Интер - иако многумина мислат дека со заминувањето на Ибра Интер е ослабен, а прво и јас бев меѓу тие, сепак кога ќе размислам убаво воопшто не е така. Ето’о е и повеќе од достојна замена, играч од светска класа, а плус тоа нападот е побогат и за Милито кој лани даваше гол кога ќе посакаше. Ибра важеше за егзекутор на малите тимови, додека на пример во Лигата на Шампионите никаде го немаше. затоа повторно Интер е најголем фаворит според мене.
Јувентус - дефинитивно единствениот клуб кој може да му парира на Интер во моментов. донесоа добри играчи, ги задржаа стандардните, се на се убав и позитивен трансфер пазар. ако не дојдат до Скудеттото тогаш второ место не им бега.
Фиорентина - ако лани беа 4ти, сега ќе бидат 3ти. имаат јак тим, но не доволно за борба за титулата. Џила, Муту и Јоветич го прават еден од најсилните напади во цела лига и се освен пласман на местата кои водат Лига на Шампиони за Виола ќе биде неуспех.
тоа се првите 3 кои сум 90% сигурен дека така и ќе бидат. за другите, Милан би требало да биде 4ти, Рома, Џеноа и Наполи да се бркаат за Еуропа Лига местата, а Лацио нема никакви шанси да оди горе. повеќе мислам дека Каљари и Палермо може да бидат пред Лацио, а и Удинезе и Парма би требало да прават проблеми.