Сендвичара "Седмица"

  • Креатор на темата Креатор на темата IvicaPunK
  • Време на започнување Време на започнување
Ми имаат кажувано дека сендвичите биле предобри. Обавезно одам да пробам на следното одење за Скопје.
 
леле проблеми напраивте, стандард хамбургер само со мајонез
 
На враќање од Македонија - Црна Гора пробав хамургер ...120 ден али вреди за парите. Редица се чекаше до тротоарот надвор, 15 минути у колона стоев ако не и фазла. Прекрасен прелив, помфрит, па и плескавацита. Последниот залак и бев ТАПАН. :)

Аххх ..да има сега еден :zlo:
 
Навистина имам само пофални зборови. Ако си гладен и сакаш навистина добро да се најадеш тогаш правото решение е "Седмица"(ова како реклама на топ-шоп:)).
Ги почитувам поради брзината. Можеби се чека ред но откако ќе нарачаш нема да чекаш 10 минути за да добиеш. Цените се посолени, но вреди за парите.
Памтам еднаш бев многу гладен и без многу мислење решив последните пари да ги потрошам кај нив, за што воопшто не зажалив:).
 
Порано можеше да се каже дека е поскапа сендвичара. Ама сега ко што гледам сегде се 90 ден хамбугерите па нагоре, а греота е да се споредат со седмица. Добро освен кај Чичко Стоилко кај што има шестина сендвичари на едно место па стандарт е 70.
И не, не работи во недела.
 
Ја мислам дека утре ќе биде посетена после неколку недели повторно.
 
Порано можеше да се каже дека е поскапа сендвичара. Ама сега ко што гледам сегде се 90 ден хамбугерите па нагоре, а греота е да се споредат со седмица. Добро освен кај Чичко Стоилко кај што има шестина сендвичари на едно место па стандарт е 70.
И не, не работи во недела.
Да, ама порано можеше да се каже и дека Хамбургер (СО компири) беше 80 денари :smir:. Мада тоа беше одамна, ама ко ќе видиш дека сега е 120, 40 денари поскапување не е малку.
 
Да, ама порано можеше да се каже и дека Хамбургер (СО компири) беше 80 денари :smir:. Мада тоа беше одамна, ама ко ќе видиш дека сега е 120, 40 денари поскапување не е малку.
И тука си во право, си имаат традиција после секој одмор да накачуваат по 10 денари сендвичите. Може е заради дигање на даноци, цени итн. Ама сега сегде стандарт хамбургер е 90/100 ден., до пред две години само седмица и Кинг Бургер се знаеа како поскапи сендвичари.
 
Моментално Седмица е број еден у градов без сомение.
Петок и сабота навечер секад има 10 души пред тебе а после утакмици(само за Македонија) има гужва ко што имаше гужва за чекање грчка виза.
Али сакам да го пробам од Попе.Порано тој ми беше фаворитот или пак ташкент у трафикине кај Дом на Градежници.Ефтин комбиниран и најадуваше.
Сега Кинг Бургер профитира највеќе у недела кога Седмица не работи.
 
Не знам како сакате цената да остане иста кога поскапува и храната :toe:
 
Не знам како сакате цената да остане иста кога поскапува и храната :toe:

Не е проблемот што поскапува храната. Они цените ги формираат од профитабилна гледна точка, си викаат ако може со 120 денари да ни е полна сендвичарата, зошто да не заработиме повеќе. Понуда-побарувачка, тоа е тоа што ја формира цената.
Ако е хамбургер 80 денари, ќе неможеш да влезеш во 7ца од гужва, вака ја прават цената за да биде тамн.
Јасно е дека е скапичко, ама во однос на другите сендвичи мислам дека е исплатливо.
 
Една има кај грчката амбасада и една во аеродром знам има

Сендвичите лизгаааааааааааааат , компирчките , мајонезот , кечапот , плескавицата , лебчето....абе...еротика бангладеш ми фалеше и една кока кола но ми дојде некако прескапо...
 
јадев пред 3-4 недели кога бев во ск
мислам дека беше околу 12 ден. хамбургерот ама вредеше
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom