Serie A 2012/2013

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.587
Поени од реакции
17.430
кој каков пост заслужува со таков му враќам на исти степен :) .. многу пати се спуштам под мое ниво ама што да правам кога темава е преполна со такви постови :)

како фан на Рома, само сакав да ти кажам дека ти ме правиш да изгледам НЕНОРМАЛЕН кога ќе спомнеш дека Рома ја наместиле утакмицата со Болоња а јас ја гледав истата и знам дека не е така, да не беше тој голманот на Болоња кој впрочем е во тимот на колото гостите ќе мораа да се потрудат да прават пресврт од 4-0 .. секое добро :)
--- надополнето: 18 септември 2012 во 15:29 ---


сето ова ти држи вода, сепак неможеш со сигурност така да се изразиш дека е пропадната тактика, можеби си во право, но да почекаме да видиме што ќе се случи во наредните 5-6 кола па потоа да судиме, јас врз основа на три утакмици неможам да судам и да имам некое си мислење .. освен ова ти што го наброја, Рома со било кој тренер во светот би имала лоша одбрана, само погледни ги играчите кои се на располагање Пирис, Тадеи, Бурдисо, Кастан, Маркињос(18), Ромањоли(19), Балцарети и Додо(20) .. кажи ми кој тим со кој тренер би имал добра и стабилна одбрана со овие играчи, ние фановите на Рома се крстиме некои од нив да постанат играчишта, но реално мали се шансите, а некои се премногу млади и на ова кога би ја додале наведената тактика на Земан, сето изгледа многу лошо ... еве ти еден пример, пред 2-3 години ги имавме Мексес и Хуан, а Бурдисо беше доведен како трет стопер, замена за нив, сега Бурдисо ни е НАЈДОБРИОТ стопер, а веќе е постар и плус знаеме кој е Бурдисо, имаше човекот одлична прва сезона во Рома, па и втора се додека не се повреди, се здоби со повреда која го одалечи од терените 6-7 месеци и под сите тие околности тој ни е најдобриот во дефанзива .. земавме анонимус(Пирис) за десен бек и се молиме да го биде, а притоа замената му е Тадеи, Блаца за лев е добар, но замената Додо 20 годишен бразилец кој сеуште не е опоравен, оној Кастан можеби ќе прерасне во добар дефанзивец, Маркињос и Ромањоли не ги ни коментирам ..
од сето ова колку и да се лажеме, неможеме да очекуваме стабилна одбрана, па и Мурињо да биде тренер, тактиката која ја користи Земан само прави работите да изгледаат полоши, за неговата тактика треба да имаме класа дефанзивци, целата 4-ка од позади да биде јака и спремна..
незнам што е им е филмот на управата на Рома(Балдини и Сабатини), која им е целта, зошто упорно сакаат офанзивна Рома, а притоа се коцкаат со одбраната, ти си имај офанзивен тим, но и мало дете ќе свати доколку сакаш да играш офанзивно, назад треба да имаш спремни играчишта, а не Бурдисо ...

не требаше ниту ова да го пишам, ќе чекам до 10-то коло па ќе си дадам свое мислење, а ви не судите пред време, можеби сте во право, ти кажав твојот пост е ептен на место и е многу реално истото да се оствари, па Земан да добие отказ, но јас сакам да ја видам Рома офанзивна под водство на Земан, НО со играчишта во одбрана па дури тогаш да видам како сето тоа ќе функционира ..

ме нервираат оние кои не ја гледале утакмицата со Болоња а само коментираат у стил "Земан :facepalm: " .. а да ја гледале ќе видат како тој Пирис цела утакмица незнае кај тера и изгледа како изгубен на теренот, ниту има тајминг за офсајд стапица, го губи секој дуел, едноставно катастрофа, два гола ради него паднаа, а третиот беше апла несреќен, Стек ја собра топката, Бурдисо залетан му ја извади од рацете а топката отиде до Џила кој не му беше тешко да погоди празен гол, тоа ти е несреќа ..

едно нешто што од секогаш не ми се свиѓало кај Земан што е голем инат и е многу дрзок и донаса ризични одлуки .. уште првиот ден не ми се свиѓаше кога дојде, кажа го сакал Дестро па макар и Борини да си оди, исто така за тој гркот Таксидис дадовме пола од договорите на двајца млади играчи на Рома, плус ќеш .. можеби ќе се исплатат овие потези, но сигурно нема секогаш да биде така, не секогаш ризичниот потег ќе го претвораш во добивка, некогаш здраво ќе изгориш ...
Филмот со младите и позајмиците е да се емулира Јувентус до некој степен од прошлата сезона и е доста економично. Моџи,Марота,Галијани сите изјаивија дека италијанските клубови немаат пари нема зошто поќе да се чудиме оти не идат звучни имиња па не ни сакат останува да се коцкаат на играчи млади. Јас сум благодарен што го имаме Патричи па човекот е мозок за млади играчи, ама доста беше за Јуве.

Мислам дека управата баш инсистира на нападот по советите на Земан, ама јас пак мислам дека со таков фудбал мора да играш посесивен фудбал односно противникот што е можно помалце да ја има топката во своите нозе но тоа земан не го сака ете и сам изјави така да кога ке видиш дека игра формација со 1-2 дефанзивци а не посесивен фудбал изгледа налудничаво. Да имаше 2 АNC средни играчи ке сватев ама тој ни тоа го нема сето тоа е во Јуриш. Младите ке си се развијат полека полека им треба време ама ако сакаш да градиш стабилна одбрана Земан не е човекот за тоа. Јас искрено би го одбрал ДЕЛ НЕРИ пред него ако планирам да градам одбрана не оти е сјајен ама огромен напред направи Де Чеље,Барзаљи па и Григера под него е сеа што се деси натаму таа сезона сите знајме.

Земан не е тоа што му треба на Рома оваа сезона па ке се осмелам да речам па и во било која сезона. Како што кажа го имате Бурдисо за најдобар стопер а имате тренер кој се интересира само за нападот кој патем и таму нема класа поединци освен Тоти. Неможам да го разберам ств. Борини има потенцијал за класа др све останато е матење и миење на очи
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Маркизио е на насловна, шо сакаме ќе прајме :X3:


Од кога немало играч од Серија А на насловна, а посебно италијанец :love:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
^ Да не ти ги уништувам соништата ама ова само за италијанската верзија ќе биде т.е. само во Италија ќе биде ваков каверот а во другите земји ќе биде поинаков
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.154
Поени од реакции
5.993
Немојте да го чепкате Мудингаји, уште ми е криво што пред неколку сезони беше даден во замена за стаклениот Мењи a.k.a. "новиот Зидан"... :tapp:
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.922
Поени од реакции
8.798
жртвите на Зампарини :D
2002-03 Roberto Pruzzo, Ezio Glerean, Daniele Arrigoni, Nedo Sonetti
2003-04 Silvio Baldini, Francesco Guidolin
2004-05 Francesco Guidolin
2005-06 Luigi Delneri, Giuseppe Papadopulo
2006-07 Francesco Guidolin, Renzo Gobbo e Rosario Pergolizzi, Francesco Guidolin
2007-08 Stefano Colantuono, Francesco Guidolin, Stefano Colantuono
2008-09 Stefano Colantuono, Davide Ballardini
2009-10 Walter Zenga, Delio Rossi
2010-11 Delio Rossi, Serse Cosmi, Delio Rossi
2011-12 Stefano Pioli, Delio Rossi, Devis Magia, Bortolo Mutti
2012-13 Giuseppe Sannino, Gian Piero Gasperini
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
жртвите на Зампарини :D
2002-03 Roberto Pruzzo, Ezio Glerean, Daniele Arrigoni, Nedo Sonetti
2003-04 Silvio Baldini, Francesco Guidolin
2004-05 Francesco Guidolin
2005-06 Luigi Delneri, Giuseppe Papadopulo
2006-07 Francesco Guidolin, Renzo Gobbo e Rosario Pergolizzi, Francesco Guidolin
2007-08 Stefano Colantuono, Francesco Guidolin, Stefano Colantuono
2008-09 Stefano Colantuono, Davide Ballardini
2009-10 Walter Zenga, Delio Rossi
2010-11 Delio Rossi, Serse Cosmi, Delio Rossi
2011-12 Stefano Pioli, Delio Rossi, Devis Magia, Bortolo Mutti
2012-13 Giuseppe Sannino, Gian Piero Gasperini
Долга листава у пм,дали има крај:D.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
2.106
жртвите на Зампарини :D
2002-03 Roberto Pruzzo, Ezio Glerean, Daniele Arrigoni, Nedo Sonetti
2003-04 Silvio Baldini, Francesco Guidolin
2004-05 Francesco Guidolin
2005-06 Luigi Delneri, Giuseppe Papadopulo
2006-07 Francesco Guidolin, Renzo Gobbo e Rosario Pergolizzi, Francesco Guidolin
2007-08 Stefano Colantuono, Francesco Guidolin, Stefano Colantuono
2008-09 Stefano Colantuono, Davide Ballardini
2009-10 Walter Zenga, Delio Rossi
2010-11 Delio Rossi, Serse Cosmi, Delio Rossi
2011-12 Stefano Pioli, Delio Rossi, Devis Magia, Bortolo Mutti
2012-13 Giuseppe Sannino, Gian Piero Gasperini
Издржал цела сезона.:vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom