С
сашенко
Гостин
Во ред е тоа видов подоцна од постот на Син...
Види, не можам да го земам овој натпревар во целина од 90 минути и да кажам кој бил подобар. Јасно дека беа подобри во второ полувреме. Но само поради интервенцијата на Роки. Ти мислам дека влегуваш кај нас на фан-клуб и треба да знаеш дека да играа лошо уште во 30 минута ќе ги пцуевме од Цезар до Морати. Немавме проблем со играта. Така да немам поплаки на екипата, освен на грешката на нагасаки, кој и онака играше од што мораше некој да го замени Киву.
Тоа е.
Ке спомев за тоа погоре.Интер не изигра лошо, ниту пак Наполи којзане како добро.Имале замисла некоја и двата тима и едноставно Наполи си го изиграа своето подобро.Имаа среќа (за повеќе од тоа не се осудувам да речам зошто тоа со судиите не ми се свиѓа) и го искористија тоа одлично.Е сега колку точно можам да кажам јас.Иако сме гледале ист натпревар секој го гледа на различен начин.Јас гледав обичен фудбалски натпревар, ти го гледаше твојот омилен клуб.Јас ги гледам и двата тима на ист начин, ти твоите си ги познаваш повеќе и си ја анализираш играта на нив.Ти ги познаваш нив, знаеш како играат и што е добра игра на интер а што не.Често пати и мене ке ми речат Јуве изигра добро или лошо а јас не се сложувам со тоа.Така да тоа ти си го знаеш подобро.Мене ми се свиѓа како игра Наполи, дечките се добри.За Интер незнам што да ти кажам.Сум ги гледал и ова е далеку од тоа што можат.Интер има капацитет не да се надигрува со овие екипи туку да победува.Се под тоа не е добра игра на Интер.А 0-3 е нешто далеку под очекувањата.Јас сеуште си стојам на тоа дека Раниери нема да направи ништо.Човекот нема карактер, а на Интер тоа му треба.Му треба тренер лидер, а во Раниери никогаш не сум гледал лидер.Знаеш дури и како навивачи некогаш ке си речеме добар Интер или Јувентус и Милан се користни за лигата.Конкуренцијата колку е лоша толку е и добра.Можеби повеќе добра отколку лоша.Интер ми е противник само кога игра со Јуве, настрана "омразата" и се друго ова е фудбал сепак.Спорт е нели? На коментар на фан клуб интер или серија а не се сеќавам поради ова размислување "ништо не правите со Ранери" бев скоро опцуен.Некои луѓе овде не сваќаат дека не ме плаќа Јувентус за да нервирам фанови на ривалите.Едноставно искажувам свое мислење кое немора секогаш да биде за сеир или за да провоцирам некого.А дечково со коментарот еве пак ке го цитирам "вакво местење немаше ни во времето на Јувентус' ме извади од кожа.Ама нема врска тоа.Иначе не пратев многу што пишувавте по фан клубот на време на утакмицата, ја гледав јуве-милан темата повеќе зошто застрани таму муабетот ептен.
Ајде уште еднаш честитки за играта на Рома.Следниот пат повеќе внимание ке обрнеме на позитивните работи
