Serie A 2010/2011

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Serie A?


  • Вкупно гласачи
    417
P

PewDiePie

Гостин
Ибра е на заем земен, до крајот на мај идната година, со опција да се купи(ваљда на ова мислеше).
Робињо е целосно откупен.
Еј добар си бе фала што ми кажа,знам,ама не е само со опција за откуп туку договорот е таков по документи оваа сезона ја игра како позајмен а мора да биде откупен на крај на година за сума од 24 мил на што ќе се плаќа две години на две рати по 12 мил иначе ќе потпише 4 годишен договор. Нешто слично како Бориело оваа сезона ја игра како позајмен а на крај на сезона Рома ќе мора да го откупи за 10 мил.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.901
Поени од реакции
23.296
Вашите страшно го посакуваа,ама најверојатно неможеа да си го дозволат.
Тоа е, се нема пари за 13 мил вреден играч.
Штета , ќе мора да се задоволиме со Ибрахимовиќ и Робињо :nesum:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Знам како се правилата, па затоа ти викам да се сменат. :) Јас не викам да се даваат само жолт, туку да се даваат по два натпревари суспензија за глумците во шеснаестикон (значит само за пенал ко ќе сакаат да одлглумат).
Глумецот доби 2 натпревари суспензија?
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.293
Фановите на Милан, па многу јасно дека ке бидат задоволни, немаат причина за спротивното..
Се знаеше дека ова ке се случи, незнам зашто сте изненадени, не за друго, во Серија А не е прв пат ваков тип на казна, имало и од 3 меча суспензија ради симулирање на пенал ...

Е сеа лошо е што Јуве ке биде десеткуван бидејќи Красич им е 1 од најдобрите играчи а и ке му одговараше моменталниов Милан бидејќи имаат проблеми на бековските позиции, а и Антонини им се повреди па незнам дал ке настапи со Јуве.

А оној од горе што се брука со фаулот над Лусио, и играчот на Бари по тој меч кажа дека направил глупава грешка за пеналот и наивно реагирал, а истото го изјави и нивниот тренер, таму КОНТАКТ има, кај Красич немаше, споредувате црно со бело, две ситуации кои врска си немаат.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
А оној од горе што се брука со фаулот над Лусио, и играчот на Бари по тој меч кажа дека направил глупава грешка за пеналот и наивно реагирал, а истото го изјави и нивниот тренер, таму КОНТАКТ има, кај Красич немаше, споредувате црно со бело, две ситуации кои врска си немаат.
Да, да, фаул имаше и тоа за црвен картон ... уствари шо се расправам јас кога само во ваша корист гледате ... бидете малку реални !!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.293
Да, да, фаул имаше и тоа за црвен картон ... уствари шо се расправам јас кога само во ваша корист гледате ... бидете малку реални !!
Па реален сум, самиот играч призна дека реагирал глупо, наивно и непотребно у една таква ситуација, истото го кажа и Вентура ебате, пореално од тоа нема.
И реков вчера, мене ко фан на Интер, у ситуацијава реално ке ми одговара Милан да не победи, нели ? Зашто би се сител и би терал на сеир муабет за оваа суспензија, ама реално, истата е оправдана и се знаеше дека ке се деси, тука ништо чудно нема, ете, Адријано од погоре гледаш и самиот, си доби 2 меча суспензија по таа симулација, а реков, имало случаји во Италија каде играчите и по 3 меча биле суспендирани поради тоа.

А глеам на темата на Јувентус, покрај чистион пенал над Лусио од погоре, ставени се и симулации од средина на терен, кој фејл чоече, од проста причина што ова се однесува само за симулирање внатре у шеснаестерец.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.741
^^ Аабе не се заебавај, гледај го Лусио се корне од смеење од проста причина што се фрли како со црна стрела да го гаѓаат. На клипот погоре не се гледа ама баш од ниеден агол дека има фаул. Лусио трча со намера да се удри у противничко колено, али овој се трга на време. Траги - комично е да се помисли тука на пенал, а камоли да се суди.

Вчера, на терен влегоа 30 души, скоро и да почнаа bar brawl па никому ништо. Неста на г`з го седна оној од Наполи. Ибрахимович од дома дојде да дели копита. По еден жолт и glej si poso tetka Roso. На црвен картон уопште не се ни помисли, не па на било каква суспензија, а тие очите ке си ги извадеа таму.

Не се суди фер и коректно. Тоа е факт. За тоа лаат сите фанови на Јувентус во Италија
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.293
Добро де, според тебе не е пенал, според играчот на Бари, според Вентура и остали е пенал и тоа е тоа. Таму како и да ја вртиш, контакт има, апла е очигледно дека на истиот иде Лусио ама и го доби, затоа и беше онаа изјава на самиот играч за наивноста со која наседнал у таа ситуација. И Милито лани исто со Фиорентина изнуди пенал, чекаше контакт и го доби, нит Прандели ни некој од играчите се бунеше. Тоа се оние наивни потези зачинети со голема доза на неискуство на дел од играчите, од друга страна па оние кои ги изнудуваат тоа го прават доста искусно и подло. На крај краева Интер веќе водеа 2-0, не беа у ситуација да се користат со такви средства за да дојдат до победа.

Ја пак ке кажам, не ми одговара мене пример, ко фан на Интер што Јуве сега ке биде гадно десеткуван, али што е тука е, основа за суспензија имаше и истата е добиена.

За она вчера немам коментар, може само Ибра да биде санкциониран но со жолт од судијата, за вакви ситуации не сум сретнал некој фудбалер да биде суспендиран бидејќи не удри фудбалер него само се убаци со пола стручен штаб на Милан а и дел од другите играчи од нивната клупа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.534
Поени од реакции
59.077
Многу чудно правило, според мене нема никаква смисла. Знам дека и предходно казнувале играчи за симулација на пенал, од она што го прочитав, Ивица Илиев бил казнет за натпреват Месина - Асколи, Адриано бил казнет и Залајета на натпревар токму против Јувентус. Значи правилото постои и се е во ред со тоа.

Мене ме чуди, и ако може некој да ми објасни: како тоа ако судија те забележи дека симулираш треба да ти покаже жолт, а ако не те забележи да добиеш два меча бан? :) Гревот на фудбалерот е истиот во двата случаи, судијата е тој што ја прави фрката :)

Ова правило ми е чудно, исто како она според кое ако му ги извадиш цревата на противникот како Бурдисо со Конти, добиваш 2 меча, а ако гестикулираш „лисици“ добиваш еден куп :)

Мислам дека не е во ред вака.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.797
Поени од реакции
44.293
Епа според некои од горе, истово има логика зашто се удира остро на симулаторите, а нели, се настојува на фер плеј па според нив ке се редуцира бројот на играчи кои ке се осудуваат да симулираат прекршок во шеснаестерец.
 
М

Мартин`

Гостин
Глумецот доби 2 натпревари суспензија?
И што е глумење во ова ? се залета човекот малце го чепнаа и нормално дека ќе падне плус директно на колена од таква висина не гледам што се преправа искрено, е сеа што вие си барате утеха за Красич е друга работа.

И не гледам зошто би ризикувал за глумење кога веќе имаа резултат 2-0 ;)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.741
Syn, дај да ги видам изјавите на Вентура и играчот. Чисто само сакам да прочитам што кажале ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom