ако не те мрзи читај....Розенберг и дел од фановите на Баерн истрескаа тешки глупости
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom