Serie A 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.215
Поени од реакции
2.059
Јас се решив за Андерсон, можеби поради субјективно мислење и ради тоа што најмногу го имам пратено од сите тука наведените. Како и да е, мој избор.

Ме бендисува што може да работи со двете нозе, има брзина од Ферари, за дриблинг да не зборам. Бразилец без дриблинг вештина, ти е како подрум без ајвар :D Сум бил сведок на прекрасни голови и асистенции...среќа во наша мрежа не сум ги видел:X3: Се надевам дека ќе го надмини Кака:)
Па не знам што друго... нека надополни некој друг што гласал за него.

А да, најбитно е што не си прави селфи како Тоти на нерешено и не игра за Интер :icon_lol: а се надевам дека еден ден ќе го облечи нашиот дрес.:angel:

Ете така за Фелипе :backa:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.104
Поени од реакции
17.950
Кога завршивме со макотрпните номинации, да се фатиме за работа.

Еве некои објективни работи кои може да помогнат. Де Вриј четири пати не настапил сезонава за Лацио и во сите тие четири натпревари Лацио бил поразен. Брат ми навива за Лацио и вели дека без него во одбрана изгледаат како аматери, посебно со замената Кана.

Андерсон мислам дека сите знаеме што направи. Има постигнато 10 голови, сите од игра со 1617 одиграни минути. Головите му се кој од кој поубав и поефективен, а исто така и корисен за тимот. Реши неколку натпревари со индивидуални потези, а статистика за асистенции немам ама сигурно се 10+.

Емполи ги немам гледано повеќе од 7-8 пати сезонава, ама смиреноста со која располага Ругани и дуелите еден на еден му се на завидно ниво. Не е од оние робусни, силни и бавни дефанзивци, баш напротив ама тоа му е голема предност. Подвижен е, не е Ранокија стил и засега не покажува склоност кон грешки. Сепак од него ќе се очекува во иднина.

Кој ги има гледано Џенова знае како брани Перин (кој моментално е повреден). Човекот сам му донесе еден куп бодови на неговиот тим со неверојатно одбрани. Ромањоли е дел од одличната дефанзивна линија на Сампдорија, која годинава со прилично лимитиран состав успева да се бори за место во ЛЕ.

Јас се мислам меѓу Ругани и Фелипе Андерсон, ама сепак експлозијата на бразилецот мислам дека му дава предност.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Еве ти прилика, претстави се :cujte:
па не знам добар е, некако многу се крева фама за него поради изјавиве на менталниот претседател на Палермо дека вреди 40-50 милиони... Според мене Фелипе Андерсон е подобар..
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Се слагам со Мондонико, отприлика и јас тоа го мислам иако Ругани 1-2 пати го имам гледано, ама читам има добра статистика, 4-5 гола има дадено.
За Андерсон е све кажано.

Ја гласав за Перин, цар е дечкото, втора сезона по ред у топ 3 голмани у лигава ако не и најдобар.
Сеа јес да е далеку од Буфон, Џиџи е Џиџи сепак најјак у свет ама Перин ако продолжи вака има светла иднина.
Искрено се надевам и навивам летоска да го шитнеме Ханда и негова замена да биде токму Могли, се шушка низ Италија за вакво сценарио плус дечкото е наш навивач, барем така викаат жабарите.
 

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
Перин ако се развива здраво може да биде у нивото на Буфон. Го гледам како иден голман на Италијанската репрезентација во наредните 10-15 години. Се надевам нема да го урочам типот.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.457
Поени од реакции
5.479
И јас гласав за Андресон, сезонава му е ѕверска но мислам дека Ругани ќе има подобра кариера од него.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.493
Поени од реакции
4.650
Гласав за Дибала бидејки сметам дека Андерсон во Лацио има поголема подршка пошто има поквалитетни соиграчи така што противничкиот тим не е фокусиран секогаш само на него што не е случај со Дибала во Палермо. Абе а оти Шарави го нема или и он е на повисоко ниво како Икарди и Погба:icon_lol:
 

_predator_

Студент\Џаболебар
Член од
17 декември 2012
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.461
Ептен ќеиф ми се прави кога некој закоравен интераш ќе се избаци и објективно ќе каже " Џиџи е Џиџи сепак најјак у свет" . @Џонтра Волта бајо мој :cuc:
Сите на списоков се веќе малтене афирмирани млади играчи од кои се очекува многу во иднина.
Андерсон и Дибала некако најатрактивни се ради игрите и головите.
Перин најконстатнет од младиве голмани , 3та сезона ко прв голман у Серие А.
Де Фрај се покажа како одлична аквизиција, главен играч во одбраната на Лацио .
Ромањоли и Ругани одскокнуваат бидејки без некое позначајно искуство сезонава прераснаа во носители на одбраната у своите клубови, можно е и да бидат идни првотимци на Италија.
Салах направи ненормален напредок одкако дојде, ама некако малку е полусезона да се оцени.

Гласам за Ругани, бидејки дечкото до пред година дена играше у втора лига , а денес е најстандарден играч на Емполи у одбраната,одлично се покажува при прекини 5 гола збрца досега, нема картон добиено(мада треба да поработи малку на агресивноста која во некои дуели му фали) и покажува екстра потенцијал.А и ме нервира што секогаш шлагот и наградите ги земаат играчи од последната третина од теренот.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.104
Поени од реакции
17.950
Енглези и фанови на најјаката лига во светот знам оти ви е досадно бидејќи нема ниеден тим барем во ЛЕ да го бодрите во текот на работните денови, али пронајдете си друга занимација овде сте сувишни.

И да овие дечки се поквалитетни од исфорсираните англиски (анти)таленти кои на 19 години добиваат милионски суми за потоа да завршат како просеци кои својата репрезентација не успеале да ја однесат подалеку од првата елиминациона фаза на ниедно големо натпреварување.

Ај лепо поздравче и ве чекам да ме цитирате вечер Јувентус ако испадне :angel:
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
А тек па да те опцуевме кај ќе не испратеше :(
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.104
Поени од реакции
17.950
А тек па да те опцуевме кај ќе не испратеше :(
Не ве испратив никаде, само вие си играте играчка. Ако не пратите Серија А и ако не ги знаете играчите тогаш не гледам причина да гласате на дадената анкета.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom