Falcao
rossonero per sempre
- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 1.986
- Поени од реакции
- 561
Во право си за двете според мене:
За првото, не мораше да го исклучи, посебно што не шутна којзнае колку по свирежот на судијата ми се виде дека релативно брзо беше. Во секој случај, ова и вас ви оди во прилог, зошто кај нас го исклучи 15-тина минути при 3-2, а со Милан нема да игра воопшто. Штета бидејќи ми се виде како еден од подобрите во Чезена.
За второто, имам едно мислење кое важи без разлика дали игра Интер, Милан, Јувентус или кој и да е друг: ако топката погоди играч во рака во 16 метри и при тоа го смени правецот - пенал е.
За жал, не може да се дискутира за тоа на форумов зошто истите кои бараат пенал за противнички тим, кога се работи за нивниот викаат дека не било намерно. Дај изјаснете се сите веќе еднаш :)
Шознам, на кој како му оди во прилог - така си го толкува.
Имам слушнато и прочитано неколку потрпавила на правилово само незнам дали има некое пропишано а сигурно има. Пред некој месец едно другарче полагаше за судија и имаше мал милион правила за фудбалот, дури се зачудив некои од нив прв пат ги сретнувам а играм голем фудбал 3 години.
А за пеналот, кој судија како сака ..така свири, суди за поголемиот тим ..значи ако беше истата ситуација на спротивната страна поверојатно ќе беше да свирне пенал за Интер ..него ли за Чезена.