Serie A 2009/2010

Кој според вас ќе ја освои Serie A во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    534
Статус
Затворена за нови мислења.

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Оваа сезона очекувам главна борба да се води меѓу Интер и Јуве.Интер 4 години по ред е шампион на Италија,изгубија играч како Ибрахимовиќ,а добија одличен одбранбен играч Лусио,Мота кој солидно ја изигра минатата сезона и 2ца одилични голгетери Ето и Милито мислам дека пак се главни фаворити за освојување, но не треба да се заборави и на Јувентус кој се засили/ослабна во одбрана со Канаваро и средината со Мело и Диего имаат нов тренер кој може да изненади како Гвардиола минатата сезона.Милан со продавањето на Кака кој им беше главен играч не знам што планира наредната сезона очекувам пак да завршат 5 место:).Рома очекувам да бележи добри резултати и пак да се врати во ЛШ наредната сезона.Фиорентина има одличен тим уигран,добар тренер,но со продавањето на Мело се далеку послаби во средината се надевам дека ќе најдат достојна замена за него и пак да се изборат за ЛШ наредната сезона.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Интер ке биде шампион....купија екстра играчи во Милито,Ето,Лусио и Мота...ке се доведе уште плеј...
И Јуве не е послаб,но со тиња одбрана и тапа тренер,со недоволно искуство во таа работа,ке бидат како лани исти...
За Милан не коментирам,ги жалам само...
Најголеми изненадувања оваа сезона ке направат Џенова и Наполи...
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
Da se nadeveame dek borbata za titula ke bide dosta pointeresna od minatata sezona inter i juve glavni pretendenti za titula.

Токму така...Форза Милан...!:vozbud: Милан ке биде или 1 или 2....
Gledaj malce realno nz so koj pojacuvanja za razlika od minatata god ke se borite za 1 ili 2 ro mesto ne go svakaj ova za navreda ali nemate tim koj ke se bori protiv inter i juve za zal.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Мислам дека во оваа сезона за титулата ќе се борат три екипи, Јувентус, Интер и Милан. Многумина уште пред почетокот на сезоната го отпишаа Милан ама јас не се сложувам со тоа.
Како и да е ова првенство очекувам да биде далеку поинтересно од претходните неколку.
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Oваа cезона повторно Интер ке бидат шампиони
Имаат cупер компактен тим и миcлам дека ке бидат повторни шампиони
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.907
Поени од реакции
23.317
Да почнемо од шампионот. Го загуби Ибра што го загуби, но за нас другиве тоа не е утеха, Интер е посилен од а лани заврши со +10, значи тешко многу тешко и годинава некој да го симне Интер од тронот. Но у секоја идила има по некое но......
Милито според мене ке биде најдоброто засилување на Интер, пошто е више докажан у сериа А, но незнаемо дали Ето ке успее да се прилагоди, ако успее тоа тоа е печат на титулата, ако не успее минимална шанса за конкурентите. Плус Лусио и Мота се исто добри засилувања пред се паметни, и останува до крајот на трансфер прозорецот да си земат една 10-ка и да си го ладат, ако немаат проблеми со повреди ке се прошетаат до титулата.

Јуве- Јуве го направи најдобриот пазар сезонава, со Диего и Мело, за Кана ако го планираат за клупа тоа е добар потег, но ако го планираат за прв тим, скептичен сум по тоа прашање. Сите играчи остаа (освен Недвед), плус Џовинко е една година позрел и поискусен Јуве има тим за шампионска титула дефинитивно. Но.....
Мело е докажан играч у Сериа А, но Диего не е, играч кој несомнено поседува голем фудбалски талент, но сите знаеме каков талент поседува Кварезма, па како беше лани, ако не успее Диего да се приспособи на италијанската игра Јуве тешко дека ке биде конкурен. Како и кај Милан. најголем недостаток на хартија гледано ке биде неискусниот тренер но тоа е школа на Липи па може да биде сосема спротивно од очекувањата, и Ферара да биде Пеп на новата сезона ( да го заборавиме тимот што го имаше Пеп :) ).

Милан. Сито го отпишувате Милан уште од сега, а незнам зошто, изгледа сите заборавиле дека во Милан играат имиња како Роналдињо, Пирло, Пато, Гатузо, Неста. Можеби се вон форма, и немаа брилијантна сезона, но ваквите играчи можат да блеснат во секој момент, и да победат секого, јас не се оптоварувам многу со овие пријателски и тие не треба и немора да значат ништо. Тренерот е нов исто како и кај Јуве, млад неискусен но добрите познавачи на Калчото знаат дека Берлу донесе еднаш одамна млад неискусен тренер кој се викаше Фабио Капело кого никој не го знаеше и не му веруваше освен раководството на Милан а кој направи генерација на неподлив Милан кој с епромовираше у еден од најдобрите тренери во светот. Плус трансфер периодот не е завршен и има уште време да се засили, со еден шпиц и лев бек милан е веднаш конкурентен, и ако ги одминат повредите ( кои прошлата сезона го убија Милан), тимот може да биде сериозен кандидат за титулата.

И според мене кругот тука се завршува останува борбата за четвртото место каде подеднакво конкурираат Рома, Наполи и Виола. Мој фаворит е Фиорентина
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
јас мислам дека Јуве ќе освои оваа година...ќе го изденадат Интер
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Добро е што сте отвориле нови теми. Попрегледно е и ќе се фокусираме на сезонава а не на што било како било пред годиниве. Претпоставувам дека штом стои ваков наслов, сите дискусии за порано (знаете на што мислам) би требало да се сметаат за оф-топик.

Енивеј, анкетите се бескорисни, служат само да се преброиме кој за кого сме. Подобро е ако веќе ги има прашањето да биде: кој сакате да победи оваа година? Затоа што поголемиот дел од тие што гласаат за своите го прават тоа само за статистика.

Еве пример:



И еден обид за давање аргументи, иако според мене ништо од ова не држи вода:



Со почит кон сите фанови на Милан, ама оваа година го отпиша цел фудбалски свет а не само форумџиите овде. Значи да бидам попрецизен: Милан нема никакви шанси за скудетото оваа година. Не се работи за тоа дали секогаш победува фаворитот. И да не победи фаворитот, пак победникот нема да е Милан. Милан нема смена на генерации и Леонардо не ги испробува играчите како што тоа проба да го „аргументира“ членот погоре. Милан изгуби играчи и не ги надополни со нови (адекватни), а Леонардо се мачи да направи нешто со она што го има на располагање. Сезоната е долга и потребен е силен тим и силна клупа за да се освои скудетото, а Милан едвај има 11 играчи за прва постава и мизерна клупа. Кога ќе почне сезоната со повреди, жолти/црвени картони, тоа ќе биде ужас. Загубата на Кака е огромна и не може да се надомести со тоа што ќе се купи еден напаѓач, тоа е сулудо и да се помисли. На Милан му фалат играчи во сите линии.

Не сакам да навредам некого недај боже, ама реалноста е таа и ќе се покаже многу брзо. Интер и Јувентус ќе се борат за скудетото и се друго би било првокласна сензација оваа година во калчото. Интер го загуби Ибра но има 4-5 нови играчи во сите линии и клупа која може да ја издржи сезоната. Јувентус исто така се засили со Диего и Мело и вчера покажаа дека се одличен тим. Наполи е по дифолт домашна екипа која се мачи на гости а Џенова не верувам дека ќе ја повтори минатогодишната сезона. Единствено Рома никогаш не ја отпишувам од борба за највисок пласман затоа што играат поофанзивно од другите и кога ќе влезат во серија се многу опасни. Но сето ова е борба за место во ЛШ. Главниот збор ќе го имаат Интер и Јувентус.
oк крајот кажува се ќе видиме.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Главната борба очекувам да се води меѓу Јуве и Интер. Најкомпетентни состави имаат, и мислам дека се за нијанса погоре од Милан, Рома, Фиорентина.

Околу ланскиот шампион, нема многу да се кажува. Дадоа феноменален играч, еден од најдобрите во Серија А, но исто така се засилија со Лусио - капитенот на бразилската репрезентација и одличен фудбалер, двајцата најдобри играчи на Џенова кои ја качија својата екипа на петтото место, и на крај, го донесоа еден Ето, гол машина со која го комплетираа тимот. Остануваат фаворити, меѓутоа ќе треба тоа да го докажат и на теренот. Сепак, ќе треба да се види како ќе се покажат без Ибрахимович, играчот кој им беше водечка сила изминативе 3 години.

Јувентус, главниот конкурент на Интер и мојот фаворит за оваа сезона, конечно склопи тим кој ќе биде доста поконкурентен одколку што беше изминативе години. Тим со кој може да се пофали. Најдобрата напаѓачка линија во Италија несомнено, среден ред на кој би му позавиделе многу тимови, најдобриот светски голман, најдобриот дефанзивец во Италија според многумина. Сосема компактен тим со кој Чиро може да се надева на големи успеси. Микс на искусни (Дел Пиеро, Канаваро, Трезеге, Каморанези) и млади (Киелини, Сисоко, Диего, Џовинко, Маркисио) играчи кој гарантира добри резултати. Одличен трансфер маркет имаа летово, донесоа одлични играчи (Диего, Мело, Касерес, Канаваро) кои ги додадоа на ланската основа, и со кои имаат одличен тим.

За Милан не коментирам уште сега. Со овој тим што го имаат, највеќе што може да очекуваат е 3-4 место. Доколку не се засилат, мислам дека дефинитивно се надвор од шампионската трка.

Исто така морам да ги пофалам Наполи и Џенова, за одличните трансфери што ги реализираа летово и со кои се дигнаа на повисоко ниво. Им посакувам среќа и успех поголем од оној ланскиот.

Дефинитивно ќе гледаме одлично првенство, со конкурентни големи екипи (Интер, Јуве, Милан, Фиорентина, Рома), но и со доста поквалитетни и појаки екипи од ланските (Џенова, Удинезе, Наполи).
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Исто како и лани борбата ке биде ЈУВЕ интер. Но годинава очекувам да бидат заменети само местата на табелата т.е 1.Јуве-2.Интер.
Добивме доста добри засилување,посебно во Диего. Тимот одлично функционира,поконкурентен е од лани и очекувам жестока борба со интер за скудето.

За другиот тим од Милано, немам коментар освен дека ако не се засилат со 2-3 екстра играчи ке се борат за златната средина. Очекувам помалите екипи да бидат пак незгодни противници за поголемите екипи.

Наполи,Џенова и Фиорентина исто така се доста засилени и ке бидат исто конкуренција за врвот горе.
Очекувам многу поинтересено првенство од ланското и нормално,скудето да се врати каде што припага,кај најдобрите. ЈУВЕНТУС!!:helou:
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Милан не е Милан од пред две години тоа мора да се признае и тешко дека ќе биде прв годинава без компактна игра како што имаше.Леонардо ќе има многу работа додека го најде вистинскиот состав.После непреспани ноќи со приателските со Интер,Баерн и Бока кој Милан се покажа во многу лошо издание.Ќе се мачат цела година не дека нема да се борат за прво место али ќе заостануваат по шес,седум бода зад Интер и Јуве.Иако пријателските не значат многу токму затоа служат да се види до кај е тимот а Леонардо може ќе изненади со некоја тактика.

Јувентус е главен фаворит според мене и редно е да биде прв по толку кобни години и куп работи шо му се десија и мислам дека се спремни и зрели да го надитрат Интер и да дојдат до тронот.Е сега за лига шампиони ќе биде потешко зошто се таму Реал(редовни пациенти)Барса,Челзи,Манчестер и др.Очекувам максимум полу финале ако имаат среќа зошто не финале.Да се вратиме на Сериа а.Фиорентина,Рома и Наполи мислам дека ќе водат битка за лш и таму ќе биде интересно а може и да поматат некој бод на појаките.
За Интер не треба да се коментира фаворити во изминативе години па и сега така да ќе се види на крај колку се јаки.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Сезонава во италијанското првенство битката за круната мислам дека ќе ја водат Интер и Јувентус. Милан не го сметам за конкурентен не поради тоа што нема квалитетни играчи, туку поради тоа што сметам дека Милан нема да ја има потребната константност на сите натпревари.

Милан минатата сезона имаше на хартија еден од најдобрите состави, го имаше Кака, го имаше Анчелоти кој беше влезен во шема и доволно добро го познаваше и водеше Милан. Но оваа сезона, со млад недокажан тренер, без Кака, без соодветни бекови и напаѓач партнер на Пато, мислам дека е доста реално Милан да се отпише од трката за титулата.

Што се однесува до Јувентус, екипата се засили доста, доведоа играчи како Диего и Мело, имаат добар напад, добра средина итн итн, но сепак станува збор за промени во средината и промена на тренер кој искрено воопшто не ме плаши, па мислам дека и Јувентус ќе има проблеми со константноста. Јувентус ќе го сметав за вистински конкурент на Интер само доколку земеше подобар тренер, но останува времето да покаже дали сум во право или не.

Интер остана без Ибра, лидерот на тимот, но донесе исклучително квалитетни напаѓачи. Диего Милито без дилема е вклопен во италијанскиот систем на игра, во Интер не се сомневам, доказ за тоа се неговите 3 гола во два подготвителни натпревари. Ето е врвен напаѓач, останува времето да покаже како ќе игра, иако не се сомневам во тоа дека ќе игра добро поради фактот дека е играч за одлука и играч кој не простува. Останатиот тим на Интер е истиот, оној константен од ланската сезона, плус засилен со Лусио (многу добро знаеме кој е Лусио во одбраната), а се очекува уште едно засилување во средниот ред од типот на Хамшик, Деко, Касано.
Она што најмногу ме убедува дека Интер повторно ќе биде шампион е фактот дека Интер го има најдобриот тренер во Италија, ако не и во светот. Мурињо знае како да победи.

Очекувам доста интересна сезона и некаде кај мај догодина Занети повторно да го подигне скудетото.

FORZA INTER !!!
 

lamja25

Grande FIORENTINA !!!
Член од
5 декември 2007
Мислења
2.339
Поени од реакции
66
Spored mene ke bide ista pesna kako lani

Inter ubedlivo na prvo mesto, Milan i Juventus za vtoro, Fiorentina, Roma, Genova i Napoli ke se borat za cetvrto mesto

1.Inter
2.Juventus
3.MIlan
4.Fiorentina
5.Roma
6.Genova
7.Napoli
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.469
Поени од реакции
6.815
Spored mene ke bide ista pesna kako lani

Inter ubedlivo na prvo mesto, Milan i Juventus za vtoro, Fiorentina, Roma, Genova i Napoli ke se borat za cetvrto mesto

1.Inter
2.Juventus
3.MIlan
4.Fiorentina
5.Roma
6.Genova
7.Napoli
а сепак си гласал за Фиорентина :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom