Значи вака не постои семејство не постои семејна блискост. Нема семејна блискост потенцијална опасност за сексуална блискост. Сексуалната блискост еднаква на инцест. Инцестот еднаков на нездрав пород.
Сите вие што све против семејството како основна заедница на морални, етички, традиционални вредности тогаш све за инцест и кретенизам во вистинска смисла на зборот.
Не.
Како прво, речиси никој на темава не кажа дека е
против семејство. Би било добро да се чита повнимателно. Многумина пишуваа за извесноста на промените во концептот на семејство. Но, многумина други покажаа со постовите дека не се подготвени ниту да замислат како би се развивало семеството како форма. Тие луѓе обично се нарекуваат традиционалисти или конзервативци.
Според мене, тие се ОК од проста причина што го одржуваат редот и поредокот во секој постоечки систем.
Но, оставено на нив, едно општество, заедница и/или семејство
никогаш нема да напредува. Тоа е поради вродената намера на овие луѓе да ги
задржат работите какви што се. Тие луѓе размислуваат во конечни концепти, посветено се рационални, приземни и реални. И не сакаат промени.
Другата група на луѓе, кои ти штотуку ги нападна директно и бесрамно ги оквалификува како инцестоидни, се оние луѓе кои се нарекувани идеалисти или концептуалисти. Тоа се луѓе кои повеќе сакаат да замислуваат
како ќе се развиваат нештата во иднина. Тие се луѓето кои сакаат промени и кои се секогаш подготвени да
замислат каков ќе биде светот во иднина. Без ваквите луѓе
не постои напредок.
Think about it. Не е све црно-бело и проста логика.
Е, сеа, on topic:
Сите инцести се случуваат во семејствата!!! Не се случуваат надвор од семејството, нели?
Размисли и за ова. Отприлика, тоа ти е исто како моронското тврдење „Хомосексуални бракови во кои се посвоени деца ќе произведуваат педери“ иако
сите знаеме дека педерите искачаат како деца од
хетеросексуални бракови. Ама сепак никој не вика „Да ги забраниме браковите за да немаме педери“.
Семејството е,сега за сега на безбедно. Ама за сега.... како што стојат стварите, јас барем, му го гледам крајот во една не толку далечна иднина... Исто и го гледам крајот на црквата... 2000-ки се доста - и премногу се!