Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
А постои логичко објаснување зошто некој навива за некој клуб?

Момент е тоа, гледаш некоја утакмица, ти се допаѓа играта, дресовите, слушаш некоја интересна информација за клубот и полека почнуваш да навиваш за тој клуб.

Инаку, Парма дојде со многу добра екипа тогаш во Скопје, ги видов Турам, Буфон, Саво Милошевич, онај Португалецот што играше заедно со Фиго за репрезентацијата крило, еден куп звезди беа дојдени. Потоа Пармалат банкротира, Калисто Танци заврши во притвор, а екипата отиде на тапан. Ги продадао Буфон, Турам и Канаваро на Јуве, Креспо на Лацио ако добро памтам, Верон замина, Бенариво мислам дека се пензионираше, исто како Дино Баџо, Сенсини и Богосјан...
Серџо Консеисао ли? Го земавте како дел од трансферот на Креспо.
 
Серџо Консеисао ли? Го земавте како дел од трансферот на Креспо.


Да, браво, Серџо Консесиао, стално му го заборам името. Одличен играч беше, како малку полоша верзија на Фиго. И оној со големата глава што играше одбрана во Португалија, и него не ми текнува како се викаше.

:D

Ми текна, Коуто беше.
 
Фернандо Коуто:)

coutofernando2.jpg
 

Ќе има казни за ова у секој случај.
Не дека го бранам ова расистичково/нацистичкото што се дешава по Италијанските стадиони. Ама факт е дека од сите (да речеме) модернизирани лиги у светов италијаниве сеуште имаат и ќе имаат најјака ултрас сцена (у овие модернизирани лиги не ги сметам пољаците,јужниве соседи и северниве, исто и русите). Што у секој случај е добро.
Има ривалства по италија, има тензии на секоја утакмица, има она Against modern football, има транпаренти, навивање, кореографии. Не е ко у Шпанија/Англија театар ко да дошле да гледаат.
Али ова со наци скандирања и песни, претераа фановите на Лацио.
Плус, секад е убаво да се гледа како 5000 души стојат и пеат за тимот, веат знамиња 90 минути макар и на безврска куп утакмица да е. Тоа го нема секаде, посебно не у лиги кои неколку години идат у надолна линија (ко Италија на пример).




Не е прв пат за Иридучибили да јадат казна за нацистички песни и поздрави,веќе навика им станува да јадат казни поради тоа,поради пароли со нацистички содржини.Едноставно кур ги боли,затоа и се викаат Иридучибили (Нескршливи).
Таква идеологија негуваат,патем ако не се лажам и Мусолини бил навивач на Лацио :D
На секоја утакмица си фураат по некоја нацистичка песна или нацистички поздрави.Во Мадрид кога беа пред две години мислам,на сред Мадрид ја грмеа песната од клипот.Таа песна им е нешто ко химна





Тоа е во Италија,секоја група си негува своја идеологија.Ливорно да речеме,нивните навивачи се комунистички настроени и на нивната трибина најчесто можеш да видиш транспаренти со ликот на Че Гевара,кубански знамиња,руското старо знаме, со српот.Еднаш имаа извадено и кореографија во чест на Тито.
 
Од на Лацио,Наполи,Рома да,али од на Интер и Милан и не баш


Искрено Лацио, Рома,Наполи,Торино и Верона имаат најдобри навивачи у италија. После се ситее други. Глеам на Милан фановите оваа година имаа доста инциденти, фрки со ајакс, со џандари, знам и со Верона првата утакмица имаше проблеми доста.
Што се однесува до навивање/кореографии и тн, искрено на Интер и на Милан ултрасите се подобри од Јуве, додека пак овие имаат супер поддршка на гостувања, поради тоа што имаат најголема фан база у италија која им константно иде на гостувања и праи јака атмосфера.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 15:41 ---
 
Од на Лацио,Наполи,Рома да,али од на Интер и Милан и не баш

и јас баш тоа сакав да го пишам .. од север па надолу на југ, менталитето на луѓето и не е баш ист ..
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 16:05 ---
Искрено Лацио, Рома,Наполи,Торино и Верона имаат најдобри навивачи у италија. После се ситее други. Глеам на Милан фановите оваа година имаа доста инциденти, фрки со ајакс, со џандари, знам и со Верона првата утакмица имаше проблеми доста.
Што се однесува до навивање/кореографии и тн, искрено на Интер и на Милан ултрасите се подобри од Јуве, додека пак овие имаат супер поддршка на гостувања, поради тоа што имаат најголема фан база у италија која им константно иде на гостувања и праи јака атмосфера.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 15:41 ---
Ги забораваш сицилијанците:)
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 16:07 ---
Лацио на утакмицава нема навивачи на Олимпико, не па надвор од Рим

Сакаше да каже од околината на Рим, ти не го свати:ROFLMAO:
 
Италијанските навивачки песни имаат тежина, порака, мисла....јаки се, нема муабет...додека пак Британциве си играат курташак. Хис Нејм ис Лукас, Хис секонд нејм из Леива...дец вај ви лајк хим ин фект ви факинг лав хим:facepalm:

Не дека сите се вакви ама во глобала тоа е тоа....
Не разбирам нешто многу Италијански али имам дома помош и замарам да ми преведуваат плус имам и другар што доста ги прати Рома и имам зборено на темава. Барем, мое мислење е тоа.

By Far the greatest team, the world has ever seen...and it's Liverpool/Arsenal/Tottenham.....
O when the Reds/Spurs/Saints go marching in.....

Веројатно има вакви копирања и во Италија али не сум запознает.

Нецелосен офтопик :)
 
Не ми се јасни овие навивачиве на рома. Толку ли комплекси имате, и еедно прашање луѓето само што живеат во Рим треба да навиваат за тимот од тој град? Го правите Лацио расистички тим а вие тука на форумов омаложувате луѓе според местото на живеење и нивниот начин на живот. Јас се гордеам со тоа што Лацио има навивачи и надвор од Рим.

доколку го исмејувам вашиот тим не значи дека имам комплекс од истиот:)
Еве споредба како беше посетен Олимпико на двата 1/8 финални дуели на римските екипи, мислам дека е срамно, паралелно со тоа и смешно е што беше волку празен Олимпико вчера, затоа и ја пишав таа информација за посетеноста
qobs3o.jpg


Ти биди си горд што некои провинции на Рим навиваат за твојот клуб, а јас сум горд што 2/3 од Рим живее за Рома и што скоро во секоја земја во светот Рома има фан клуб:)
 
Италијанските навивачки песни имаат тежина, порака, мисла....јаки се, нема муабет...додека пак Британциве си играат курташак. Хис Нејм ис Лукас, Хис секонд нејм из Леива...дец вај ви лајк хим ин фект ви факинг лав хим:facepalm:

Не дека сите се вакви ама во глобала тоа е тоа....
Не разбирам нешто многу Италијански али имам дома помош и замарам да ми преведуваат плус имам и другар што доста ги прати Рома и имам зборено на темава. Барем, мое мислење е тоа.

By Far the greatest team, the world has ever seen...and it's Liverpool/Arsenal/Tottenham.....
O when the Reds/Spurs/Saints go marching in.....

Веројатно има вакви копирања и во Италија али не сум запознает.

Нецелосен офтопик :)

Ретко се скандира во Италија за навивачите. Единствено вакво скандирање може да видиш во следниов контекст.

На натпреварот Јувентус-Удинезе децата под 12 години кои беа на трибините на секое уфрлување на топката од страна на голманот на Удинезе извикуваа "Merda" што во превод значи г*мно. Вакви слични скандирања на играчи често има, ама ретко со нивните вистински имиња :D

Иначе ретко има исто така и вакви песни како во Англија. Многу почесто можеш да ги слушнеш навивачите како ја пеат песната на сопствениот тим или дури најмногу во Италија навивачите се изразуваат преку неверојатните кореографии и натписи. Исто така почесто наместо скандирање за сопствениот тим, ќе сретнеш навреди за противниците. Наполи на 90% од гостувањата се територијално дискриминирани и се исмеваат во врска со нивниот град.

Многу често на натпреварите од Милан може ја сретнеш паролата il club piu titolato al mondo(најтрофејниот клуб на светот), навивачите на Интер дефинитивно најгорди се со noi in seria b mai siamo stati(никогаш не сме биле во сериа б), а пак навивачите на Јуве во последно време посебно на натпреварите против Интер, Милан, Наполи (дури и ако губат иако ретко тоа :P ) почнуваат со потсетувањето дека il campioni dell'italia siamo noi, siamo noiii.. (ние сме шампиони на Италија...)

Во секој случај ова што се случува сега е нула во споредба со натпреварите порано кога од петардите и слични пиротехнички средства мечот до 15тата минута не се гледаше од малите екрани во буквална смисла.
 
Сиени ги отворија у Судиско Катанија, 2 гола - 2 минути, 1-4.
Од куп испаднаа, како им тргнало и од лига ќе идат аут.

Напред Специја, Напред Леали! :vozbud: :D
 
Ретко се скандира во Италија за навивачите. Единствено вакво скандирање може да видиш во следниов контекст.

На натпреварот Јувентус-Удинезе децата под 12 години кои беа на трибините на секое уфрлување на топката од страна на голманот на Удинезе извикуваа "Merda" што во превод значи г*мно. Вакви слични скандирања на играчи често има, ама ретко со нивните вистински имиња :D

Иначе ретко има исто така и вакви песни како во Англија. Многу почесто можеш да ги слушнеш навивачите како ја пеат песната на сопствениот тим или дури најмногу во Италија навивачите се изразуваат преку неверојатните кореографии и натписи. Исто така почесто наместо скандирање за сопствениот тим, ќе сретнеш навреди за противниците. Наполи на 90% од гостувањата се територијално дискриминирани и се исмеваат во врска со нивниот град.

Многу често на натпреварите од Милан може ја сретнеш паролата il club piu titolato al mondo(најтрофејниот клуб на светот), навивачите на Интер дефинитивно најгорди се со noi in seria b mai siamo stati(никогаш не сме биле во сериа б), а пак навивачите на Јуве во последно време посебно на натпреварите против Интер, Милан, Наполи (дури и ако губат иако ретко тоа :P ) почнуваат со потсетувањето дека il campioni dell'italia siamo noi, siamo noiii.. (ние сме шампиони на Италија...)

Во секој случај ова што се случува сега е нула во споредба со натпреварите порано кога од петардите и слични пиротехнички средства мечот до 15тата минута не се гледаше од малите екрани во буквална смисла.


Има скандирања и има песни, сеа ти најде милан/интер/јуве да ги збориш тоа е друго. Али погледни ги торино, верона, наполи, рома, лацио. Се пее(поретко тоа е факт), најчесто се тоа повеќе скандирања отколку песни (Forza lazio facci un gol(пример), Forza lotta vincerai (милан) и така натаму.
Нема премногу долги песни што се пеат на трибините, ко на пример у Полска,Грчка,Турција,Русија,Србија. Плус, не сме многу у можност да збориме за атмосферата на трибините бидејќи неможеш да го осетиш оној филинг од малите екрани, башка и стадионите им се катастрофа.А и она по што се разликуваат италијанските ултраси од оние од погореспоменатите земји, е тоа што овие идат за да навиваат, да гледаат фудбал и нормално да допринесат да расте тимот и да дојде до победа. А овие од балканот,Полска,Грчка и истите такви, реално 90% од тие ултраси идат таму за да се пцујат,тепаат,кршат и да си мерат к*р, едноставно да се фураат. Плус у Италија многу малце се знае за ултрасите, бидејќи покрај репресиите, они се придржуваат до оној нивен навијачки код. Ретко има официјални клипови од навивањето на јутуб, бидејќи они не го праат тоа за да ги има таму ко на овие простори што се праи. Ама искрено - најдобри кореографии вадат, нема тука што.
--- надополнето: 15 јануари 2014 во 18:29 ---
 
Се разиграа миланезите да си ебат пиперот.

Еве 2-0 на полувреме во Милано против power house-от Специја.

Ќе ги биде, веднаш се гледа.
 
Како се пее на гостување на Курва Суд во Верона, 1/4 од стадионот полн со романисти:pipi:
еве други гостувања
тука ги имате најубавите кореографии на Курва Суд Рома, а во позадина одат песни кои се пејат на трибина
 
Милан сериозно е решен да го освојува купот годинава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom