Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Повторно Тотти вс друга легенда на калчото, ќе го поставев видеото каде што Тоти го мава Балотели ама веќе е поставено така да ќе се повлеќам и
agJIP.gif
 
ај додека некој од интерашите(на пр. Деко) не ме отерал у пм, да кажам дека се зезав:D
 
ај додека некој од интерашите(на пр. Деко) не ме отерал у пм, да кажам дека се зезав:D
5dZXT.gif

значи не е Тоти подобар од Занети? ПРЕДАВНИК!!! ЛАЦИАЛ!!! Одиш на рапорт кај шефот така да си знаеш!!!!
 
5dZXT.gif

значи не е Тоти подобар од Занети? ПРЕДАВНИК!!! ЛАЦИАЛ!!! Одиш на рапорт кај шефот така да си знаеш!!!!


хахаха, nice one(y)

шала на страна не ги закачам ниту Тоти, ниту Занети, легенди си се двајцата на своите клубови, Италија и светот:)[DOUBLEPOST=1399413194][/DOUBLEPOST]иначе гифот ти е за сите оние кои мислеа дека ќе гледат дуел Занети вс Тоти, нема чипс,нема пиво, нема пуканки:D
 
пишав во темата за Интер,ќе пишам и тука,го тетовирам ликот на Занети некаде на телово,таква подвижна легенда никогаш не смее да се заборави !!

Ќе падне и мушка солза на неговото опростување,се надевам Курва Норд му спрема досега невидена кореографија во целиот фудбалски свет и дека ќе биде испратен како што му доликува,со победа и со стоечки овации од целиот стадион.

Мислам дека и Лацијалите ако присуствуваат на утакмицата,ќе му оддадат почит со парола.

Не сакам никогаш да дојде тој ден кога Занети ќе се опростува од Интер и ако некогаш би имал можност да клонирам некого,тоа дефинитивно би бил Занети.
Занети или ил Капитано ти е нешто ко Мајка Тереза во фудбалот,на никого ништо му нема згрешено,а на секого сака да помогне.Секогаш џентлмен во и надвор од теренот,никогаш не потпаѓа на провокации и најдобрите фудбалери се губеле на терен кога Занети имал задача да биде нивни фластер !

Таков човек не е можно да го мразиш,само можеш да станеш да му пуштиш наклон до под и да му се заблагодариш што постои во ова време,кога фудбалот ја губи својата смила !!
 
Пффффф :pos::pos::pos: А што па Тоти има повеќе направено од Занети објасни ми? Башка Занети е одбранбен играч, не може да очекуваш од него да даде 200 голови и по тоа да се памти во некоја екипа. Едноставно е, еден од најголемите џентлмени во фудбалот, никогаш не се тепа, секогаш е фер и коректен, никогаш не излегол скандал со него, и како што спомна некој има само еден црвен картон во кариерата, и тоа пред некоја сезона со Удинезе го доби на Меаца, и тогаш поштено му даде рака на судијата и цела Меаца му аплаудираше, за разлика од Тоти кој е склон на клоцање и плукање по играчи.

Немој жити мене да збориш за просеци, Занети ги има чувано и Роналдо и Меси и кој уште не и сите ги има добро чувано така да пишувањава дека е просек играч задржи си ги за себе. Бар од тебе не очекував вакви коментари.

се зезав, сакав да створам тензија како во Украјна :icon_lol:[DOUBLEPOST=1399415146][/DOUBLEPOST]
јест да си фан на Рома али барем малце биди објективен..

мене најискрено Тоти ми е омилен играч (од тие што не играле за Валенсија), стилот на игра итн. од секогаш сум ја гледал Рома само поради Тоти, памтам и колку криво ми падна кога се повреди неколку месеци пред СП 2006, знам играа Рома - Емполи и Тоти искочи во 12 минута (ако не се лажам)... :)
споредба помеѓу Тоти и Занети неможеш да правиш во тоа кој колку голови дал, зошто се работи за играч од нападот и играч од одбрана... али Занети е фудбалска легенда исто колку што е и Тоти, a Сериа А т.е. фудбалот без нив нема да биде ист.

Интересно,а јас во Шпанија секогаш сум имал симпатии спрема Валенсија, како и за Ливерпул од Англија :)
 
^Оти јас мислам дека не се зезаше и дека откога ти се нафрлија многу го рече тоа.

Не за друго, оти ми се чини дека и порано имам прочитано нешто од тебе за Занети...:cautious:
 
Толку многу обраќате пажња на Занети, божем Тоти отидел у пензија:) .. ништо повеќе од просечен играч, треба да е благодарен на клубот што толку години го задржа и играше таму, а не клубот да е благодарен што тој толку години остана таму ..
:icon_mrgr:
Јас сум сведок за скриената камера на Пупоне :)
 
Поради тоа што поголем дел од легендите успеавте успешно да ги споредите и анализирате мислам дека сега дојде ред конечно да се спореди легендата на А.Ц. Милан Бонера и фантастичниот Бориело . Тоа ке биде епско дерби од невидени размери од проста причина што Бонера ги има придобиено симпатиите на неутралните навивачи надвор од италија а позади Бориело стојат дузина тимови во италија каде што тој пружил фантастични партии и засекогаш останал запаметен во аналите на секој клуб каде стапнал . Па навалете !!!
 
^Оти јас мислам дека не се зезаше и дека откога ти се нафрлија многу го рече тоа.

Не за друго, оти ми се чини дека и порано имам прочитано нешто од тебе за Занети...:cautious:

прашај го DeviAngel, морав да имам сведок пред да почнам со ова, бидејќи знаев дека ќе се најде некој како тебе:icon_lol:


btw, за Занети порано што имам пишано во лош контекст(доколку може така да се окарактеризира) е дека фудбалски не е на нивото на еден Малдини .. тогаш некој постави слика од Малдини, Занети, Дел Пиеро и кажа дека ова се три легенди, а Тоти не беше спомнат ради неговиот карактер демек не заслужува да биде легенда, тогаш кажав дека доколку Тоти ради карактерот не е на рамниште на овие тројца, тогаш Занети не е на нивно рамниште кога се во прашање фудбалските квалитети, и зошто кога така се мерат работите Занети да е легенда а Тоти не ? Тоа беше критериумот на тој што ја беше постирал сликата, јас само му дадов пример дека не е во право, а после тоа кажав дека сите 4-ца се легенди .. како што гледаш и порано немам пишано нешто лошо за Занети:)

-Е сега за Занети ќе кажам нешто. Факт е дека Хавиер е одличен фудбалер, но во поголем дел од кариерата не е бил на нивото на Малдини кога е во прашање фудбаското знаење, но факт е и дека тоа не го прави помала легенда од Паоло Малдини. Е сега, зошто велам во поголем дел од кариерата , да речеме од неговото пристигање во Интер па се до некаде 2005-2006 година никогаш не е бил на врвот кога се во прашање најдобрите дефанзивци во светот, за разлика од Малдини за кого велат дека е најдобар дефанзивец во последните 20 години. Но, зошто не кажав дека цела кариера не играл на нивото на Малдини ? Епа затоа што по 2006 година Хавиер Занети се повампири, јас просто бев изненаден од неговите партии, плус постоеше голема универзалност кај него, Манчини и Мурињо почнаа да го користат по потреба на повеќе позиции, а тој без проблем ги завршуваше задачите кои му беа зададени, играше одлично. Се сеќавам кога ќе тргнеше со топката имаше продори на кои можат да им позавидат и најдобрите офанзивци(сега и порано). Притоа покажуваше одлична фудбалска подготвеност и техника, мислам дека беше 2008 година кога погоди прекрасен волеј против Рома во 90-та минута за 1-1. Значи Хавиер Занети е еден од ретките примери како фудбалер, поготово роден дефанзивец во неговата 4-та деценија да прикажува толку квалитетни игри на таа возраст. Сите овие години тој е можеби и единствен на кого неможев да му се изначудам како така почна да игра на толку високо ниво на стари години, и тоа ниво на рамниште на Паоло Малдини.

Тоа е едно мое гледиште за капитенот на Интер, се надевам не сум погрешно сватен, бидејќи бев искрен. Секако дека ќе фали на италијанскиот фудбал, поготово во овие времиња кога во Италија и онака нема ронка квалитет:D. За мене ќе остане запамтен како легенда, за интерашите нормално, повеќе од легенда(како за нас Тоти) и му посакувам се најдобро и да продолжи да биде одличен со професијата со која ќе започне да се занимава во иднина исто како што беше и одличен фудбалер.(y)
 
Како прво и вие малце ја претеравте со Занети..јас како фан на Интер најмногу бев против Занети да не игра во прв тим и неможев да го смислам реално кога ќе го видев во составот па посебно заедно со Камбиасо:facepalm:(смрт комбинација)

Но реално Занети секогаш си беше одличен играч но работата е тоа што Интер беше за никаде како екипа и никој го немаше забележано од фудбалските фанови насекаде низ Европа и менаџери секако бидејќи Хавиер не е некаков естра квалитетен индивидуалец за да можи да направи класа потег и да реши утакмица туку си е класичен борец по теренот кој си ги знае задачите..

Плус Занети е многу поуниверзален од сите дефанзивци од неговата генерација и знаеше да игра на повеќе позиции поради техниката и контролата која ја имаше над топката..е сега како фудбалски играч мана му беа пасојте и центаршутевите каде не ги користеше и му беа катастрофални..затоа Занети беше одличен индивидуалец но просечен тимски играч бидејќи сепак фудбалот е тимска игра..

Но е сепак господин чоек пред се
 

Баш ко ја видов сликата ми делуваше многу глупо, на шалот нема година за да дојде до исмевање или слично. Шалот едноставно си вели Рома Шампион и делува ептен навивачки и секој фан би го носел шалот, па и ние носевме во 2008,2009 година а немавме освено титули...
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom