Tutor еве и јавно да кажам дека сум грешел во однос на Земан и после 12 кола заклучив дека не е тренер за Рома !!
- Ти кога го напаѓаше јас и тогаш ти кажав дека свесен сум оти твоите претпоставки можат да испаднат точни, но сакав да поминат 10 кола па кога веќе ќе заземам став да не го менувам.
- Единствена добра работа кај Земан во Рома е што го разигра нападот, од Ламела почна да прави неговиот талент да испадне на виделина, исто така Тоти и Освалдо, па веќе и Дестро функционираат одлично ... негативните работи секако се во дефанзива, дефанзивците на Рома немаат посебни задачи и не се организирани, им е кажано кога ги напаѓаат тие да истрчуваат(да прават пресинг) за да ја земат топката на противникот, но доаѓаат ситуации каде и двајцата централни бекови истрчаат по еден играч, а плус позади го брка еден наш средњак, па доколку противничкиот напаѓач е доволно паметен и добро технички поткован, ја додава топката на некој од повеќето слободни играчи кои остануваат слободни и така Рома доаѓа во ситуација да прими гол, истото важи и за крилните бекови, немасто да си го чуваат играчот кој е на крило до нив, тие се полетуваат кон оној кој ја има топката, а веќе кажав дека не се единствени бидејќи по играчот тргнат уште двајца наши играчи и ете ти шах-мат позиција ... оваа тактика на Земан за да успешно би функционирала кај еден тим треба да се исполнат многу услови, дури и се прашувам дали постојат услови кои би ги исполнил еден тим за тој тим не прима многу голови доколку за тренер го има Земан, можеби Барселона, бидејќи имаат добро спремни играчи кои трчаат 90мин без престан, кои исто така се многу квалитетни и паметно би ги закрпиле сите недостатоци .. како и да е Рома тоа никад нема да успее да го оствари и ќе останеме тим кој прима многу голови додека е Земан тренер.
- Тука може да се додат и некои индивидуални грешки кои направија Рома да изгуби многу водства и драгоцени поени, киксот на Стек против Самдорија кога ја испушти од раце ни скрати два чисти бода, Пирис има направено неколку индивидуални грешки кои ни одземаа бодови, еве на Дербито со Лацио, новиот голман по слободниот удар на Кандрева си ја утера сам во голот, а топката одеше во него, за третиот гол Пирис му ја поклони со глава на Маури, како за Лацио да играше .. трета причина се судиите, не толку голема како Земан, сепак и тие имаа свој удел, вчера гледав малце снимка Аталанта-Интер и околу 85-та минута видов ситуација каде Силвестре сободи противнички играч во шеснаесетникот на Интер, ситуација во која доколку беше играч на Рома ќе беше досуден пенал, всушност сите пенали оваа година кои беа судени против Рома беа од таков карактер, тоа е релтивна работа, но кога се работи за таква зошто секогаш ја судат во корсит на противничкиот тим кој игра против Рома ???
- Со овие другиве работи не сакам да се вадам, но само ги посочив да доловам дека освен најголемиот кривец Земан има и други фактори кои влијаеа на лошите резултати на мојот тим оваа година и да кажам дека Рома има квалитетни играчи и тим кој може да се бори за место во ЛШ, само со Земан(и другите фактори кои ги посочив) тоа е многу тешко остварливо ...
- Јас сум сега за опција да го земат Алберто Де Роси, тренерот на примавера тимот кој прави успешни резултати со децата, човекот користи 4-2-3-1 формација каде сепак повеќе би мислел на одбраната, а дратсични промени во нападот не би ни имало, Тоти и Ламела ќе си останат по крилата, дури сега ќе има и вистинска позиција за Пјанич, друга позитивна работа е што Де Роси би се вратил на старата позиција каде со Спалети беше еден од најдобрите во светот, плус за оваа формација и тактика имаме многу играчи кои одговараат и можат да покријат повеќе позиции.
Ете тоа е за мојата Рома под водство на Земан ... сега и јас заедно со вас ќе терам ремет за Земан и Земанладнијаа
- А една порака и до фановите на Лацио, да си го искористат моментот на радост кога го тепаат овој тим на Рома кој иако е два пати појак од нивниот трпи лоши резултати ради други фактори и дека тоа нема да потрае многу во иднина, бидејќи ... АС Рома-Истрија, а СС Лацио-Географија
