- Член од
- 8 април 2010
- Мислења
- 1.182
- Поени од реакции
- 281
Не си информиран доволно затоа те чепнав за ова:
Интер прв почна да се подготвува за фер-плејот. Троши минимално, трансферите се финансиски гола вода во однос на она што се трошеше некогаш. Има најдобра школа во Италија изминативе години што помага многу при трансфери, дури и децата да не станат калибар за прв тим. Пацини дојде за 12 милиони + Биабиани. Нагатомо дојде џабе во замена за Сантон а ако се покаже како добар ќе чини само 4 милиони. Дестро замина во Џенова од каде редовно им земаме одлични фудбалери. Предходно и Аквафреска. Се следат помлади таленти како Ранокиа кој дојде сега, Вивиано кој ќе дојде најверојатно во јуни, Кутињо кој дојде од Бразил за мали пари а има потенцијал да стане голем. Токму трансфер политиката го подигна Интер, се греши како и секаде, но има и одлични трансфери.
Од друга страна, Јувентус акна 100 и кусур милиони последниве две години за ништо, а има за давање 42 милиони за да ги задржи најдобрите играчи кои му се на позајмица. Милан има за правење обемен ремонт поради тоа што има многу играчи кои се за пензија и неколку кои не се за во екипата. Интер е во најдобра позиција за следниве години.
Па од каде тогаш толку во минус Интер ако ефтино ги зема играчите ? Милан е за ремонт ама и вие не сте подоле. Лусио e 32 години, Самуел исто,од оваа година 33 ќе се, Занети 37, Милито 31/32 , Камбиасо 30, Станкович и тој едно 32/33. Проблемот е што тие млади играчи што ги наброја не играт доволно. Се форсираат старите.
Најголем профитер од финансиското фер правило според мене ќе биде машината за правење пари Реал. Најголеми приходи ќе имаат и ќе си дозволуваат скапи трансфери.
Италијанските клубови (поголемите) зависат од сопствениците. Јуве од семејството Ањели, Милан од премиерот Ебач, Интер од Морати.