Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
Не им правете муабет на фановиве што навиваат за англискиве тимови... коваат завера да прават разговори за некои шкљ тимови од Сериа А, само за да ни се одмаздат на нас фановите кои навиваме за Сандерленд


:coffee:
 
Не им правете муабет на фановиве што навиваат за англискиве тимови... коваат завера да прават разговори за некои шкљ тимови од Сериа А, само за да ни се одмаздат на нас фановите кои навиваме за Сандерленд


:coffee:

Само напред, кога "староседелците" не се заинтересирани за дискусија :LOL:
 
Не се залетувајте толку многу со Наполи, иако направија солиден тим, донесоа некои добри засилувања ама имаат ТИЊА од тренер, голем знак прашалник е како ќе го уигра тимот кој 4-5 години по ред фура формација со 3 во одбрана.. Дефитез се покажа како катастрофален тренер за италијанска лига, така да не очекувам некој бум од Наполи.

Јувентус е прв фаворит за титула тоа е несомнено, како негови конкуренти под дифолт ќе си бидат Интер, Милан и Наполи.. Фиорентина, Рома и Лацио ќе ``буткаат`` од позадина.

Ќе биде јака Серија А сезонава тоа е факт, Форца Интер.
 
Гласав нормално за Јуве, но сепак ќе кажам дека ќе биде до крајот неизвесно првенството.. Според мене најголемо изненадување ќе биде Парма, а не Наполи и Фиорентина.. Очекувам 15> пенали за Милан, Интер да биде под 10 место на табелата, тие што влегоа во Сериа А истите да се вратат назад и секако казна за Конте од 6 месеци бидејќи кога играл за Лече во 1989 наместил 3 утакмици ...

П.с Да разјаснам нешто : Ако не освои Јуве нема да биде наместено првенството, туку првенството ќе биде наместено ако освои Милан :D
 
Најверојатните стартни постави за сите екипи од лигата според Газета ..
Секако според досегашните трансфери,а ке има сигурно уште некој интересен трансфер :):)
calcio aa.jpg
 
По анкетава некако гледам многу ги фаворизирате Наполи... Јас искрено не очекувам многу од Наполи оваа сезона, дури мислам послаби се од лани. Анкетава како што веќе се имав изјаснето не ми штима некако, и мислам дека требало да се направи со некое друго поинтересно прашање, вака секој си гласа за тимот што навива, а не за тој што мисли дека ќе освои...
 
вака секој си гласа за тимот што навива, а не за тој што мисли дека ќе освои...

Епа зошто тогаш гласаше и ти за Рома?
Еве мене од Италија омилени ми се Рома, но гласав за Наполи дека ќе бидат шампиони, тоа е моето мислење.
 
Епа зошто тогаш гласаше и ти за Рома?
Еве мене од Италија омилени ми се Рома, но гласав за Наполи дека ќе бидат шампиони, тоа е моето мислење.

Истото важеше и за мене, под тоа секој си гласа за својот тим и јас се ставив во тоа секој... Чекај кажи ми нешто искрено, го мразиш Јувентус па за тоа гласаш за Наполи или навистина мислиш дека Наполи има шанси да освои ? :confused:
 
Не им правете муабет на фановиве што навиваат за англискиве тимови... коваат завера да прават разговори за некои шкљ тимови од Сериа А, само за да ни се одмаздат на нас фановите кои навиваме за Сандерленд


:coffee:
Катанија веќе 2 години ги симпатишам, само никад не сум фатил да пратам озбилно Серија А. Али да, тоа со Сандерленд има удел во мојата скорешна заинтересираност :)
 
Чекај кажи ми нешто искрено, го мразиш Јувентус па за тоа гласаш за Наполи или навистина мислиш дека Наполи има шанси да освои ? :confused:

Сериозно мислам бе дека ќе освојат.
Не знам што ти е толку чудно.
 
Катанија веќе 2 години ги симпатишам, само никад не сум фатил да пратам озбилно Серија А. Али да, тоа со Сандерленд има удел во мојата скорешна заинтересираност :)


:pos:... Се приметува и во анкетата само ти си гласал за друга екипа дека ќе освои (сигурно за Катанија мислиш) (y)
Сериозно мислам бе дека ќе освојат.
Не знам што ти е толку чудно.

Ќе видиш на крајот на сезоната... Сепак како што јас сум со ова мое мислење така и ти мислиш за Наполи. Иначе тапа ќе бидат Наполи, Бенитез ќе ги уништи, плус според мене многу лоша трансфер политика направија годинава.
 
:pos:... Се приметува и во анкетата само ти си гласал за друга екипа дека ќе освои (сигурно за Катанија мислиш) (y)
Абе види, убаво пишува во воведот: 20 екипи се борат за скудотото, тоа мора да биде целта на секој клуб, па и на Катанија :)
 
Наполи има да гази со бенитез, единствен конкурент пак би им бил јуве
 
1.Јуве
2.Милан
3.Рома/Фиорентина/Лацио
6.Интер/Наполи/Сасуоло

Мислам дека играч како Кавани е едноставно незаменлив,бидејки според мене он и Фалкао моментално се најдобри шпицови во светот.За Каљехон,има талент малиот,али прашање е како ќе се снајде,а Албиол не го сметам како засилување за тим кој е вицешамион на Италија.Се мислам дека ќе бидат послаби од прошливе 2-3 сезони.
 
Не можеш да напредуваш и да бидеш конкурентен ако си ги продаваш најдобрите играчи а Наполи тоа го прави, ги продадоа Лавеци и Кавани,место нив Каљехон,Мартенс и Игуаин, не гледам како овие се подобри од Кавани и Лавеци.

Треба да видиме како ќе играат Наполи, последниот пат кога играа ЛШ завршија на петто место,сега ќе видиме дали ќе имаат напредок.Гледам и многу ги потценуваат Фиорентина и сите ги ставаат позади Наполи па дури и Милан, они направија најбољи меркато до сега,само им фали добар голман и добар дефанзивец.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom