Serie A 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?


  • Вкупно гласачи
    417
^ Лусио си идеше тука на пенал и си го изнуди, т.е. си ја искористи таа реакција на противничката одбрана и тоа е тоа, нит прв е така што реагирал нит последен, поготово против одбрани кои имаат недостаток на искуство.

И у секој случај, неспоредливо е тоа со она на Красич, не може во исти кош да се стави.
 
Наместо да го осудите тоа што го направи смрдлено Красиќ вие плачете ко средношколки за кур, си го доби тоа што го заслужи по правилата.
 
Syn, дај да ги видам изјавите на Вентура и играчот. Чисто само сакам да прочитам што кажале ?
Сериозен си ? Иди на гугл и побарај ебаго, ја од fcinternews, на италијански ги читав пред скоро месец, никој немаше никаква замерка за судијата и за пеналот, ниту пак најдов во репортажи правени од рандом новинари на football italia и goal.com ...
Вентура потенцираше дека од една страна Интер биле многу јаки, но и дека Бари праеле кардинални грешки во одбраната, и алудираше и на пеналот меѓу другото, сепак, 4 гола примија.

На крај краева, постирај го видеото на Красич и овој старт над Лусио, разликата и слеп човек ке ја уочи.
 
Ситуациите на Красиќ и Лусио се неспоредливи не се будалете :) И Пипо Инзаги чекаше барем да го погледнат накриво за да падне, а овој Красиќ не го ни погледнаа, од ветар во грб падна :)

Сепак не сум за така строго казнување на играчите по оваа основа, од причината што ја наведов во преходниот пост.
 
remember this !?!?! :pos: :pos: кога сме веќе кај тој муабет :)

 
Многу чудно правило, според мене нема никаква смисла. Знам дека и предходно казнувале играчи за симулација на пенал, од она што го прочитав, Ивица Илиев бил казнет за натпреват Месина - Асколи, Адриано бил казнет и Залајета на натпревар токму против Јувентус. Значи правилото постои и се е во ред со тоа.

Мене ме чуди, и ако може некој да ми објасни: како тоа ако судија те забележи дека симулираш треба да ти покаже жолт, а ако не те забележи да добиеш два меча бан? :) Гревот на фудбалерот е истиот во двата случаи, судијата е тој што ја прави фрката :)

Ова правило ми е чудно, исто како она според кое ако му ги извадиш цревата на противникот како Бурдисо со Конти, добиваш 2 меча, а ако гестикулираш „лисици“ добиваш еден куп :)

Мислам дека не е во ред вака.

Ова буквално го зборвев пред 2 страни. Добро е да се виде дека има и некој друг шо ова не му е јасно. :)

И Hacket_Man (или како и да ти е), ова од Лусио и од Красич го споредвиш!? :nesvest:
 
Вчера, на терен влегоа 30 души, скоро и да почнаа bar brawl па никому ништо. Неста на г`з го седна оној од Наполи. Ибрахимович од дома дојде да дели копита.

Максимално си во право :tv:

--- надополнето ---

И Пипо Инзаги чекаше барем да го погледнат накриво за да падне, а овој Красиќ не го ни погледнаа, од ветар во грб падна :)

И ти си максимално во право. :toe::) Незнам зошто се жалат јувенташиве кога Бред Пит може гомна да јаде во споредба со Красич. :toe:
 
^ Красич може гомна да јаде во споредба со 0.jpg.Уште треба да учи од Дедо Перо за биде world class diver...
 
Сериозен си ? Иди на гугл и побарај ебаго, ја од fcinternews, на италијански ги читав пред скоро месец, никој немаше никаква замерка за судијата и за пеналот, ниту пак најдов во репортажи правени од рандом новинари на football italia и goal.com ...
Вентура потенцираше дека од една страна Интер биле многу јаки, но и дека Бари праеле кардинални грешки во одбраната, и алудираше и на пеналот меѓу другото, сепак, 4 гола примија.

На крај краева, постирај го видеото на Красич и овој старт над Лусио, разликата и слеп човек ке ја уочи.

Или не :)

Тука,
Тука,
Тука,
Тука
Тука

Toа е се што најдов. Никаде не го спомнува пеналот затоа што ке беше смешно да се вади на истиот, а примија 4 комада. Згора, пеналот не беше круцијален за натпреварот. А за тоа дека го оправдува пеналот - мало морген. Во ниедна изјава.

п.с. Нигде не успеав да најдам изјава на Ривас
 
Ја ти реков каде читав, не измислувам работи, поготово не за ваква банална ствар, на крај краева па овде никаде не ни има дека го критикува судијата за досудениот пенал, да имаше симулација при 2-0, сигурно дека ке се искоментираше и тој момент, бидејќи 2-0 е сеуште активен резултат за противникот, 1 гол и нештата ке се сменат, вака со '' подарен '' пенал за 3-0 пиши пропало е ...
Баш добро ја памтам неговата изјава т.е. реченица за тоа дека играле само една минута ( во први 30 секунди погодија статива ) но и дека правеле глупави грешки во одбраната, ко пеналот.
А бидејќи се осврна и на текст од goal.com, еве и они што пишале за Ривас

His senseless tackle on Lucio led to Inter’s third, but the game was over by then anyway.

Нејсе и тоа, незнам што толку се трудиш да ми објаснуваш тука за ситуација која е чист пенал, а згора на се, да е побанална дискусијава, у исти кош да ми ја ставате таа ситуација каде има контакт кој ете, ти не сакаш да го видиш, со онаа ситуација на Красич. Боље да се запрашавте, ко фанови на Јуве, зашто играч ко Дел Пиеро кој лани симулираше пенал со Лацио не беше санкциониран, а сега Красич го јаде ...

p.s. И footbal italia што велат за пеналот врз Лусио

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]Inter received another spotkick when Lucio pounced on a poor Masiello backpass in the area and was tripped by Rivas[/FONT]. :wink:
 
Добро бе fossil кај го ископа ова жити се, ја не памтам завчера што се десило :)
1. Блага врска немаат двата случаи, вакви како Лусио има цело време. Има и контакт меѓу Ривас и Лусио. Стартот на Ривас врз Лусио е дискутабилен, старт над Красиќ немаше и нема никаква дискусија за тоа, и затоа заеби дефокусирање од темава.
2. Ако ги казнуваа сите што симулирале ќе нема коло без казна, очигледно е од постот што го пишав предходно дека само неколку казни има минативе години, за апла а ла бускец симулации. Една од тие казни е Залаета за изнуден пенал против Јувентус, претпоставувам тогаш сте немале ништо против.
3. Стојам на ваша страна во случајов дека ова воопшто не треба да се казнува со бан, ама на овие во FIGC правилата им се не дај боже. Да практикуваа во ФИФА такви, Анри требаше да добие доживотна за голот со рака со кој ја одведе Франција да се резили на Светско...
 
Види, не го свакајте лично овоа со Лусио, да не биде сум се фатил за него ко слеп за стап. Он е само пример, паралела на Красич. Да има нешто вакво од некој од Киево, него ке го стаевме тука, али не ми текнува мене затоа што нив многу помалку ги пратам од Интер. Ако има некој од другиве екипи слободно ставете него ке го коментираме.

Значи општо, бановите по натпреварите не се одредуваат фер и коректно. Класичен пример е оноа со Дел Пиеро (има и други али ке го земам него). Не беше тогаш суспендиран, денес Красич е. Ако така налагаат правилата, се согласувам истите да се почитуваат, но и исто да се применуваат на сите фудблери, без исклучок на било која основа. Ако паднал Красич слободно нека му следи суспензија. Ако паднал Дел Пиеро - слободно и он нека одмара. Ако паднал некој трет и тој. Без исклучок.

Онде, Ливерпул кога ги гледам цело време рипам од столче, мислејќи дека Џерард умрел во трачање со тие неговите паѓања . Тој по 2-3 пати секоја утакмица се фрла во 16 па никому ништо. До сега требаше во затвор да оди. . .

Да заокружам
Ако се прекршат правилата, тогаш сите фудбалери треба да застанат еднакво пред истите. Без разлика дали е Красич, Дел Пиеро, Лусио итн.
Се надевам дека Италијанската федерација ке знае да го спроведе тоа.
 
И Hacket_Man (или како и да ти е), ова од Лусио и од Красич го споредвиш!? :nesvest:
Добро е, не си промашил.. а за ова Лусио-Красич не беше споредба ама ти си го сватил така.Јас фино лепо си прашав само дали и Лусио доби суспензија поради симулирањето бидејќи немаше никаков контакт од страна на играчот на Бари.
 
Добро е, не си промашил.. а за ова Лусио-Красич не беше споредба ама ти си го сватил така.Јас фино лепо си прашав само дали и Лусио доби суспензија поради симулирањето бидејќи немаше никаков контакт од страна на играчот на Бари.
E да, нема у твојата глава, на видеото има, дури и сите спортски медиуми во репортажите пост мечот алудираа на КОНТАКТОТ кој постоеше и никој не пренесе по мечот дека Бари биле оштетени, дека Лусио симулирал и слично ...
Зашто да добие Лусио тука суспензија ? Кразич симулираше контакт и падна ко покосен, Лусио не, зашто контактот постоеше, што тука тебе ти е нејасно?

На крај краева не е проблем суспензијата на Красич, проблемот е што ИФФ се селективни а од таа селективност лани и Јуве имаа ќар кога Дел Пиеро симулираше пенал со Лацио, а и да, чудно е што баш сега пред дербито со Милан пак се удира на ваква казна али јебига, биднало, ко што бидна и лани Маикон да добие директен црвен пред дуелот со Јувентус за нешто што всушност и не го кажал, тоа е едно, а и тука стануваше збор пак за селективност бидејќи Мело за 10 пати полоша работа кажана на линискиот судија со Џенова не доби црвен.

Соочете се дека така функционира Италијанската Фудбалска Федерација и полесно ке ви е, во иднина пак ке бидеме сведоци на вакви нешта, лани дебакли се случуваа контра Интер, играчи беа казнувани за нешто што никад не го направиле ( со официјални потврди од противничките клубови ) па никому ништо.
 
Добро е, не си промашил.. а за ова Лусио-Красич не беше споредба ама ти си го сватил така.Јас фино лепо си прашав само дали и Лусио доби суспензија поради симулирањето бидејќи немаше никаков контакт од страна на играчот на Бари.
Имаше контакт, контакт со коленото, сега ако се правиме слепи при видео снимки како што се прави и вашиот идол Моџи, тоа е друг муабет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom