Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
malesani.bmp


Малеѕани :LOL:
 
Дупете го вие, ама Малезани си има Куп на УЕФА со Парма.

Него го имаше некој постирано ова...? Роки Балбоа :cuc:


Шо да се речи се гледа дека го сака топката :D
 
Не мора да бидеш Интераш за да кажеш дека Мурињо е во топ 5 тренери во светот.

Не сакав да го кажам тоа, туку бидејќи вие при секоја најмала дискусија за Мурињо и тренери се јавувате како јас мал на "точно време" кога ѕвонував. Ете според мене не е во топ 5 последните 10-20 години. Ама тоа не е важно и е дискусија на друга тема.

Ај да не ги цитирам сите, само едно да забележам. Оваа "меѓу најдобрите во Италија" е толку лоша категорија што секој може да си ја толкува како сака. Како мислите меѓу најдобрите во Италија? Отсекогаш? Последните 20 год? Од моменталните? Стварно не можам да си објаснам. Срамота е Италија која ги има најголемите тренерски имиња во историјата на фудбалот да споменувате некој си Прандели овде.Ако мислите на моменталните што се тренери во Италија (што би немало логика) тогаш можеби ќе влезе во топ 10. Но замислете дека во тој случај го споредувате со доста слаба и мала маса.

Инаку да се разбереме, НИКОГАШ не сум рекол дека Прандели е слаб тренер генерално. Многу го почитував додека беше тренер на Фиорентина. Тој е идеален за тим од средна класа или малку пониско. Ама реално со Италија докажа дека ја нема големината. Во финале не може 4-0 да изгубиш. И да @Boom Shaka Lakka тој е директен кривец за фијаското на Италија во финалето на ЕП 2012. Доказ за тоа се другите два натпревари одиграни против Шпанија во рок од таа година и исто така 8 примени гола во групите на Купот на Конфедерациите.
 
Ако ти се изнасмеам може ќе се навредиш. Ама за ваква глупост реално нема што да те штедам...

:pos::pos: Прандели најдобар тренер во Италија, па од горе и топ 10 во Европа :vozbud::cuc::tapp:

Разбирам субјективност, ама ова твоето е бетер од Интерашите за Мурињо кога зборуваат. Тие барем имаат аргументи како Триплете, Порто и слични муабети.

Алоооо дечко ако си тука од 2013 и си начукал толку многу мислења за краток период и си нонстоп активен не мора да значи дека се разбираш до толку во фудбал. Немој Ајнштајн извини ако сум рекол нешто за што сигурно и други ќе се сложат, а тебе не ти се свиѓа зашто! И да, не ми требаат аргументи и докази да ти посочам, Прандели е во топ 3 во Италија и меѓу најдобрите 10 во Европа. Направи тим од Парма некаде 2003-2004, Фиорентина 3 пати ја носеше во топ 4 со просечен тим и обезбеди ЛШ. Италија со раштрафен тим ја донесе до финале.... Да го превземе Јувентус,Барса,Челзи...нормално дека и титули ќе освои. Ети ти аргументи фудбалски аналитичару!!!
 
Алоооо дечко ако си тука од 2013 и си начукал толку многу мислења за краток период и си нонстоп активен не мора да значи дека се разбираш до толку во фудбал. Немој Ајнштајн извини ако сум рекол нешто за што сигурно и други ќе се сложат, а тебе не ти се свиѓа зашто! И да, не ми требаат аргументи и докази да ти посочам, Прандели е во топ 3 во Италија и меѓу најдобрите 10 во Европа. Направи тим од Парма некаде 2003-2004, Фиорентина 3 пати ја носеше во топ 4 со просечен тим и обезбеди ЛШ. Италија со раштрафен тим ја донесе до финале.... Да го превземе Јувентус,Барса,Челзи...нормално дека и титули ќе освои. Ети ти аргументи фудбалски аналитичару!!!


Дрско! :D
 
Па нормално дека дрско, кога се прави дека ја оформил ФИФА и дека неговото мислење е мерило за денешниов Италијански фудбал!
 
Алоооо дечко ако си тука од 2013 и си начукал толку многу мислења за краток период и си нонстоп активен не мора да значи дека се разбираш до толку во фудбал. Немој Ајнштајн извини ако сум рекол нешто за што сигурно и други ќе се сложат, а тебе не ти се свиѓа зашто! И да, не ми требаат аргументи и докази да ти посочам, Прандели е во топ 3 во Италија и меѓу најдобрите 10 во Европа. Направи тим од Парма некаде 2003-2004, Фиорентина 3 пати ја носеше во топ 4 со просечен тим и обезбеди ЛШ. Италија со раштрафен тим ја донесе до финале.... Да го превземе Јувентус,Барса,Челзи...нормално дека и титули ќе освои. Ети ти аргументи фудбалски аналитичару!!!

Ова е аргумент? Така ти ги наречуваш аргументите? Реченицата кога ти почнува " Да го преземе" или "Ако го преземе"? Еве ти еден перфектен аргумент. Италија ја одведе до финале и таму загуби 4-0. Ова е аргумент, а не твоите нереални хипотези за тоа што и како би било. Прандели топ 3 во Италија? Не, искрено мислам дека се заебаваш со мене. На прва можам да ти набројам 7-8 поквалитетни тренери од него во последните 15тина години, ама џабе би било. Италија како нација какви тренери имала и има, буквално најквалитетните во светскиот фудбал што оставиле печат не само во Италија, туку и надвор од неа а ти овде ми велиш дека Прандели бил во топ 3. Враќајќи се на твојата претпоставка, не верувам дека не разбираш оти не е исто да си тренер на Фиорентина, Парма, Каљари и слични и на Јувентус, Милан, Интер и така натаму. Погледни го Мојс како пример во Англија како оди од среден кон голем тим, или пак уште подобро Алегри. Тој ги предводеше Каљари, отиде во Милан и таму се видоа сите негови тактички способности. Првата сезона му се погоди уште составот со квалитетните играчи и освои, но затоа во втората загуби од почетникот Јуве со огромни промени на чело со почетникот во голем клуб Конте. Уште еден пример ти е Дел Нери кој на почетокот на овој век чуда правеше со Киево во Италија и Сампдорија ги одведе до 4то место во 2010, дојде во Јуве и таму се виде каков материјал.
 
Ама чекај малце, цело време спомнуваш во последни 20 години, во последни 15 години, на кого му е гајле што се дешавало во последните 20 години??? Зборуваме за моменталната ситуација, а таа вели дека Прандели е во топ 5 италијански тренери во моментов. Ајде наброј ми 5 подобри од него и ќе го повлечам своето мислење веднаш.

Исто и за Мурињо гледам си ми спомнал нешто ко у стилу последните 20 години, не може Мурињо да се споредува на овој начин затоа што не е тренер 20 години. И да, Мур е во топ 3 тренери во светот последниве 10тина години, без никакви дилеми.
 
А што е добар тренер? Само тој што освојувал (многу) титули? Што е со правење на играчи?
А што е со тренери романтичари (не се мисли на тренери на Раборнички :))?

Не секој тренер може да добие шанса во голем клуб, не секој може да добие шанса во вистинско време во голем клуб за да покаже целосно што знае (кога е во прашање начин на игра и освојување титули).



Дали Прандели е во топ3 воопшто не е важно. Тој е добар тренер, далеку од Капело, Липи или Анчелоти (според некое мое гледање на тоа каков фудбал играле нивните тимови, некоја нивна тактичка мудрост, колку нивните тимови биле организирани, колку сложен систем на игра имале, колку ваделе максимум од фудбалери и др), но постигна добар успех и со Фиорентина и со Италија (и претходно во кариерата знаел да заврши добра работа). Изгуби од Шпанија, навистина лошо, но претходно во полуфинале ја победи Германија, претходно ја надигра Англија, помина тешка група, а во иста таа група Италија одигра многу добар натпревар со Шпанија.

Не се сложувам дека имал просеци фудбалери на располагање. Впрочем, таа етикета просек во последно време на форумов многу лесно се лепи. Како просек е етикетиран секој што не е меѓу најдобрите фудбалери во свет. Пирло (тогаш во одлична форма, таа сезона беше меѓу најдобрите фудбалери во свет), Касано, Маркизио (исто многу добра сезона позади него, не за џабе стигнуваа огромни понуди за него), Балотели, Барзаљи (феноменална сезона позади него), Киелини... ова не се просечни фудбалери, а и доколку некој од нив и е, тогаш имал надпросечна сезона позади него... и само Барзаљи е таков, другите се сите квалитетни фудбалери кои можат да играат без проблем во сите големи клубови... И Монтоливо имаше солидна минутажа, тој е омразен тука, но далеку е од Ночерино (кој барем погоди пенал :)).
--- надополнето: 19 декември 2013 во 03:18 ---
Враќајќи се на твојата претпоставка, не верувам дека не разбираш оти не е исто да си тренер на Фиорентина, Парма, Каљари и слични и на Јувентус, Милан, Интер и така натаму. Погледни го Мојс како пример во Англија како оди од среден кон голем тим, или пак уште подобро Алегри. Тој ги предводеше Каљари, отиде во Милан и таму се видоа сите негови тактички способности. Првата сезона му се погоди уште составот со квалитетните играчи и освои, но затоа во втората загуби од почетникот Јуве со огромни промени на чело со почетникот во голем клуб Конте. Уште еден пример ти е Дел Нери кој на почетокот на овој век чуда правеше со Киево во Италија и Сампдорија ги одведе до 4то место во 2010, дојде во Јуве и таму се виде каков материјал.



Што може да збориме за Мојс, кога уште Англија не е освестена дека Фергусон не е на клупа, уште владее шок во клубот, се приметува тоа. Уште се навикнуваат едни на други, нека помине некое време па ке судиме, премногу е рано.

Како за Боаш што се крена галама... Секаде се збореше за тоа фудбалско чудо, екипите се тепаа за него, сите паѓаа во несвест, а како поминува време се повеќе разочарува. Тој барем имаше добри услови да покаже што знае. Па и Конте и Алегри немале такви услови.

А што правиме со тренер на голем клуб, кој не може да помине група во ЛШ? Дали првата му се погоди, а сега се видоа неговите ’провинциски тактички квалитети’. Прва сезона во ЛШ слаб, раштиман Челзи, потоа Селтик, па не можела да дојде до израз неговата провинциска ограниченост и дека не е за европски фудбал?

Не го мислам баш ова за Конте, иако е интересно за дискусија, но не ти се добри аргументите. И веќе ако збориме за таа сезона, тогаш голот на Мунтари, хахах... се зафркавам... ако зборуваме за таа сезона, Алегри на Сан Сиро го растури Конте иако имаше битни повредени/казнени фудбалери. И потоа нивните дуели бе интересни иако, Јуве имал подобри фудбалери. Но, не е важен Алегри, нека е и никаков тренер, погрешна логика применуваш.



П.С. Кога сме кај тренери и тоа како се примени помеѓу фудбалската публика... Мене многу ми е интересно што некои тренери постојано се критикуваат, а кон некои секогаш постои одушевување. На пример Клоп, не памтам дека после финалето со Баерн имаше негативни критики на форумов за него. А мислам дека заслужи, не ми е јасно како му се случија некои пропусти. Тој натпревар требаше да биде круна на неговата дотогашна многу добра работа...
 
А иначе Фергусон во својата прва сезона освои Триплете со Јунајтед и подоцна со Шкотска го освои Светското првенство. (y)
 
Мондонико немој да ми реплицираш, пошто собрав доволно допаѓања што го потврдува моето мислење како позитивно (y) Иначе да, зборам за моменталните тренери, кои се активни во овој момент. Не зборам за нешто пред 10,20,30 год. Секогаш е потешко послеб тим да го издигнеш и да ми дадеш некој идентитет, одколку тим кај што се Меси, Рибери, Роналдо.... Да не сакаш да ми кажеш дека Блан или Пелегрини се подобри тренери од Прандели?
 
Мондонико немој да ми реплицираш, пошто собрав доволно допаѓања што го потврдува моето мислење како позитивно (y) Иначе да, зборам за моменталните тренери, кои се активни во овој момент. Не зборам за нешто пред 10,20,30 год. Секогаш е потешко послеб тим да го издигнеш и да ми дадеш некој идентитет, одколку тим кај што се Меси, Рибери, Роналдо.... Да не сакаш да ми кажеш дека Блан или Пелегрини се подобри тренери од Прандели?
Блан не ама Пелигрини и тоа како :)
 
^
Другар ај да не идаме до безкрај , но ако за Пелегрини и Блан ги земаме истите критериуми како за Прандели , и двајцата ке излезат дека се подобро . Зошто?
Пелегрини имаше супер резултати со Вилареал ги носеше во топ 4 , а и полуфинале од ЛШ .
Блан го направи шампион Бордо .........
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom