Serie A 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Milanez`
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион 2012/2013?


  • Вкупно гласачи
    432
Статус
Затворена за нови мислења.
За две недели ќе биде интересно :). Интераши само да ве предупредам дека Јуве после Интер игра со Пескара, а има доста играчи кои се на 1 жолт картон до суспензија (Пирло, Киелини, Барзаљи меѓу поважните).
Знам дека имате доста повредени играчи па да ви кажам дека овие играчи нема баш да бидат нежни :D.
Мора да добијат барем 2ца жолт картон па да сме ослободени до крајот на сезоната. Пирло мислам дека треба да се потруди, па може еден од Киелини и Барзаљи (подобро Киелини бидејќи тој и онака добива жолти полесно, овој Барзаљи е многу мирен и коректен играч). Не дека Киелини не е коректен, ама има поголема енергија во него, па така некогаш не внимава многу :pos:...

Не сум слушнал дали има информација за тоа кога ќе се преигра Самп-Интер, ама се надевам дека ќе биде скоро, интересен натпревар ќе е тој.
 
ЛШ игра ќе играат изгледа Интер и Сампдорија, на 2 април :icon_lol:
The match has been rescheduled for April 2nd at 18:30.
 
За две недели ќе биде интересно :). Интераши само да ве предупредам дека Јуве после Интер игра со Пескара, а има доста играчи кои се на 1 жолт картон до суспензија (Пирло, Киелини, Барзаљи меѓу поважните).
Знам дека имате доста повредени играчи па да ви кажам дека овие играчи нема баш да бидат нежни :D.
Мора да добијат барем 2ца жолт картон па да сме ослободени до крајот на сезоната. Пирло мислам дека треба да се потруди, па може еден од Киелини и Барзаљи (подобро Киелини бидејќи тој и онака добива жолти полесно, овој Барзаљи е многу мирен и коректен играч). Не дека Киелини не е коректен, ама има поголема енергија во него, па така некогаш не внимава многу :pos:...

Не сум слушнал дали има информација за тоа кога ќе се преигра Самп-Интер, ама се надевам дека ќе биде скоро, интересен натпревар ќе е тој.

Најверојатно на 2 Април, бидејќи сега играат репрезентацииве
 
Убава вест, дури мислам дека ова веќе се практикува кај Рома, бидејќи на секое гостување гледам се повеќе и повеќе фанови на Рома:)

Екипата на Рома одлучи прва да им излезе во пресрет на своите навачи кои веќе четири години протестираат против начинот на кои ги обезбедуваа билетите за гостувањата. Новиот модул за купување билети нема да им ја загрози приватноста.

Навивачите на „Римската Волчица" најжестоко протестираа во Италија, затоа што со влезниците за гостувањата кои ги наложи тогашниот министер за внатрешни работи Роберто Марони, можеше да се следи секој чекор на навивачите и по завршувањето на натпреварот.
Во август 2009 година Марони ги воведе таканаречените билети „Тесера" кои претставуваа како еден вид контрола врз навивачите и кое беа задолжителни. Влезниците содржеа чип со податоци за навивачот и истовремено претставуаа кредитна картичка за во банка.
Навивачите негодуваа против таквите правила, а од Министерството за внатрешни работи тврдеа дека на тој начин ќе се регистрираат официјалните навивачи на клубот и ќе се контролираат ултрас фановите кои не смеат да купат билет доколклу правеле инциденти во претходните 5 години.
Веќе од наредниот месец навивачите на Рома први ќе можат да ги набават таканаречените „Fidelity card" кои ќе бидат во продажба во самиот клуб по цена од 20 евра и ќе важат 3 години. За разлика од претходните влезници за кои се чекаше потврда и по 40 дена, сега секој навивач ќе има право да ја поседува оваа картичка.
Ќе биде достапна само со прикажување на фотокопија од документ за идентификација, а со дозвола на родителите ќе може да ја поседуваат и малолетни лица. Новите картични нема да содржат никаков чип, а со нив ќе може да се набави билет за гостување и тоа на само 24 часа пред отпочнувањето на мечот.
Единствените сличности помеѓу старата и новата картичка, е тоа што ќе остане правилото, навивач кој учествувал во инцидент во изминатите 5 години нема да може да оди на стадион.
Навивачите на Рома овие картички ќе можат да ги купат веќе од 4 април, но за сега нема информации кога ќе бидат достапни и за останатите навивачки групи од Италија.
 
555137_586495104696142_1172362402_n.png

Мартин Касерес доживеал тешка сообраќајна несреќа вчера по натпреварот со Болоња. Првичните информации велат дека ќе остане најмалку една недела во болница. Му посакувам што побрзо да заздрави и да нема никакви последици несреќава по неговата кариера.
 
Pominal bez nekoja poseriozna povreda(nekolku konci i nabienici na teloto), no verojatno ke pauzira okolu mesec dena
 
Dobro be sto e ovaa so Milan celo vreme bez veze penali dosudat pro niv!

ccc
 
Беше пенал.

а запата со рака кога ја мавна ништо не е битно тоа, абе ги гледам фиорентина на стрим а милан на телевизор и си викам како е можно милан да се пред фиорентина... квадрадо подобaр дриблинг има од цел милан на квадрат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom