Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?


  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
На крај за да не бидам грешно сфатен, ниеднаш не сум кажал дека Јуве освајал задњиве три години со судии. Сите три титули беа плус минус заслужени, ете може за ланската ми е горко во уста поради тоа што Рома сруши личен рекорд на бодови, утакмици без примен гол а Јуве освои факинг 102 бода... Ама дека судиите знаат под притисок да свирнат/прогледаат низ прсти за Јуве, знаат, повеќе од што знаат за билокој друг тим.

После мечот со Рома,почнаа добро познатите причи за местење,како на Јуве секад му свиреле пенали,шеснаесетникот во Торино бил поголем,сликите со текст"Пенал за Јувентус" итн.Али интересно е што бројките и статистиката и не викаат баш така линк .Изгледа не бил доволно голем притисокот чим вака ниско котира Јуве во досудени пенали,за разлика од другите ривали во овие 5 години,за кога е напраена анализава.

-Во изјавата на Буфон не гледам ништо лошо,човекот најкултурно му одговори на Тоти кој го навреди неговиот тим.Тоти навредите и кривицата требаше да ги упати кон судиите,а не така сељачки да го вреѓа Јуве.
Конте кога беше тренер на Јуве,при секое лошо судење за својот тим ги критикуваше судиите на прес,можеби и тактички им правеше притисок,али никогаш не навредил ниту еден тим,ни он нити било кој играч на Јуве.

Тоа дека Буфон немал причина да дава такви изјави,затоа што Јуве никогаш не бил оштетен,тоа ти мислиш така.Јувентус по враќањето во Серија А во првите две сезони добиваше катастрофално судење,судиите се плашеа да свират очигледни работи,а камоли да му поклонат некој пенали или да му прогледаат низ прсти.Али Буфон никогаш не искочи со изјава ни против судиите,а камоли против некој тим,зошто и сам знаеше дека и без тие судиски грешки Јуве не беше тогаш способен да се бори за Скудетото.

Не ми е муабетов дека Рома не е способна сезонава да се бори за титулата во Серија А (далеку од тоа) напротив оваа година е и те како јак конкурент.Али премногу е рано да се каже дека овој натпревар го одлучил шампионатот.
Иако ако Рома евентуално не го освои скудетото и да заврши и со 10-15 бода зад Јуве,пак овој натпревар(слично како и со Гол ди Мунтари) ќе го спомнувате за пресуден,како ќе бил поинаков текот на шампионатот,психолошки ќе влијало врз играчите итн.У главном истиве приказни за Campianoto Falsato ќе се вртат и тогаш и тоа ќе биде главното алиби,без разлика колку би била бодовната разлика на крај.Нормално ова сценарио е ако Рома не ја освои титулата,ако ја освои никому ништо.
 
Абе до кога ќе се вртиме у круг со голот на Суљо.Ве гледам и ви се чудам.
Прво , тој наптревар и на Матри му поништиа чист гол , ама и на то аслабо се сеќавате.
Второр, Милан изгуби бодови со Катаниа,Болоња и еше поразен од Фиорентина и интер со што им се стопи водството , и ја изгубија трката.ФАКТ. End of story...
 
Еве и за лигата
Буфон
Кафу Неста Турам Малдини
Зидан Недвед Пирло Кака
Креспо Батистута
 
И твоето тврдење дека тој момент не ја решил титулата, е само твое субјективно мислење, никако факт!

Ама јас докажав дека тој натпревар не ја решил титулата....
1. Дека е Февруари месец - значи имало уште 3 месеци до крај на првенството ФАКТ
2.
Милан ја накачил предноста на табелата и во еден момент имал 7 бода предност пред Јувентус ФАКТ
3.
Тоа што Милан дури негде во Април губел бодови од Фиорентина и останатите тимови, сигурно Јувентус не му бил крив... ФАКТ

Знаеш многу полесно ќе ми беше и јас да одев со претпоставки.... можев слободно да напишам "После поразот од Милан на Сан Сиро, Конте и играчите ќе се накурчеа и ќе ги победеа сите тимови до крај со резултат од 3-0" Ама тоа е само претпоставка, голема е можноста е да погрешам и јас во мојата претпоставка.... затоа ти дадов факти, дека се издржани.

@Boom Shaka Lakka

Иди утепај се бе човек :icon_lol:

Јас моментално тука сум Шерлок Холмс, додека Хм и Кими ми глумат Баба Ванѓа :LOL:
 
Абе до кога ќе се вртиме у круг со голот на Суљо.Ве гледам и ви се чудам.
Прво , тој наптревар и на Матри му поништиа чист гол , ама и на то аслабо се сеќавате.
Второр, Милан изгуби бодови со Катаниа,Болоња и еше поразен од Фиорентина и интер со што им се стопи водството , и ја изгубија трката.ФАКТ. End of story...
А се сеќаваш на чистиот гол поништен на Робињо против Катанија или и на тоа слабо се сеќаваш?
 
И на Јуве не им досудија чисти пенали врз Пирло и Ештон против Каљари.Ти се сеќаваш на тоа?
 
Оф-топик ќе одам, стварно ќе ме извинете ама не можам истиве моронски муабети да ги водам постојано.

Забележав барем кај составите на повеќето дека покрај разликите во составите и тоа што Буфон е на голот (што не е ништо чудно за последните 15тина години во Серија А), како централно дефанзивно дуо фигурира Неста-Турам.

За мене лично отсекогаш биле најстабилните играчи на таа позиција, со ептен малку грешки како индивидуални така и тимски во текот на целата кариера, а со многу одиграни врвни натпревари во многу различни натпреварувања. Неста еднаш се сеќавам прочитав муабет од типот "тој е Меси во одбраната", нешто што искрено многу го споделувам, додека исто и Турам беше неверојатно квалитетен дефанзивец со одлична структура и можеше да се приспособи да чува било каков тип на напаѓач. Истото додуша важи и за Неста.

Инаку @_predator_ Дел Пиеро го изоставив од проста причина што се обидов доколку на една позиција имам играчи според мене со сличен квалитет, да му дадам предност на оној кој не играл во Јуве. Тоа се разбира важи за Тоти, додека Шевченко е друг тип напаѓач, неверојатен голгетер кој стварно не можам да го изоставам од најдобриот тим што го имам гледано.
 
Ама јас докажав дека тој натпревар не ја решил титулата....
1. Дека е Февруари месец - значи имало уште 3 месеци до крај на првенството ФАКТ
2.
Милан ја накачил предноста на табелата и во еден момент имал 7 бода предност пред Јувентус ФАКТ
3.
Тоа што Милан дури негде во Април губел бодови од Фиорентина и останатите тимови, сигурно Јувентус не му бил крив... ФАКТ

Знаеш многу полесно ќе ми беше и јас да одев со претпоставки.... можев слободно да напишам "После поразот од Милан на Сан Сиро, Конте и играчите ќе се накурчеа и ќе ги победеа сите тимови до крај со резултат од 3-0" Ама тоа е само претпоставка, голема е можноста е да погрешам и јас во мојата претпоставка.... затоа ти дадов факти, дека се издржани.

Немам сили да се повторувам... :)
 
+1
Што било било, тоа е неможе да се смени.. Спремајте се за освета во Рим друго нема што да се каже :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom