- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
- Возраст
- 42
- Локација
- кај дримон
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Мистерија, фама или само уште еден доказ за нашата негрижа кон природните богатства. Иако Селечка Планина во Мариовско, над селото Кокре, е преполна со ураниум, за тоа скоро никој не знае во Македонија.
А1 го пронајде човекот кој прв случајно го открил ураниумот. 83-годишниот Киро Ѓорѓиоски во 1957 година со позајмен Милер-Гајгеров апарат открил зголемено ниво на радијација на Селечка.
Го пријавил случајот и потоа веднаш со екипи од институтот за нуклеарна наука „Винча“ од Белград започнале ископувањата. Се што се открило во најголема тајност било префрлено во „Винча“.
„Ќе го однесевме со камион таму и тие ќе ги зашвајцуваа одозгора капаците, во воз го товараа и се носеше во Белград“, рече Киро Ѓорѓиоски, пронаоѓач на рудникот.
„Донесоа и некоја американска ламба. Кога ќе пуштеше едно плаво светло внатре, кај што има ураниум како оган гореше“, додаде Ѓорѓиоски.
50 години потоа А1 го посети местото. За жал, сега сите откопани јами каде се вршеле испитувањата се затрупани.
Може да се забележат само купишта камења кои се ваделе од рудниците и камениот пат по којшто се движеле возилата.
Во шест јами во близина на селото Кокре се истражувал ураниумот. За жал, после 50 години од нивната експлоатација, сега влезовите на јамите се затрупани и обраснати со треви. Нивните ходници се долги и по неколку стотини метри.
Ископувањата се вршеле под надзор на тогашна УДБА. Сите стручњаци биле Срби, Македонците биле само обични работници.
„Тогаш не се слушаше ништо за руднициве. Тогаш се слушаше, патот е направен до ридот и го престанаа“, вели Стојан Ристески, последниот жител на село Кокре.
„Не кажуваа што бараа, анализи земаа“, изјави Боне Стојаноски, поранешен работник во рудникот.
Дошле и експерти од Москва, кои го потврдиле присуството на ураниумот.
„Тој Русинот со мене зборуваше и ми вели, не си среќен. Оти, му велам јас него. Оти не се наоѓаш во капиталистичка држава, да беше, ќе го продадеше рудникот, твој ќе беше“, вели Киро Ѓорѓиоски.
По три години проектот мистериозно завршува. Никој не знае зошто, што било пронајдено, дали ураниумот е експлоатабилен. Одговорот ќе остане непознат.
„На потежок начин им било за експлоатација, имало на друго место на полесен начин“, изјави Ѓорѓиоски.
За жал, кај нас ниту Рударскиот институт ниту министерствата не знаат ниту дека има ураниум на Селечка, а камоли да имаат некои документи. Експертите велат, државата треба повеќе да се заангажира.
„Од осамостојувањето имавме во Парламентот кадри од таа бранша. Би требало секој како што ја штити својата бранша да покренат иницијатива за истражување“, рече Гоце Ристески, рударски инженер.
Експертите велат, доколку се експлоатира, Македонија можно е да заработи милиони.
„Немам гледано на берза колку чини ураниумот или ториумот како радиоактивен елемент, тоа не се кажува, веројатно е и тајна“, додаде Ристески.
Што се крие под Селечка? Дали таму не чекаат милиони? Одговорот, за жал, го има во „Винча“. А ние, како и по обичај, не знаеме што поседуваме.
Извор