Наполи има проблем на самодоверба, т.е. комплекс од посилните екипи. Неверојатно лесно знаат да изгубат на гости, исто и од Интер изгубија 3-1 мислам на Меаца онака, уште не почнат натпреарот. Оние кои го пратат повеќе Наполи по нивното враќање во лигата сигурно забележале дека на почетокот Наполи беше „домашна екипа“. Тие играа одвратно лошо на гости но нивниот стадион ги вадеше. Полека(а може и не така полека) напредуваа и последната сезона одиграа одлично и на гости, ама комплексот сеуште е тука. Им фали самодоверба ако сакаат да отидат уште понапред. Реални да бидеме, оваа година се уште посилни, кај нив квалитетот не е спорен. Мислам дека ќе го направат првенството многу интересно, ништо не ме чуди кога се тие во прашање.
P.S.
4.0 е коефициентот дека ќе ја поминат фазата по групи во ЛШ, за тие кои сакаат да пробаат.