Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?

  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
А што е добар тренер? Само тој што освојувал (многу) титули? Што е со правење на играчи?
А што е со тренери романтичари (не се мисли на тренери на Раборнички :))?

Не секој тренер може да добие шанса во голем клуб, не секој може да добие шанса во вистинско време во голем клуб за да покаже целосно што знае (кога е во прашање начин на игра и освојување титули).

Дали Прандели е во топ3 воопшто не е важно. Тој е добар тренер, далеку од Капело, Липи или Анчелоти (според некое мое гледање на тоа каков фудбал играле нивните тимови, некоја нивна тактичка мудрост, колку нивните тимови биле организирани, колку сложен систем на игра имале, колку ваделе максимум од фудбалери и др), но постигна добар успех и со Фиорентина и со Италија (и претходно во кариерата знаел да заврши добра работа). Изгуби од Шпанија, навистина лошо, но претходно во полуфинале ја победи Германија, претходно ја надигра Англија, помина тешка група, а во иста таа група Италија одигра многу добар натпревар со Шпанија.

Не се сложувам дека имал просеци фудбалери на располагање. Впрочем, таа етикета просек во последно време на форумов многу лесно се лепи. Како просек е етикетиран секој што не е меѓу најдобрите фудбалери во свет. Пирло (тогаш во одлична форма, таа сезона беше меѓу најдобрите фудбалери во свет), Касано, Маркизио (исто многу добра сезона позади него, не за џабе стигнуваа огромни понуди за него), Балотели, Барзаљи (феноменална сезона позади него), Киелини... ова не се просечни фудбалери, а и доколку некој од нив и е, тогаш имал надпросечна сезона позади него... и само Барзаљи е таков, другите се сите квалитетни фудбалери кои можат да играат без проблем во сите големи клубови... И Монтоливо имаше солидна минутажа, тој е омразен тука, но далеку е од Ночерино (кој барем погоди пенал :)).
--- надополнето: 19 декември 2013 во 03:18 ---

Што може да збориме за Мојс, кога уште Англија не е освестена дека Фергусон не е на клупа, уште владее шок во клубот, се приметува тоа. Уште се навикнуваат едни на други, нека помине некое време па ке судиме, премногу е рано.

Како за Боаш што се крена галама... Секаде се збореше за тоа фудбалско чудо, екипите се тепаа за него, сите паѓаа во несвест, а како поминува време се повеќе разочарува. Тој барем имаше добри услови да покаже што знае. Па и Конте и Алегри немале такви услови.

А што правиме со тренер на голем клуб, кој не може да помине група во ЛШ? Дали првата му се погоди, а сега се видоа неговите ’провинциски тактички квалитети’. Прва сезона во ЛШ слаб, раштиман Челзи, потоа Селтик, па не можела да дојде до израз неговата провинциска ограниченост и дека не е за европски фудбал?

Не го мислам баш ова за Конте, иако е интересно за дискусија, но не ти се добри аргументите. И веќе ако збориме за таа сезона, тогаш голот на Мунтари, хахах... се зафркавам... ако зборуваме за таа сезона, Алегри на Сан Сиро го растури Конте иако имаше битни повредени/казнени фудбалери. И потоа нивните дуели бе интересни иако, Јуве имал подобри фудбалери. Но, не е важен Алегри, нека е и никаков тренер, погрешна логика применуваш.

П.С. Кога сме кај тренери и тоа како се примени помеѓу фудбалската публика... Мене многу ми е интересно што некои тренери постојано се критикуваат, а кон некои секогаш постои одушевување. На пример Клоп, не памтам дека после финалето со Баерн имаше негативни критики на форумов за него. А мислам дека заслужи, не ми е јасно како му се случија некои пропусти. Тој натпревар требаше да биде круна на неговата дотогашна многу добра работа...

Ако тоа на Сан Сиро беше 'растурање', тогаш што треба да се каже за лекцијата што му ја одржа Конте на Алегри во Торино, таму негде на почетокот, м? :)
Ајде донекаде да те сфатам да го критикуваш Конте за неуспехот во Европа, ама па во Серија А?
Многумина од вас заборавате какви ви беа коментарите за тимот на Јуве во првата сезона, и дека го сместувавте на 5-6-7 место, со изговор дека имаат смешен тим. И сега одеднаш, еј, Јуве имал подобри фудбалери? Како тоа? :D
 
Само во ваш фан клуб имам неколку пати напишано дека Конте има големи заслуги за тој натпрвар т.е. дека го доби натпреварот. Тогаш и почна да игра со Маркизио-Пирло-Видал во средина. А како имал (по)добри фудбалери? Па излезе дека имал, башка и огромен број на повредите на Милан, плус казните за Ибра...

Но, не ми беше муабет за тоа каков е Конте, посебно не сакав да му го негирам успехот во Италија (затоа и провоцирав со ’провинциски’ :)), сакав само да укажам дека се извадија погрешни аргументи. Мое мислење за Конте засега е позитивно, но само доколку ова не е неговиот максимум, ако ова се неговите граници, тогаш е друг муабет. А што е плачко и што ми оди на нерви си е мој проблем... :)

П.С. Што мислиш, дали Конте ќе си отиде од Јуве некаде за максимум две сезони, доколку не му направат тим за да освои ЛШ, а тешко дека ќе направат? Јас мислам дека ќе сака да се докаже надвор од Италија, да направи нешто и во ЛШ, а за него ќе има заинтересирани клубови...
 
Мондонико немој да ми реплицираш, пошто собрав доволно допаѓања што го потврдува моето мислење како позитивно (y) Иначе да, зборам за моменталните тренери, кои се активни во овој момент. Не зборам за нешто пред 10,20,30 год. Секогаш е потешко послеб тим да го издигнеш и да ми дадеш некој идентитет, одколку тим кај што се Меси, Рибери, Роналдо.... Да не сакаш да ми кажеш дека Блан или Пелегрини се подобри тренери од Прандели?

Ќе ти кажев нешто за лајковите, ама ајде не се симнувам долу. Не е тоа поентата.

Како прво кога кажуваш нешто треба да потенцираш дека мислиш на моменталните тренери и тоа во Италија(Сериа А), затоа што сите великани-тренери италјанци и натаму се активни и срамота е да ги ставаш во исти кош со Прандели. Чисто убаво прочитај го дечкото што ми реплицира погоре, посебно во првиот дел од постот убаво кажува за тоа како репрезентативците на Италија беа потценети, така да ви паѓа во вода тоа дека "ги кренал" од нула. Италија во 2012 имаше квалитетна репрезентација на ростер, истото важи и за оваа 2013, а истото ќе важи и за 2014. Тоа што вие ја потценувате Италија и што ги потценувате апетитите (како речениците " Добро е второ место на европско и трето на Куп на Конфедерации") е комплетно ваш проблем.

Да резимирам. Прандели јас не го сметам за неквалитетен тренер генерално, баш напротив одличен беше во Фиорентина. Но тоа е тоа. Максимумот него му е тоа. Јас го сметам за неспособен да води клуб или репрезентација чија цел е највисок дострел (значи прво место и ништо друго) и како аргументи за тоа ти ги наведувам фијаското на ЕП 2012 и 8те примени голови во групите на Купот на Конфедерациите и тоа се заради инаетот да игра со 4ка одбрана која што и слеп ќе видеше дека ја отвара Италија како паштета. Три пати играше Италија против Шпанија за 1 година. Два пати одигра израмнети натпревари (да запаметиме против тим барем 3 пати подобар од фудбалски аспект) и еднаш беше торпедирана 4-0 со можност за повеќе. Чудна случајност се и 4те гола од Бразил и уште најчудна случајност е тоа што во "4ките" од Шпанија и Бразил играше со 4-3-1-2, а во оние натпревари каде што против Шпанија (посебно оваа година на Купот на Кофедерациите) беше подобар противник и не се бранеше цел натпревар туку играше на рамна нога играше со 3-5-2 или 3-4-2-1 формација. Дури и со неспособниот Џилардино во нападот. Да не почнам да зборувам и за другите предности кои ги нуди формацијата со тројка во одбрана, пред се заради играчите како Маџо, Џакерини и слични затоа што ќе ми требаат 2 поста. А реално тоа не е тема на дискусија за овде. Доволно е од мене, добро е што ве размрдав малку (y)
--- надополнето: 19 декември 2013 во 16:27 ---
@Hm_Hm

Се согласувам со добар дел од постот, посебно со тоа што Италија беше многу потценета како репрезентација во 2012. Сакав само да ти се надоврзам за Алегри и првиот натпревар од 11/12 сезоната меѓу Јуве и Милан но ти одговорија веќе. Конте буквално сам го доби тој натпревар. Него, споменувајќи го Ибра баш ме наведе за Алегри една реченица. Првиот тренер кој не успеа да освои национално првенство со Ибра во тимот и покрај тоа што се живо и диво растури таа сезона. Од тогаш натаму Алегри докажува од што е направен.
 
Само во ваш фан клуб имам неколку пати напишано дека Конте има големи заслуги за тој натпрвар т.е. дека го доби натпреварот. Тогаш и почна да игра со Маркизио-Пирло-Видал во средина. А како имал (по)добри фудбалери? Па излезе дека имал, башка и огромен број на повредите на Милан, плус казните за Ибра...

Но, не ми беше муабет за тоа каков е Конте, посебно не сакав да му го негирам успехот во Италија (затоа и провоцирав со ’провинциски’ :)), сакав само да укажам дека се извадија погрешни аргументи. Мое мислење за Конте засега е позитивно, но само доколку ова не е неговиот максимум, ако ова се неговите граници, тогаш е друг муабет. А што е плачко и што ми оди на нерви си е мој проблем... :)

П.С. Што мислиш, дали Конте ќе си отиде од Јуве некаде за максимум две сезони, доколку не му направат тим за да освои ЛШ, а тешко дека ќе направат? Јас мислам дека ќе сака да се докаже надвор од Италија, да направи нешто и во ЛШ, а за него ќе има заинтересирани клубови...

А зошто излезе дека имал? Каде беа Маркисио и Видал пред Конте? Пирло сами си го отфрливте, дојде во Јуве, Конте пак го врати на светско ниво. Овие играчи се се заслуга на Конте, да не беше он, немаше сега да бидат на светско ниво. Ама на почеток на таа сезона никој не ги ни приметуваше, сите мислеа дека се материјал за 6-7 место, да не се повторувам, ги знаеме муабетите. За разлика од Милан, што сите знаеја со какви играчи располага и важеше за најсилен. Пред некое време некој стави извадок од тоа што се пишувало во темата од таа сезона, па излезе дека и играчите на Интер биле подобри од играчите на Јуве.

Е сега, факт е дека овој тим на Јуве е граден за 3-5-2. Така да, тие што го критикуваат што ја користи оваа формација, незнам дали се свесни за тоа. Значи ако се постави во друга формација, фалат многу играчи, и им се намалува ефективноста со тоа што се ставаат на неприродни позиции на веке постоечките. Значи донекаде е ограничен и таму.( Не дека го бранам, и јас многу го критикував на натпреварите со Баерн, посебно првиот)

Незнам дали ке си оди, само знам дека човекот дише за овој клуб, многу ретко можеш да видеш тренер буквално да плаче од нервоза.
Јасно ми е сепак дека во денешно време тоа игра малку улога, парата е битна денес, па и трофеите, ама па кај друго ретко го има тој фактор на љубов кон клубот, кај него го има и може само да помогне да остане што повеке.
 
Но, Конте вадеше максимум од Пирло, Видал, Киелини, Маркизио, Вучиниќ, Барзаљи. А Алегри беше оставен еден период без Тиаго Силва и Ибрахимовиќ, посебно првиот го немаше подолг период во клучен дел од сезоната, а да и Боатенг беше повреден некое време, а Касано имаше проблеми и не играше од декември. Па мораше да вади максимум од Емануелсон (играше како треквартиста, па и на тој натпревар со Јуве), Мунтари, Антонини, Бонера, Фламини (или и овој беше повреден скоро цела сезона?), Макси Лопез. Ако веќе Робињо и Ван Бомел ги ставиме дека можеле да конкурираат на набројаните фудбалери на Јуве. Заборавив и Аквилани од јануари не играше, што поради повреди, а што поради тоа да не ја исполни квотата на изиграни натпревари, после која што Милан ќе мораше да го купи. Мораше Меркел да го враќаат, за да се прикрпи барем нешто во средина, па и тој скрши нога, па на крај му се радувавме на Мунтари, е до толку бил Милан играчки добар. Во цела втора полусезона, во средина само Ван Бомел беше ’нормален’ фудбалер, Сидорф веќе беше многу слаб. Остануваше се на Ибрахимовиќ, кој имаше мала повреда и суспензија за шамари, пцуење, а веќе Тиаго Силва се повреди, па и дефанизвно се појавија поголеми проблеми.

Добро, не му го негирам успехот, и покрај судиските грешеки :), но во огромен дел заслужен, па и да не освоеше Јуве титула, пак ќе останеше дека Конте завршил одлична работа. Но, далеку од тоа дека Милан бил играчки супериорен, посебно кога зачестија повредите.

А што се пишувало на форумов? Па се пишуваше и дека лани Милан ќе се бори за опстанок. :)
 
Прво Видал си беше играч и во Леверкузен....само дојде во поголем клуб и доби можност да се докажува на висико ниво...

За Пирло...Милан не го отфрли Пирло...на Пирло му беше понуден нов договор...Пирло го одби тој договор бидејќи беше незадоволен од помалата плата што му беше понудена....А милан секако немаше да понуди повеќе на играч што веќе две сезони беше тиња....
 
Зошто да не може Конте да игра друга формација освен 352 ?

Еве ти одлична 4-3-3.
Џиџи
Лиш Барѕа Бон Киел
Видал Пирло Маркизио
Тевез Љоренте Вучко/Џо.
 
Него, споменувајќи го Ибра баш ме наведе за Алегри една реченица. Првиот тренер кој не успеа да освои национално првенство со Ибра во тимот и покрај тоа што се живо и диво растури таа сезона. Од тогаш натаму Алегри докажува од што е направен.

Тоа што не успеал да освои титула со Ибра е повеќе за ’Политикин забавник’... Интересен факт, кој служи повеќе за разонода, за квиз, но не помага многу при некаква посериозна фудбалска анализа.

И не се сложувам дека од тогаш се му тргнало на полошо. Па претходната сезона му беше добра, некои велат подобра и од 2010/11. Најмногу пофалби тој и доби за тоа што го направи минатата сезона (новинари, тренери, поранешни фудбалери).

Е, сезонава веќе е друг муабет, ова е убедливо негова најлоша сезона не само во Милан, туку општо во Сериа А. Ќе му биде и последна во Милан, па баш ме интересира како ке се снајде понатаму на друго место, со Закерони се фаворити за наследници на Прандели, ништо чудно да го изберат.
 
Прво Видал си беше играч и во Леверкузен....само дојде во поголем клуб и доби можност да се докажува на висико ниво...

За Пирло...Милан не го отфрли Пирло...на Пирло му беше понуден нов договор...Пирло го одби тој договор бидејќи беше незадоволен од помалата плата што му беше понудена....А милан секако немаше да понуди повеќе на играч што веќе две сезони беше тиња....

Ај доискажи се за Пирло, не останувај на тоа само дека нејќел помала плата и дека последните 2 сезони бил тиња...

Самиот Пирло имаше изјавено дека само заради Алегри одлучил да си иде од Милан поради тоа што не го играл на неговата природна позиција, централно во средниот ред, туку го терал да игра лево/десно, нешто што у никој случај не му одговара на плејмејкер како Пирло...
Ај стај го Снајдер крило на пример?
 
Да де ради Алегри си отишол...нема врска тоа... си играше он централно...едино изигра неколку натпревари на лево/десно и тоа само 1 полусезона откако дојде Бомел... а тој и пред тоа ги одолвлекуваше преговорите и нејкеше да продолжи за таа плата...Имаше поголема понуда од Јувентус и затоа отиде таму...нека не мрси муда си отишол ради алегри... Тоа изјава му е да не испадне лош Пред навивачите на Милан и да си помине полесно со трансфенсверот во јувентус.... Ама џабе му е ...После Биографијата која ја издаде на сите ни стана јасно што кретен е Пирло...
 
Зошто да не може Конте да игра друга формација освен 352 ?

Еве ти одлична 4-3-3.
Џиџи
Лиш Барѕа Бон Киел
Видал Пирло Маркизио
Тевез Љоренте Вучко/Џо.

Зборев за претходните сезони, кога ги немаше ниту Тевез, ниту Љоренте, а првата сезона ниту Џовинко.
А јас сум апсолутно против овој состав. Едно е што Киелини според мене неможе да игра лев бек, се виде тоа и на европското, а друго е колку ке бидат ефективни во одбрана по таа иста страна Вучинич/Џовинко, со оглед на мрзливоста на црногорецот, а Џовинко незнам колку може да придонесе во одбрана да бидам искрен.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 18:05 ---
Да де ради Алегри си отишол...нема врска тоа... си играше он централно...едино изигра неколку натпревари на лево/десно и тоа само 1 полусезона откако дојде Бомел... а тој и пред тоа ги одолвлекуваше преговорите и нејкеше да продолжи за таа плата...Имаше поголема понуда од Јувентус и затоа отиде таму...нека не мрси муда си отишол ради алегри... Тоа изјава му е да не испадне лош Пред навивачите на Милан и да си помине полесно со трансфенсверот во јувентус.... Ама џабе му е ...После Биографијата која ја издаде на сите ни стана јасно што кретен е Пирло...

Што имало во биографијата?
Искрено не ми ни е гајле зошто си отишол, факт е дека со Алегри не достигна ни 1 посто(во индивидуално ниво на игра зборам), за разлика од тоа што го постигна со Конте.
А за пари да отишол, не ми се верува. Сите знаат колку мали плати се земаат во Јуве откога дојде новата управа и чисто сумњам дека немал некоја друго поголема понуда.
--- надополнето: 19 декември 2013 во 18:06 ---
Но, Конте вадеше максимум од Пирло, Видал, Киелини, Маркизио, Вучиниќ, Барзаљи. А Алегри беше оставен еден период без Тиаго Силва и Ибрахимовиќ, посебно првиот го немаше подолг период во клучен дел од сезоната, а да и Боатенг беше повреден некое време, а Касано имаше проблеми и не играше од декември. Па мораше да вади максимум од Емануелсон (играше како треквартиста, па и на тој натпревар со Јуве), Мунтари, Антонини, Бонера, Фламини (или и овој беше повреден скоро цела сезона?), Макси Лопез. Ако веќе Робињо и Ван Бомел ги ставиме дека можеле да конкурираат на набројаните фудбалери на Јуве. Заборавив и Аквилани од јануари не играше, што поради повреди, а што поради тоа да не ја исполни квотата на изиграни натпревари, после која што Милан ќе мораше да го купи. Мораше Меркел да го враќаат, за да се прикрпи барем нешто во средина, па и тој скрши нога, па на крај му се радувавме на Мунтари, е до толку бил Милан играчки добар. Во цела втора полусезона, во средина само Ван Бомел беше ’нормален’ фудбалер, Сидорф веќе беше многу слаб. Остануваше се на Ибрахимовиќ, кој имаше мала повреда и суспензија за шамари, пцуење, а веќе Тиаго Силва се повреди, па и дефанизвно се појавија поголеми проблеми.

Добро, не му го негирам успехот, и покрај судиските грешеки :), но во огромен дел заслужен, па и да не освоеше Јуве титула, пак ќе останеше дека Конте завршил одлична работа. Но, далеку од тоа дека Милан бил играчки супериорен, посебно кога зачестија повредите.

А што се пишувало на форумов? Па се пишуваше и дека лани Милан ќе се бори за опстанок. :)

Конте исто така вадеше максимум од Џакерини, Пепе, Естигарибија, Падоин, Пациенца, Де Чеље, Мароне, не ги заборавај и нив. :)
А за тоа дека Милан ке се бореле за опстанок, јасно е дека тоа се зебанции, колку и да е Милан слаб, неможе да се бори за опстанок лол.
Туку тоа што се пишуваше, да не барам сега, како Камбиасо бил измислен за Видал или нешто слично :pos:, тоа беа сериозни муабети. :)
 
Конте исто така вадеше максимум од Џакерини, Пепе, Естигарибија, Падоин, Пациенца, Де Чеље, Мароне, не ги заборавај и нив. :)

Да, но овие фудбалери требаше да се вклопат покрај оние погоре. А Јуве немаше проблеми со повреди, па Пациенца и Мароне немаше потреба ни да играат во средина. Не сум сигурен дали на три натпревари Пациенца играше како стартер, памтам еден куп и еден лигашки натпревар.

Додека овие во Јуве беа само едно мало надополнување, во Милан, поради причините кои ги набројав во другите коментари, мораше да понесат поголем терет.

Се мислев цело време кој беше стандарден во средина кога дојде Мунтари, покрај него и Ван Бомел, заборавив дека тоа беше Ночерино. :) Замисли средина Мунтари (само што пристигнал од Интер каде воопшто не играше)-Ван Бомел-Ночерино, повредени Силва, Боатенг, Аквилани, Касано, плус неколку клучни натпревари без Ибрахимовиќ. А во Јуве средина Маркизио-Пирло-Видал, супер одбрана, со ретки повреди.

П.С. Добро за опстанок било зафрканицја, но никој не очекуваше место во ЛШ, дури и во ЛЕ.
 
Па и не би рекол баш дека само беа надополнување. Пепе и Џакерини беа прилично стандардни, колку што можеа да бидат. Де Чеље исто, па и Естигарибија до некаде. Бориело вториот дел од сезоната имаше еден куп утакмици кај што стартуваше, а на клупа го држеше Алекс. :facepalm:

Не битно, повредите се составен дел од фудбалот, Јуве двете сезони кај што освои 7мо место беше бетер од Милан пред две сезони, али јебига, тоа е.

Алегри не е лош тренер, во ситуацијава со Милан, повеке вина имаат Галијани и Берлускони, што не му носат адекватни засилувања, па човекот се снаога со толку колку што може.

Али, мислам дека неможе да се споредува со Конте. Не дека е небо-земја, далеку од тоа, али мислам дека општо подобар тренер е Конте.
 
Ќе ти кажев нешто за лајковите, ама ајде не се симнувам долу. Не е тоа поентата.

Како прво кога кажуваш нешто треба да потенцираш дека мислиш на моменталните тренери и тоа во Италија(Сериа А), затоа што сите великани-тренери италјанци и натаму се активни и срамота е да ги ставаш во исти кош со Прандели. Чисто убаво прочитај го дечкото што ми реплицира погоре, посебно во првиот дел од постот убаво кажува за тоа како репрезентативците на Италија беа потценети, така да ви паѓа во вода тоа дека "ги кренал" од нула. Италија во 2012 имаше квалитетна репрезентација на ростер, истото важи и за оваа 2013, а истото ќе важи и за 2014. Тоа што вие ја потценувате Италија и што ги потценувате апетитите (како речениците " Добро е второ место на европско и трето на Куп на Конфедерации") е комплетно ваш проблем.

Да резимирам. Прандели јас не го сметам за неквалитетен тренер генерално, баш напротив одличен беше во Фиорентина. Но тоа е тоа. Максимумот него му е тоа. Јас го сметам за неспособен да води клуб или репрезентација чија цел е највисок дострел (значи прво место и ништо друго) и како аргументи за тоа ти ги наведувам фијаското на ЕП 2012 и 8те примени голови во групите на Купот на Конфедерациите и тоа се заради инаетот да игра со 4ка одбрана која што и слеп ќе видеше дека ја отвара Италија како паштета. Три пати играше Италија против Шпанија за 1 година. Два пати одигра израмнети натпревари (да запаметиме против тим барем 3 пати подобар од фудбалски аспект) и еднаш беше торпедирана 4-0 со можност за повеќе. Чудна случајност се и 4те гола од Бразил и уште најчудна случајност е тоа што во "4ките" од Шпанија и Бразил играше со 4-3-1-2, а во оние натпревари каде што против Шпанија (посебно оваа година на Купот на Кофедерациите) беше подобар противник и не се бранеше цел натпревар туку играше на рамна нога играше со 3-5-2 или 3-4-2-1 формација. Дури и со неспособниот Џилардино во нападот. Да не почнам да зборувам и за другите предности кои ги нуди формацијата со тројка во одбрана, пред се заради играчите како Маџо, Џакерини и слични затоа што ќе ми требаат 2 поста. А реално тоа не е тема на дискусија за овде. Доволно е од мене, добро е што ве размрдав малку (y)
--- надополнето: 19 декември 2013 во 16:27 ---
@Hm_Hm

Се согласувам со добар дел од постот, посебно со тоа што Италија беше многу потценета како репрезентација во 2012. Сакав само да ти се надоврзам за Алегри и првиот натпревар од 11/12 сезоната меѓу Јуве и Милан но ти одговорија веќе. Конте буквално сам го доби тој натпревар. Него, споменувајќи го Ибра баш ме наведе за Алегри една реченица. Првиот тренер кој не успеа да освои национално првенство со Ибра во тимот и покрај тоа што се живо и диво растури таа сезона. Од тогаш натаму Алегри докажува од што е направен.

Неможеш да знаеш кој муе максимумот ти кога Милан го бара да им биде тренер. Предходно кога беше во Фиорентина и Јувентус и Интер, не треси ти се молам глупости. Примил 8 гола, па што ако примил? репрезентација да составиш, да стои цврсто на нозе е многу тешко, поготово во ситуација во која беше Италија. И Мурињо прими 6 гола од Стоук и Сандерленд и што сега? Ти се молам, немој да зборуваш глупости
--- надополнето: 19 декември 2013 во 19:14 ---

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom