доста бе Шики,не дај боже Интер да игра таму,ќе сњ откажам преку весник од нив

Шала на страна,последниве резултати и залагањето на играчите на теренот ме тераат да мислам дека Интер не сака да игра таму,туку уште една сезона без Европа,да ја скоцка екипата,да се донесат квалитетни играчи и да му се прави притисок на Јуве околу скудетото.
Не дека ќе го освојат,но како вицешампиони може да стигнат под услов да се вкомпонира екипата на време.
Друго,ве читам неколку страни наназад околу Дибала и неговата астрономска сума.Тоа е фудбалот денеска бајовци,се преплаќаат играчи по само една добра сезона.
Не велам дека Дибала е лош играч,го има фудбалот во нозете и талентот во главата,но Јуве не е Палермо и ќе се очекува од него да распали уште првата сезона.Тоа само по себе сноси огромен притисок и прашање е дали ќе го издржи тој притисок.Ако го издржи и преживее и натепа 10+ голови во Серија А,Јуве добива класа играч за во иднина.
Трето,се шушка опасна замена на релација Интер-Рома.
Ханда во Рома,а Рома во куферче ни праќа некое милионче и Ромањоли.
Знаејќи ја Рома колку лесно го пуштија Једвај во Баерн,зошто да не и овој кај нас

Во Интер најверојатно би дошол еден од Чех или Перин.