Не ми е јасно зошто има потреба да се постира Видал како прави старт за црвен картон? Сакате да поставам од Тоти, Зидан или Недвед? Или се слушнал зборот дисциплина, па крши глава исто е... Но, ајде кој колку разбира, што е тоа тактичка дисциплина, а што грубост. Видал е 100 пати тактички подисциплиниран играч од Ламела. А, тоа што Роналдо се споменува не знам ни што да кажам. Дали да се смеам или да плачам


... Не заборавајте дека Роналдо израсно под водство на еден човек за кого нема што да се зборува, туку едноставно одете погледнете му ја кариерата и завршена работа. Попрво од Рома би го зел Освалдо или Пјанич, кои се едни од малкуте играчи кои вредат од таму. Ламела е мува без глава, а во Рома нема човек кој ќе го води и ќе го научи прво како се игра фудбал во Италија. Сегашниот тренер многу ми се допаѓа, ама Рома како секогаш за инает се фаќа за имиња отколку за вистински и реален квалитет. Така да очекувам сега да го тргнат Андреацоли и да си донесат пак некое позвучно има, кој ќе ја скапа ламбата по трет пат по ред, со тешки фрлени милиони...