Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.
С

сашенко

Гостин
Во последните 10 години младинскиот тим на Јуве има освоено една примавера и 2 примавера куп титули. Односно муабетот во вода ти пропаѓа
И Виареџо купот неколку години по ред го освојуваа (последниов испаднаа).Ова чисто како информација. (со тебе завршив)

За муабетов...
Дали Јуве ја има најдобрата младинска школа во Италија е дискутабилно, а не ни служи за ништо како информација сега.Доволно е да кажеме дека Јуве има одлична младинска школа (а тоа е точно) во која инвестира доста и од која искачаат често добри играчи.За еден голем клуб како Јуве (можеби не резултатски успешен во последно време, но финсиски моќен и со можности за одлична младинска школа) навистина е штета да не се труди да извади млади играчи.Е сега, можеби како единство младинскиот тим не е којзнае колку успешен (што е лошо водење од Јуве) ама од таа младинска школа излегле, сеуште излегуваат и ке излегуваат и понатаму квалитетни играчи.Многу играчи кои играат сега по италијанските клубови минале низ школата на Јуве.Многу италијански репрезентативци станале играчи во школата на Јуве и баш Јуве бил тимот кој им го овозможил тој чекор напред во кариерата и шансата да станат дел од репрезентација еден ден.Тоа е она за што пиша пријателот погоре.Јуве инвестира во италијанските играчи затоа најмногу од репрезентацијата се нивни.(не секогаш паметно, како последниот избор на Липи ама знаете шо ми е зборот сега).Јуве секогаш бил ориентиран кон домашните фудбалери и какви такви тие инвестираат во нив и ја чекаат следната домашна звезда.Тоа е она што финансиски моќните клубови во Италија го можат ама и не го прават баш.Го ставаат на прво место својот клубски успех и не им е битно дали ке играат за нив домашни играчи или ке ги донесат од странство.Ова е паметна одлука, најискрено.Својот клуб треба да ти биде секогаш на прво место.Често пати со тоа и повеќе помагаат на фудбалот во државата отколку некој кој инвестира во домашни фудбалери и не постигнува ништо со тоа.Типичен пример е на Јуве и Интер тој.Јуве инвестира во домашни фудбалери, и последните 5 години нема никаков успех клубски, освен тоа што дава играчи во репрезентацијата која и не се прослави баш за време на тие години.Интер, не се ориентирал исклучиво кон домашни фудбалери туку си бараат квалитетни фудбалери по светов па од кај ги најдат од таму.Извадија неколку добри играчи, можеби за репрезентација не даваат многу играчи ама со својот клубски успех (лигата на шампионите) донесоа доста корист на Италија.Бар повеќе од Јуве последните 5 години.И тоа е нешто што мора да се земе во предвид.Од целиов овој мубает низ страниците шо ги испишавме наназад можеме да заклучиме дека и Јуве и Интер и Милан и помагаат на Италија некако.Секој на различен начин но помагаат.Јувентус можеби еден ден од сите тие млади ке наиде на некоја нова звезда италијанска.Можеби интер со странците ке направи успех што никој со домашните играчи нема да го постигне.И тој успех се брои исто така.Може да се случи пак на Јуве да му успеат и двете работи па да има успех и на двете полиња а можеби па и никогаш да не ја најдат следната италијанска звезда па таа од Интер да искочи јбг.Неможеш да го предвидиш тоа никако.Ама битно е тоа што овие големи клубови се трудат да и помогнат на Италија и мислам дека тоа е битното во муабетов.Ништо не треба да се потцени.Знаеме кои клубови во Италија го сочинуваат врвот од листата по финансиска моќ, но не им е обврска на нив да вадат играчи за репрезентацијата.Секој клуб има своја политика, и се додека се држат до неа и се успешни како клубови Италија ке има корист од нив.Репрезентацијата исто.Не е се во собирањето на све италијанско што шутира топка и да направиш играч од него.Интер игра друга политика, па ете го Балотели како испадна, исто како и други играчи нивни во репрезентација од порано.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
можи не се ѕвезди - Паладино,Скули,Ночерино,Кришито,Џовинко,Ланзафаме и многу други да не набројувам моментални играчи кои играат во Серија А(биле и членови во репрезентација или биле земани во предвид) и имаат првотимски статуси во своите сегашни клубови,а имаат поминато како категорија во Јувентус
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не сум премногу компетентен да зборам за историјата на Интер и за целта на неговото формирање ама веројатно идеологијата на клубот била освен домашни играчи во тимот да играат и странци. Тие тоа со текот на годините премногу буквално го сватиле и сега во тимот има само странци а чат пат се провлекува по некој домашен играч кој многу ретко е битен дел од составот односно обично тоа се трети резерви кои мораат да чекаат да се повреди некој од клупата за да седат на истата на натпревар.
--- надополнето: Oct 6, 2011 12:20 PM ---

Сантон го следев искрано само на почетокот на неговата кариера кога Мурињо почна да му дава шанса. Првите впечатоци ми беа, " еве Интер обезбеди бекче за репрезентацијата". Играта на малиот ми фаќаше око а после тоа не знам што толку лошо направил кога можел да биде исфрлен од тимот од еден Нагатомо.
Не.
Веќе имало странци во клубовите, но немале ист третман со домашните. Интер бил клуб формиран поради незадоволство од ова и со цел да не прави разлика по нација. Од таму и името.

За Сантон, сите очекувавме многу од него ама за жал во последниве две години тој стагнираше многу, никаков напредок кај него немаше а одигра и многу лоши натпревари во Серија. Сантон не е продаден заради Нагатомо, и двајцата не се на нивото за клуб како Интер, а вториот е тука од комерцијални причини. Патем, природна позиција на Сантон е десен бек а клубот и покрај тоа што секоја година се шпекулира, сеуште го нема продадено Маикон.

Како и да е, од она што го видовме на припремите сигурен сум дека Фараони има далеку поголем потенцијал од Сантон и еден ден ќе биде играчиште, без разлика дали во Интер или не. На Сантон му одговара клуб во кој притисокот не е така голем како во Интер и му посакувам се најдобро, се надевам дека ќе се пронајде себе си во Англија.
 

hotmail

GiO
Член од
1 февруари 2008
Мислења
1.333
Поени од реакции
426
Кхм...Црнотели измислен за Матри мало сутра,коа ќе дае тоа циганот по 20 гола у сезона да ми се јавиш.Матри е поим за него и у понашање и у фудбал."Такви муабети прават некои кои се подолго време без трофеј",сакаш да кажеш нешто со ова?
Прво, не се вика Црнотели туку Балотели, изгледа си влегол во некој филм, чим се и сешто преименуваш. Баш ме интересира како ли ги викаш твоите дома?

За последната реченица, реков нешто но изгледа тешко е секој да ја разбере. :D
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Јас само знам дека никад нема да ја достигнете нашата слава,научете да живеете со тоа.:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Јас само знам дека никад нема да ја достигнете нашата слава,научете да живеете со тоа.:)
Ти само не знаеш дека никад (никогаш, never) е многу голем збор за еден мал хомо сапиенс. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
С

сашенко

Гостин
За оваа слава збориш или? Па фала богу дека нема.
Да имаше мојот клуб такви навивачи како тебе немаше ни оваа да ја држиме во раце.Ке останевме таму во мизеријата каде што само преку суд можеа да не пратат.Ама имало и секогаш ке има луѓе кои го почитуваат и сакаат овој клуб па без разлика колку е сјебана ситуациајта секогаш сме излегувале на крај и сме се враќале на врвот.
 
S

schtrafzenigger

Гостин
Да имаше мојот клуб такви навивачи како тебе немаше ни оваа да ја држиме во раце.Ке останевме таму во мизеријата каде што само преку суд можеа да не пратат.Ама имало и секогаш ке има луѓе кои го почитуваат и сакаат овој клуб па без разлика колку е сјебана ситуациајта секогаш сме излегувале на крај и сме се враќале на врвот.
Ok.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.608
Поени од реакции
22.620
Прогуглај малку кој се најдобрите младински школи во светот па ќе видиш;).
Од тоа што јас сум го читал, единствена италијанска школа која се спомнува меѓу најдобрите во Европа е онаа на Интер.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.999
Поени од реакции
45.448
Од тоа што јас сум го читал, единствена италијанска школа која се спомнува меѓу најдобрите во Европа е онаа на Интер.
Интер во последно време многу инвестира во младинските погони и направија разни претумбации и тргнаа по примерот на Ајакс и Барселона, мислам и дека дел од кадрите на Ајакс дојдоа во Интер да работат ама ова не ми е апла проверено инфо.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998

ти само сонувај .....
Цел свет знае на кој срамен начин дојдовте до овие трофеи.Сега случајот е во рацете на УЕФа и ќе си вратите све што земавте;)
п.с

Додека јувентините уживаа во мајсториите на Зидан,Трезеге,АДП,Турам,Недвед,Каморанези,Замброта,вие се крстевте во Шуќур и Емре Белозоглу,сега уживам во играта на млади звезди во подем како Маркисио,Видал,Џандонато,додека вие се надевате во згаснати звезди како Форлан:icon_lol:Историјата се повторува!:P
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.999
Поени од реакции
45.448
Цел свет знае на кој срамен начин дојдовте до овие трофеи.Сега случајот е во рацете на УЕФа и ќе си вратите све што земавте;)
Лелеј, сериозно, после ова боље баталете го муабетов со него на темава, безцелно е да го трошите времето на ваков трагикомичен детски муабет ...

Совет до тебе, информирај се подобро и засновај ги твоите ставови врз факти, а не врз претпоставките у твојата глава зашто вака испаѓаш смешен, бидејќи ова што го говориш благе везе нема со реалноста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom