Сендвичи!

  • Креатор на темата Креатор на темата mary_jane
  • Време на започнување Време на започнување
2 кришки стоплени на тост мајонез, кашкавал тенко сечен, шунка тенко сечена, марула. краставичка, патлиџан ммммммммм за мерак
 
Еден слој чајна, еден пршут, и највеќе кашкавал одозгора
 
Мојте најомилени три сендвичи...:pipi:

Леб(крајче по можност) со... мајонез, печеница и исецкан патлиѓан...
Леб со... павлака, шумка, кашкавал, патлиѓан и марула...
Пак леб со... путер, исецкано варено јајце, виршла, бело сиренце, кечап и јогурт...:)

А исто така омилени ми се тостовите а и специјалист у праење на нив, а само туе е важен кашкавалот ако биде тој добар значи се е добро а пак саламата може и да го расипе тостот, а мајонезот му дава посебен укус а исто така и павлатака откако ќе се напрае...:)
 
Едно лепче од оние округлестите мали. Исечен хоризонтално по средината. Повеќе слоеви. Мајонез, кашкавал, стек, исечкан патлиџан, пак кашкавал и од горе по избор пак мајонез и кечап. Е ова ми е најдобар сендвич.
 
Мојот најуспешен сендвич кај интернационалната гастрономска публика. Лепчињата се мачкаат со мајонез и се редат со: чаден лосос мариниран во сок од лимон и малку кари и црн бибер (се остава да се маринира едно полсаат), варено јајце (сецкано на листови), малку блага пченка од конзерва и врз сето тоа се ренда кашкавал (овчи, евентуално мешан-кумановски). Овој сендвич ми го прогласија за највкусен сендвич шо го јаделе у живот еден Француз, еден Австриец и еден Ирец :vozbud: Ама стварно е необична, но многу убава симфонија од вкусови! Пробајте...
 
најчесто правам сендвич кога има дома убаво тркалзено лепче го мачкам со павлака ставам врат или кулен тенки резанки домат и краставица ммм
 

моите најомилени сендвичи

башка на страницава каде ги најдов вели најскапите светски сендвичи :pos2: а јас ова дома за џабе пари ги правам истите





ham-sandwich-main_Full.jpg


Caprese+Sandwich+Open+500.jpg


09_37_16---Egg-Sandwich_web.jpg


world_most_expensive_sandwich.jpg


и нормалнормално неизбежниот хамбургер!

Hamburger_sandwich.jpg
 
дома некад си праам само со мајонез и паштета а иначе јадам и Хамбургер:toe:
 
Со соини плескавици наместо вистински, правам. Ставам и павлака често, краставици, домати, помфрит и слично, а знам само лебче со павлака да јадам, убаво ми е. Не сум по хамбургерите, некако ми се премногу во се.
 
Лесковачка со 250 гр плескавица хаха:back:
 
Сендвич со мајонез пилешка салама и кашкавал.
 
Од измислица и немајкаде си направив ваков сендвич :
Сув леб, премачкан со путер, се капнува малку мед, се реди лист кашкавал, се наросува оригано и малку биена сол.
Се пече дур не се стопи кашкавалот.
Лудница испадна.
А стандард мрсен и хедонистички сендвич ми е следниов:
Багет лепче топло, пресечено по должина, премачкано со аргета пилешка паштета, млечен намаз со пиперка, сецкани маслинки и малку рендано сирење, уф!
Втор мрсен и боговски сендвич:
Багет лепче, или топла лепиња од фурна, премачкана со мајонез,малку кари, внатре кулен, кашкавал, домати (во зима може кечап) и кругови праз!

И затоа сум си дебела.:pipi:
 
Парче пченкарно лепче се премачкува со путер, па се става суво месо, кашкавал, кечап и зачини. Се пече во микровална околу 3-4 минути и имаш најбрзо и солидно вкусно нешто за јадење.
 
Сендвич ала Инкогнито:
- мајонез
- павлака
- сирење
- шунка
- маслинки (сецкани)
- корнишони

Нека ви е наздравје. :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom