"Драга на демократски и непосредни избори, избрана Владо на Република Македонија на чело со чесниот и беспрекорен премиер и неговите соработници Ве замолуваме ние понизните граѓани на нашата античка и библиска земја, воедно и големи љубители на италјанскиот фудбал и неговата најсилна прва лига, ако е возможно да испратите молба до самостојниот, непристрасен и ист за сите јавен сервис, доколку е возможно да ни овозможат пристап до барем 3 натпревари од Сериа А преку викендот со нивните професионални коментатори и HD слика. Ветуваме дека ќе Ви испратиме благодарница во плик до секој орган, министер и било каков друг државен работник кој ќе придонесе да се оствари нашата скромна желба.
Со голема почит,
Друштво на навивачи на Сериа А клубови.
(на другата, "неофицијална страна од пликот")
П.С Не се секирајте ќе гласаме за вас на наредните Демократски претседателски, парламентарни и локални избори.
П.П.С Вистинскиот плик ќе стигне со наредната пошта."

Што велите, ќе упали нешто такво

?
Постот нема никаква политичка цел и служи само за забава. Имињата на ликовите се измислени и авторот се оградува од секакво случајно поклопување со реалноста.