Полека машко. Џабе толкав текст си пишувал кога погрешно си ме разбрал. Не мислев на некој си карактер од аспект на внатрешни особини, карактеристики и слична работа, туку мислев на оној фудбалски карактер, на онаа фудбалска дрскост која се стекнува со текот на времето. Јувентус го немаше карактерот во првата сезона под Конте, па затоа изигра 15 нерешени во кои вкупно промаши 1000 шанси ама баш тоа е поентата. Природно е да помине еден тим низ таков процес, па затоа во ниеден лош контекст не ми беше муабетот за Рома дека им фалеше токму тој мал дел од карактерот, од самодовербата кој се покажа во оној дел од сезоната кога имаа 5 нерешени од 6 средби и на крајот може да се покаже како клучен. Еве јавно ти кажувам дека Рома е за секоја пофалба, бидејќи со одлична игра ги освои овие бодови и успеа многу повеќе од Јувентус во првата сезона под водство на Конте.
Да ги ставиме на кантар победите на Рома со одлична игра и онака фудбалски "заслужено" како што некој милува да каже во споредба со оние на Јуве, верувај дека Рома ќе има повеќе такви победи и повеќе бодови. Од друга страна да ги ставиме на кантар оние победи со лоша, неубедлива и млитава игра верувај дека Јуве ќе доминира и овде ја прави таа клучна разлика пред Рома на која малку и се таквите победи. Е тука лежи зајакот. Тие натпревари се победуваат со посилен психички карактер, со повисока самодоверба и индивидуалност кои не паѓаат од небото туку се стекнуваат со текот на времето. Едноставен пример ти се натпреварите на Рома против Каљари и Сасуоло каде што одиграа 0-0 и 1-1 наспроти натпреварите на Јуве против Катанија и Џенова нагости каде што со речиси никаква слаба игра, туку пред се поради посилен карактер и појака индивидуалност Јуве ги освои сите бодови, додека Рома не. Тука ми беше муабетот дека Рома со стекнување на оваа искуство оваа сезона и добивајќи поголема самодоверба идната сезона ќе може да ја надмине таа сегашна бодовна разлика во однос на Јуве и ќе може да биде шампион.
За да му го направам кеифот на Ширеа, но и за подобро да сфатиш уште некој пример ќе ти дадам. Јувентус-Рома 3-0. Ова некој да го виде и според резултатот ќе рече дека Јуве ги растурил и победата била само формалност. Додека ако го видиш натпреварот ќе забележиш дека Рома на почетокот повеќе притисна дури имаше и некоја шанса, ама оп Јуве на другата страна првата шанса и веднаш гол. Е тоа се вика карактер и фудбалска дрскост. После тоа пак се обиде нешто Рома, ама веднаш Јуве на другата страна уште на почеток на второто полувреме уште еден гол постигна и уште повеќе психички ги собори што резултираше со дешавките на крајот кои доста време ги имаме дискутирано.
Уште еден пример се и натпреварите против Наполи во гости во купот и во лигата каде што Рома одлично играше, ама сепак изгуби бодови во едниот случај, додека во другиот испадна од натпреварувањето.
Во горе набројаните примери им фалеше фамозниот "карактер". За крај, се надевам дека досега сфати што сакав да кажам, ама ако не си сфатил еве уште еднаш. Не мислев на карактерот од аспект на неспортските потези на Тоти и Де Роси или било кој друг играч за боксови, удари или слично, туку мислев на фудбалскиот карактер кој ти дозволува да победуваш и во натпревари кога не играш добро. Рома го немаше тоа оваа сезона, додека Јуве го имаше. Тоа сепак не е ништо страшно, затоа што Рома е на одличен пат и ако продолжи така со правилно доградување на тимот со оглед на ЛШ наредна сезона, како ништо може да освои Скудето во Италија.
Да си ми жив и здрав и поздрав.
како прво не сум те разбрал

.. навикнав на секој твој пост поврзан со Рома да те слушам како го опишуваш карактерот на двајцата капитени, од таму и мојата реакција
Е сега, за фамозниот "карактер" за кој зборуваш нема да се согласам дека е главна причина ради која оваа година нема да освоиме скудето, Јуве без никаква игра ги добил Катанија и Џенова, но како што кажа ти, дошол до израз индивидуалниот квалитет, но тоа е затоа што Јуве има дупло повеќе квалитетни играчи за разлика од Рома. Кај нас недај боже ќе ги снема Пјанич и Тоти, тогаш како Рома како тим ќе се потпре на индивидуален квалитет? Значи Рома сеуште нема доволен квалитет, квантитет за да добива утакмици без игра,тој карактер не се стекнува со искуство, демек оваа година така и така, наредната ќе научат да тепаат и без игра,нема тоа да се случи наредната година доколку останат истите играчи, мора тимот да се надогради со повеќе квалитетни играчи, доколку останат истите наредната година не само што нема да го стекнеме тој карактер за добивање на утакмици без некоја си игра, туку можеме и да колапсираме,односно да се случи нешто обратно од она што се очекува .. во оние 4-5 нерешени по ред не беше клучна самодовербата, веќе и во претходниот пост ти кажав, два месеци беа одсутни Жервињо(кој ни е цела година водечка сила) и Тоти, а и Дестро кој дебитираше многу покасно, значи опциите во нападот ни беа сведени на минимум, последните три натпревари во онаа серија од 10 победи ни беа добиени со 1-0 ради слабиот и повредениот напад и очигледно беше дека така немаше да може да продолжиме да тепаме, бевме се повеќе и повеќе стерилни кога напаѓавме, замисли останавме со Бориело кој беше и уште ван форма, со Флоренци кој од плеј постана некое си офанзивно крило кое само трча без некоја техника и добар продор и еден несреќен Љајич со тврд балкански менталитет(можеби особина ради која никогаш нема да стане играчиште). И покрај сите овие причини ти како главен проблем го ставаш карактерот, нешто што се стекнува, дај молим те, заеби тоа. Не викам дека и тоа не игра улога но кај Рома оваа година тоа не беше главен проблем, ако е така незнам колку си ја прател Рома, сега во пролетниот дел имавме доста утакмици добиено со не толку убедлива игра, ај да не кажам и незаслужено како оние против Киево, Торино, Удинезе, доста страдавме во текот на тие утакмици, но тогаш оној карактер ти што го зборуваш не вадеше, јас и додека ги гледав утакмците и при неповолен резултат се осеќав сигурен во победа, така и излеваше на крај. Но за да освоиш Скудето не е доволен/клучен карактерот, мораш, значи МОРАШ да имаш квалитени играчи, не само на терен туку и на клупа, тоа Рома оваа година го немаше. Да не го купевме Наинголан на зимо до сега ќе имавме 5-6 бода помалку, во тоа сум 100% сигурен, замисли како што игра сега цело време Наинголан да го гледаш Тадеи? Да, токму Тадеи бидејќи не преостануваше друг, е сега како ќе добиеш ти утакмица со карактер и индивидуален потег кога го имаш Тадеи во прва постава, повреден Стротман, под претпоставка дека Наинголан го нема, ќе чекаш од Родриго Тадеи(бившо крило, бивши бек, а моментално мења средњак) на 33-34 години со индивидуален потег да реши утакмица, да игра секоја по ред на врвно ниво ??
Ова ти е само пример да сватиш дека не толку битен тој фамозен "карактер" колку што е квалитетот на екипата. Твоите констатации предавај ги на фановите на Реал Мадрид, на овој клуб му е потребен карактер, за да победува и кога не оди работата, а не само кога се залетани и тепаат во низа 7-8 натпревари со по 5-0, но една работа тргне наопаку и веќе наредните две утакмици губат поени. Е тука е потребно да се покаже карактер, имаш квалитетен состав, со доста квалитетни индивидуалци, но ќе започне нешто да не штима и неможеш да добиеш утакмица, тоа е тоа ..
Пред да започне сезоната го гледам ростерот на Рома и се викам какво чудо треба да се случи за завршиме трети. Си правам математики, Јуве веднаш го шкртам, велам премоќен е, едно место отпишувам, потоа следат Наполи, си велам лани растураа, го продадоа Кавани, но го зедоа Игуаин плус уште 3-4 екстра квалитетни играчи, а за Фиорентина бев убеден дека ќе земат некое од првите три места, бидејќи лани играа страшно а несреќно завршиа на 4-то место и останаа ЛШ, а оваа година дополнети со Гомез и Роси растур ќе прават, додека Интер, Милан и Рома ги ставав во ист кош. И кои беа шансите да бидеме малку подобри од Интер и Милан, па од 4-тото место да се надевавме на лоша сезона на некој од Наполи и Фиорентина?? А од друга страна Рома ги продаде летото двата најдбри офанзивни играчи, Ламела и Освалдо, а ги донесе "мртвиот" Жервињо и надежниот Љајич и како капак на се, си отиде најдобриот дефанзивец(Маркињос) во така лошата претходна сезона .. и после сите овие случувања, се случи чудо, тргна рабоата и не само што ја остваривме целта туку се надминавме себе си. А ти тука мене ми објаснуваш за карактерот како ние да сме Челзи или Сити, па да се каеме што голтаме прашина од Ливерпул.
Оваа година Рома имаше СЕ, само не доволен квалитет за да ја земе титулата. Ај биди ми поздравен, сега ќе си легнам оти треба да станам у 8 на работа, а ради тебе(или самиот себе) заглавив до оваа ниедна доба, ти доколку сакаш реплицирај, ама одговор утре попладне ќе добиеш и гледај да не станеме досадни на другите
