Boom Shaka Lakka
Silence!! .. I kill you!
- Член од
- 29 август 2008
- Мислења
- 11.004
- Поени од реакции
- 8.961
Инаку, сето ова произлезе од мојата реченица, дека ако ми дадат од Рома да изберам некои играчи би ги зел Освалдо и Пјанич. Па од сегашната Рома и нема некој избор голем, па толку галама да се дига. Значи јас Освалдо ни од најдалеку не го правам цар, туку едно од подобрите нешто кои можеш да ги земеш од Рома, дури и по пристојна цена.
Е сега пријателе, тоа што јас и ти различно гледаме на Ламела е друга приказна. Еве гледам ме прашуваш зошто го ценам Касано. Одговорот е едноставен. Затоа што од Ламела беше и си остана поквалитетен играч, само што тргна по погрешна насока. Ако пак Ламела тргне по истиот пат, нема ни пола да биде од Касано што е, затоа што Касано според мене имаше поголем потенцијал и талент. Е сега ако според тебе е обратно, тогаш веќе нема што да пишуваме, секој со своето и завршена приказна.
А за тоа што мислиш дека Ламела не го ценам заради тоа што сметам дека не е толку квалитетен колку што го прават, туку затоа што лошо се однесувал спрема Јуве, ќе си остане твој погрешен заклучок, затоа што не го мешам квалитетот на играчот со неговиот однос према Јуве.
Еве и примерот со вашиот капитен. Тоти е според мене ѓубре со својот однос во текот на неговата кариера, ама никогаш заради тоа не би рекол дека не е квалитетен играч, кога очигледно тоа би било неточно.
Испадна од тоа дека попрво би ги земал тие два играча наместо Ламела, бидејќи Ламела не трчал на теренот и немал тактичка дисциплина, а јас ти кажав дека тоа важи за Освалдо(твојот избор пред Ламела) и така е .. најди си некоја друга причина зошто не го сакаш Ламела пред Освалдо, ама да кажуваш како Освалдо трча, се бори,има тактичка дисциплина, а Ламела не го прави тоа и го нема тоа, тогаш тоа што го збориш нема логика ..
Сега за Касано ја превртуваш работата и одговорот кој го барам од тебе, остај го квалитетот на Касано, туку кажи ми малку за борбеноста кај Касано, тактичката дисциплина на Касано, зборувај ми за тие причини што го прават Ламела слаб и кажи ми дали истите Касано ги има, доколку кажеш дека ги има како што кажа за Освалдо, тогаш јас веќе не ти враќам бидејќи со тоа ќе докажеш дека со глава ѕид буташ зорле ..
точно дека јас и ти гледаме различно на Ламела, само времето ќе покаже кој е во право, но не ми зимај примери како Касано и Освалдо бидејќи сето тоа негативно што го збориш за Ламела го имаат овие двајца

--- надополнето: 13 април 2013 во 16:23 ---
Досадни сте...
па подобро ова, него да слушам како се карате со миланистите за голот на Мунтари или со интерашите за калчополи и кој колку титули има, нешто што е зборувано преку 100 пати ..




