Serie A 2013/14

  • Креатор на темата Креатор на темата Клипче
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои скудетото во сезоната 2013/14?


  • Вкупно гласачи
    367
Статус
Затворена за нови мислења.
И некој ќе рече Премиер Лига е подобра :pos:
6 натпревари 9 гола против 2 натпревари 11 гола

А од кога тоа каде се дават повеќе голови стана мерило за јачина на лига ?
 
Не бевме толку добри како што Лацио навистина беше лош. Во одбрана беа нула. Такви лесни голови со долги топки од Бонучи не смее Сасуоло да помисли да прими, а не тим како Лацио чија цел е висок пласман. Потребен им е барем еден квалитетен централен дефанзивец, а по можност и два. Не знам што запнале толку за Јилмаз...
 
гледав инсерти од Киево-Наполи .. со заминувањето на Мацари, наполитанките ја немаат онаа препознатлива стабилност во одбрана, се гледа дека не се многу навикнати да играат 4-ка во одбрана .. головите што ги примија одат на душа на одбраната, цела одбрана беше изгубена ... но навалната линија ги вади, имаат доста квалитетни играчи .. сепак без добра одбрана, не верувам дека ќе имаат добра сезона оваа година, нема да може нападот да ги вади цела сезона :)
 
Наполи всушност никогаш немаше добра задна линија. Тие се бранеа многу повеќе во бројки и средината страшно придонесуваше. Сега гледав вчера во 4-2-3-1 формација, Маџо и Зунига се странични бекови. Малку време е потребно да помине, за да некој тоа го искористи. Сепак играта во нападот и самиот напад им се одлични.
 
Наполи всушност никогаш немаше добра задна линија. Тие се бранеа многу повеќе во бројки и средината страшно придонесуваше. Сега гледав вчера во 4-2-3-1 формација, Маџо и Зунига се странични бекови. Малку време е потребно да помине, за да некој тоа го искористи. Сепак играта во нападот и самиот напад им се одлични.


Го имаат Армеро на клупа и прашање на време е кога ќе му го земе местото на Маџо или на Зунига.
 
Го имаат Армеро на клупа и прашање на време е кога ќе му го земе местото на Маџо или на Зунига.

Проблемот е што и Армеро повеќе има играно како крилен бек во 3-5-2, отколку како класичен страничен бек во 4ка одбрана. Сериозно мислам дека тоа ќе претставува најголем проблем оваа сезона за Наполи. Ако успее Бенитез да го анулира некако, Наполи ќе се бори за прво место на рамна нога.
 
Деби настап за Љаич во Рома. Замислете да ја реши сега :icon_mrgr:

Автогол беше првиот, ама вториот беше страшен.

Пјанич :cuc:

Ах бе дедо Земан со кој се караше ти лани...
 
Иако играше против две нови екипи во прва лига, во првите две кола, сепак 2 победи со 5-0 гол разлика е одличен старт. Конечно мислам дека и Рома покажува после подолго време, заедно со убава игра и паметна игра што и овозможува да не прима голови. Ајде сега да ја видиме вечер разврската на колото, што мислам дека ќе ни даде каква-таква слика за почетокот пред првата малку подолга пауза.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom