Ајде за убаво за арно нека ви е новата година. Титулата да отиде у Наполи или Рим, доста беше Торино-Милано веќе 12 години чинам само Миланска екипа или Јуве освојува титула.
Знам дека најреално гледано (без навивачки нагони и страсти) дури и јувенташите би сакале да земе Рома или Наполи титула, бидејќи поинтересно ќе биде за лигата, и секад е слатко кога такви тимчиња кои се фаворити од сенка освојат титула.
Мислам дека е време некоја друга боја (различна од оние вообичаените, последниве 12ина години) да земе титула у серие а.
И ајде здравје на лето Итаљаниве да го кренат 5от трофеј светски првак и да му докажат на Платини и Блатер гробарите на италијанскиот фудбал и ликови што привилегираат модерен(арапско-руски)фудбал дека Аѕурите сеуште се најдобри у овој спорт.
Па и да има титула од Јуве/Наполи/Фиорентина/Лацио у ЛЕ да даде господ. Пошто Милан е премногу јак за ЛШ. Шала на страна, не би било лошо италијанска екипа да го крене трофејот ЛЕ(Милан знаеме дека нема ни 0.0000000001% шанса да освои лига на шампиони).
Ви посакувам убава година, со добра дебата тука, трофеи на вашиот тим (кој може), повеќе жени у кревет/кујна/на маса/по рингли и тн. И најбитно, помалце смарање со "хумористични" постови за противничка екипа (пред се релација Милан-Интер-Јуве).
Поздрав момци.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 10:40 ---