- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
А што е добар тренер? Само тој што освојувал (многу) титули? Што е со правење на играчи?
А што е со тренери романтичари (не се мисли на тренери на Раборнички)?
Не секој тренер може да добие шанса во голем клуб, не секој може да добие шанса во вистинско време во голем клуб за да покаже целосно што знае (кога е во прашање начин на игра и освојување титули).
Дали Прандели е во топ3 воопшто не е важно. Тој е добар тренер, далеку од Капело, Липи или Анчелоти (според некое мое гледање на тоа каков фудбал играле нивните тимови, некоја нивна тактичка мудрост, колку нивните тимови биле организирани, колку сложен систем на игра имале, колку ваделе максимум од фудбалери и др), но постигна добар успех и со Фиорентина и со Италија (и претходно во кариерата знаел да заврши добра работа). Изгуби од Шпанија, навистина лошо, но претходно во полуфинале ја победи Германија, претходно ја надигра Англија, помина тешка група, а во иста таа група Италија одигра многу добар натпревар со Шпанија.
Не се сложувам дека имал просеци фудбалери на располагање. Впрочем, таа етикета просек во последно време на форумов многу лесно се лепи. Како просек е етикетиран секој што не е меѓу најдобрите фудбалери во свет. Пирло (тогаш во одлична форма, таа сезона беше меѓу најдобрите фудбалери во свет), Касано, Маркизио (исто многу добра сезона позади него, не за џабе стигнуваа огромни понуди за него), Балотели, Барзаљи (феноменална сезона позади него), Киелини... ова не се просечни фудбалери, а и доколку некој од нив и е, тогаш имал надпросечна сезона позади него... и само Барзаљи е таков, другите се сите квалитетни фудбалери кои можат да играат без проблем во сите големи клубови... И Монтоливо имаше солидна минутажа, тој е омразен тука, но далеку е од Ночерино (кој барем погоди пенал).
--- надополнето: 19 декември 2013 во 03:18 ---
Што може да збориме за Мојс, кога уште Англија не е освестена дека Фергусон не е на клупа, уште владее шок во клубот, се приметува тоа. Уште се навикнуваат едни на други, нека помине некое време па ке судиме, премногу е рано.
Како за Боаш што се крена галама... Секаде се збореше за тоа фудбалско чудо, екипите се тепаа за него, сите паѓаа во несвест, а како поминува време се повеќе разочарува. Тој барем имаше добри услови да покаже што знае. Па и Конте и Алегри немале такви услови.
А што правиме со тренер на голем клуб, кој не може да помине група во ЛШ? Дали првата му се погоди, а сега се видоа неговите ’провинциски тактички квалитети’. Прва сезона во ЛШ слаб, раштиман Челзи, потоа Селтик, па не можела да дојде до израз неговата провинциска ограниченост и дека не е за европски фудбал?
Не го мислам баш ова за Конте, иако е интересно за дискусија, но не ти се добри аргументите. И веќе ако збориме за таа сезона, тогаш голот на Мунтари, хахах... се зафркавам... ако зборуваме за таа сезона, Алегри на Сан Сиро го растури Конте иако имаше битни повредени/казнени фудбалери. И потоа нивните дуели бе интересни иако, Јуве имал подобри фудбалери. Но, не е важен Алегри, нека е и никаков тренер, погрешна логика применуваш.
П.С. Кога сме кај тренери и тоа како се примени помеѓу фудбалската публика... Мене многу ми е интересно што некои тренери постојано се критикуваат, а кон некои секогаш постои одушевување. На пример Клоп, не памтам дека после финалето со Баерн имаше негативни критики на форумов за него. А мислам дека заслужи, не ми е јасно како му се случија некои пропусти. Тој натпревар требаше да биде круна на неговата дотогашна многу добра работа...
Ако тоа на Сан Сиро беше 'растурање', тогаш што треба да се каже за лекцијата што му ја одржа Конте на Алегри во Торино, таму негде на почетокот, м?

Ајде донекаде да те сфатам да го критикуваш Конте за неуспехот во Европа, ама па во Серија А?
Многумина од вас заборавате какви ви беа коментарите за тимот на Јуве во првата сезона, и дека го сместувавте на 5-6-7 место, со изговор дека имаат смешен тим. И сега одеднаш, еј, Јуве имал подобри фудбалери? Како тоа?
