Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
1235940_699424040071526_887569054_n.jpg
 
Читам миланезиве у транс паднаа за Исусот:D
 
Кога ќе ми текне каков играч беше Кака пред да оди во Реал, а каков е сега :eek:. Не се сеќавам на слаба сезона на Кака во Милан, сите му беа екстра иако тимот после 2007 значително падна.
 
Кога ќе ми текне каков играч беше Кака пред да оди во Реал, а каков е сега :eek:. Не се сеќавам на слаба сезона на Кака во Милан, сите му беа екстра иако тимот после 2007 значително падна.

Страва од играч, сега не е ни 10% од тоа што беше тогаш. Али Кака е еден од моите омилени играчи, без разлика што играше во најголемиот ривал на Интер. Ипак многу скромен човек и пред се фер играч, што највеќе почитувам кај некого, без разлика на тоа за кој тим игра.
 
Штета што Дел Пиеро не е помлад едно 7-8 години па и ние навивачите на Јуве вака да се радувавме на негово враќање еден ден. Ај, може ќе дочекаме некогаш да го видиме како тренер на Јуве.:)
 
Страва од играч, сега не е ни 10% од тоа што беше тогаш. Али Кака е еден од моите омилени играчи, без разлика што играше во најголемиот ривал на Интер. Ипак многу скромен човек и пред се фер играч, што највеќе почитувам кај некого, без разлика на тоа за кој тим игра.

Кака во Милан ги поседуваше сите фудбалски квалитети. Брзина надополнета со одлична контрола на топка и дриблинг, визија , добар шут и одлична реализација за играч на негова позиција. Многу беше опасен по голот на противникот од каде и да ја земеше топката и затоа успеваше да најде простор во одбраната што само најдобрите можат да го направат. Мене ќе ми биде жал сега да се врати и да игра очајно, затоа што дефинитивно не го заслужува тоа. Така да се надевам дека ќе покаже барем нешто квалитетно. А искрено мислам дека со посветеност и работа ќе успее. Само во овој Милан има толку пречки, што човек и во Роналдо ќе се сомнева дали ќе успее...
 
Кака да биде 30% од она што беше во Милан ќе биде добро. Не сум го гледал многу во последно време, ќе видиме што знае, но годините и повредите го стигнаа. Милан направи одлична зделка со продажбата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom