Шо требаше, да го задржат?..сепак направија чист профит од 15 милиони само за една година од еден играч кој не е незаменлив во составот..колку да е добар Бенатиа сепак се работи за централен дефанзивец а не за крилен бек или среден играч за врска...не ја деградирам позицијата централен дефанзивец туку сакав да напоменам дека лесно можи да се најди квалитетна замена посебно во ваква неквалитетна лига со лоши противници...
Брат грешка си голема, верувај.
Ја потценуваш премногу таа позиција, а секој еден сериозен тим што се натпреварува за титули тимот почнува да го гради од голманот и одбраната, без тоа, НИШТО.
Врати се наназад и види ги тимовите на светски и европски шампиони, освојувачи на ЛШ и слично. Сите тие имале класа централни дефанзивци, пошто без нив не се може.
Тој е последен човек во одбраната и ако он праи грешка, лошо му се пишува на тимот, кој ќе ја покрине неговата грешка?.
Едноставно неможеш на тие две(или три) позиции да ставиш кого било.
Во денешниов фудбал голмани, везисти, офанзивни играчи за врска, деструктивци, крила, напаѓачи, се и сешто ги има со лопата да ги ринеш, и тоа квалитетни.
Ама фалат одбранбени играчи, и централни и крилни. Кога дојде ред играчи како Давид Луиз и Маркињос да бидат најскапите дефанзивци на нивната генерација, тури му пепел.
Рома и 60 милиони да извлечеа за Бенатиа, пак немаа да го заменат, пошто едноставно нема таков одбранбен играч на денешницава за кој ти би платил 50-60 милиони и да ти гарантира сигурност во одбранта каква што даваа Видич, Неста, Турам, Самуел-Лусио во шампионската сезона на Интер, итн итн.