Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Инаку го прегледав стартот и тој си е чист црвен и 2 дена самица

BVWeIdAIcAA1vzb.jpg
 
Море лажењеееееее :pos:
Ни срам ни перде :)

1. Имате освоено 7 титули од 1995 наваму. Последниве две никој не ви ги спори. Значи 5 тутули се од 90-те наваму, без тоа што ви го одземаа поради местење. Значи тие се спорни, а правиме муабет за спорни титули.
2. Од тие 5 викаш дека само 2 пати сте биле во трка со Интер. Бујрум: 1996–97, 1997–98, 2001–02, 2002–03 6 бода,5 бода, 2 бода, 7 бода. Со пенали и офсајди низ цела сезона што ви се пуштани овде безброј пати. Тоа што Интер изгуби титула во последно коло не значи дека вие не добивавте гратиси. Јавна тајна беше, затоа и го јадевте подоцна :)
3. Најчиста титула ви е онаа од 1994 што ја освоивте со допинг. :cool:
4. Кога сте биле во трка со Милан пред 2003, а да сте победиле? Затоа тие не мрчат, никогаш не изгубиле титула од вас пред гол Ди Мунтари. Нити па Лацио.

Прегледај ги табелите малку и не лажи ги децава :love:

97, во ни еден момент не беа во трка со Интер. Остај ја ти табелата. цело време се бореа со Парма а Интер не ни беше блиску до титула. Во финишот на сезоната играа со Парма дома и на Парма им требаше победа за да избијат на табелата и имаа водство од 0-1 ама Јуве израмни и така остана прв на врвот на табелата. Одговорно тврдам дека Интер не беше во ниту една комбинација за титула.

98, спорен е мечот Јуве- Интер а не и сезоната. Сигурно Јуве не наместил Интер да изгуби дома од Бари и Филимон Масинга:pos:.

02, Интер водеше цела сезона и исто како 98ма не е Јуве крив што при 7 бода разлика на табела Интер изгуби со Аталанта, одигра нерешено со Киево и изгуби од Лацио.

03, цела сезона беше симултанка на Јуве, никој не можеше ни да го помириса првото место а не да се бори за него. Јуве ја освои титулата на 3-4 кола до крај и тоа со нерешено дома против Перуџа 2-2.

Одземените титули од 2005 и 2006 се во борба со Милан. Значи ни во овие сезони Интер не учествува во борба за титулата ни одблиску. Арно ама на некој му текнало дека откако се открива дека Јуве местел тие титули не треба да му припаднат на тимот со кој се бореле за титула туку на тимот кој од овие две заостанувал 30 тина бода. Многу бе местење е тоа да заостанеш 30 бода. Изгледа сакале тотално да ги понижат.

И што се однесува до првата титула, не е 1994 туку 1995 кога е прекината серијата на освојување титули на Милан. И кога сме кај допингот, до кај стигна Интер со лажните пасоши?:love:
 
Судиите колку што можат да ти помогнат и да ти прогледат низ прсти, толку може и да те закопат, тоа е факт. Колку многу примери има кога судиите судат офсајд а ситуацијата е чиста ко солза или не досудуват очигледен пенал, за подоцна истиот тој судија да се изглупира и да направи тежок фејл. Изглеа си играт курташак и сакат да бидат пишувани низ медиумите.
 
Пишав мислење и тоа огромно од кое може да произлезе многу подобра дискусија ако членовите сакаат ама тие пак си се фаќаат за офсајди/пенали/фаули.

А баш сакав да ја кренеме темава на малце повисоко ниво.
 
Пишав мислење и тоа огромно од кое може да произлезе многу подобра дискусија ако членовите сакаат ама тие пак си се фаќаат за офсајди/пенали/фаули.

А баш сакав да ја кренеме темава на малце повисоко ниво.

Ваквото препукување е во генот на оваа тема. :icon_lol:
 
Ваквото препукување е во генот на оваа тема. :icon_lol:
Станува досадно и понекогаш не е лошо да смениме и да подискутираме за други работи од Калчово.

За стадиони, младински школи еве за што сакате...
 
Станува досадно и понекогаш не е лошо да смениме и да подискутираме за други работи од Калчово.

За стадиони, младински школи еве за што сакате...


Дури сме кај младинските школи, едно време сакаа да направат серија а за младинци ама не знам што се случи со тој проект.
 
Дури сме кај младинските школи, едно време сакаа да направат серија а за младинци ама не знам што се случи со тој проект.
Некои кретени од федерација ги одбиваат предлозите цело време.

Е сеа ме чуди тоа што пола од претседателиве на клубовиве се у Федерација и пак не можат да усвојат никаков предлог за да се подобри лигава.

Знам дека Галијани е заменик-претседател и пак е немоќен.

Знае некој како идат работиве? Гласаат ли коа ќе дојде предлогов на маса или?

Middle Distance Runner ти сине знаеш ли кој ги одбива предлозиве цело време?

Само немој да ми кажеш дека е Галијани пошо он оддамна се залага за ова со младинциве ама изглеа е немоќен.
 
Кога сме кај младинците ги следи ли некој во Младинскa ЛШ

Чат пат јас ги следам во примавера, а не ми е јасно по кој критериум обезбедуваат настап во младинската лш?
 
Кога сме кај младинците ги следи ли некој во Младинскa ЛШ
Милан убедливо си ги исплеска Селтик додека Јуве мислам 2-2 со Копенхаген беше а за Наполи не знам, нив не ги приметив.

Добра работа е ова со ЛШ за младинците, си добиваат на искуство(какво такво) а и се среќаваат со различни стилови на фудбал.

Еве пример младинците на Милан имаат шанса да играат со познатите младински школи на Ајакс и Барса и сигурно тоа ќе им биде позитивно искуство.

Рома има добра младинска школа мислам и еве мислам дека Флоренци од таму го извадија и дечкото е супер.
Нека ме поправи некој ако грешам.
--- надополнето: 30 септември 2013 во 13:34 ---
Чат пат јас ги следам во примавера, а не ми е јасно по кој критериум обезбедуваат настап во младинската лш?
Екипите што играат во ЛШ од Серија А а годинава тоа се Милан,Јуве и Наполи им даваат можност на нивните млади екипи да играат во младинската ЛШ.

Исто така групите што ќе бидат извлечени во ЛШ важат и за младинците.
 
Чат пат јас ги следам во примавера, а не ми е јасно по кој критериум обезбедуваат настап во младинската лш?
Групите се сосема исти како и оргиналните..по тој концепт се..на пример во вторник играат милан и ајакс...исто така тогаш играат и младинците на милан и ајакс...по тој концепт е... А наполи мислам дека тепаше 1-0 со младинците на дортмунд
 
Наполи победи со 1-0 и имаше 10 црвени картони на тој натпревар :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom