Еве еден богат сендвич што си направив вчера од пола леб, и вкупно за него ми требаше 180 денари.
Кашкавал ама го ставаш прво малце да се растопи ... Потоа зедов мелено месо и кашкавалот го измешав со месото и го направив како плескавица и го спржив од што излезе 2 големи шарски плескавици.
Потоа зедов направив зелка салата се убаво зачинета со сите зачини, и зедов и габи шампињонки ( така мислам се викат ) и ги замешав во салатата.
Зедов пола леб го наполнив прво со салатата, па потоа ги ставив шарските плескавици, и му ставив луто буковец да ти изгори јазикот.
И така за 180 денари се прејадов и цел ден не ми текна да јадам.