Секс како услов за вработување?

може само среден прст да добие од мене... ништо повеќе !
ако бара курви нека отиде пред мтв нека им нуди работа...
 
Каде оди светот??? Во денешно време може да се отчекува се од секого. Епа сега едно е да зборуваме тука и да се прајмен ,,демек сме ептен поштени,, и ,,нема шанси уште штом ке помислам,, а друго е во реалноста. Барем пола од оние кои напишале овде на форумот дека нема шанста и етиси нетиси би го направиле тоа. А, зошто ? Затоа што како што иде времето не секс и органи ке се продаваат за работно место.:( Тоа ти е реалност и нема бегање од неа.:notworthy:
 
ми се десило ама сум одбила.е сеа ако газдата ме привлекува ептен можеби би го напраила тоа незнам
 
Само со сакање без услови :love:
 
Напротив ако работата ти стане задоволство тогаш веќе не работиш. Ако сакаш да напреднеш со секс иди снимај порничи или работи/отвори јавна куќа :icon_mrgr:
Nikoj ne spomna napreduvanje preku seks:D samo rekov nikogas ne go mesam pivatniot zivot so rabotata, toa ne ide zaedno :D
Vo nikoj slucaj toa ne e moj izbor:pipi:
 
Искрено се жалам себе си што не можам да направам такво нешто, бидејќи во оваа наша држава единствено така се успева. Познавам девојка која буквално купи диплома на еден од нашиве приватни факултети, вчера се зачлени (буквално) во владеачкава партија и оп за избори ете ја на гласачка листа за пратеник :facepalm: Мора да се "качила" високо во партијата.
Моите поштени колешки како мене 90% не можеа да најдат поштена работа во државава (барем со 18 000 ден плата да ти го наплатат 5-годишното малтретирање на фармацевтски факултет) мораа да заминат од државава. 10-те најдобри студенти кои не финансираше фондацијата Трајче Мукаетов од Алкалоид завршивме на улица после дипломирањето, а на нашите места се вработија, кој од вујна, кој од вујко кој по швалерска линија. И како после ова може некој да ги осуди девојките кои се решаваат на таков чекор. Да гадно е, одвратно и се понижуваш себе си, но верувам дека повеќето во некоја безизлезна ситуација би помислисе "па ок еднаш, ќе замижам, ќе помине, барем ќе имам работа после". Значи за да успееш во кариерата во нашава држава ти треба или партија или врски мама - тато, или секс, или ќе тапкаш во место, па сега секој во каква ситуација се наоѓа.
Ми се нема случено нешто вакво, и би одбила кога би се нашла во таква ситуација бидејќи нема да можам да се поднесам ниту да се погледнам во огледало после самата себе си, но не ги осудувам оние кои се решаваат на таков чекор.
 
Кога ке видиш во приватниве фирми кај нас колку само млади и згодни девојки има си викаш сите,, компетентни и стручни" се, па затоа се примени yea right. Се плескаат студентки со 50+ и 60 годишни професори за 6 во индекс, а пак за вработување да не прауме муабет.
 
Ако газдарицата е жена би ја фиу фиу за да ме вработи и секако ако прави мераче....
А како работодавец би гледал што е најбитно за фирмата/компанијата ке си имам жена и секретарка за тоа шо че ми е друго :D
 
Да......Би го плеснал газдата и газдарицата ако сака, ма и персоналот ако сака :D
 
Не си прајте филмој ко од на порничине некоја газдарица таква дека ќе ви се понудит...замислете некоја згрегоросана со вилици и под оќелавена па да имате фобија од секс после.
 
Зависи ако позицијата шо се нуди е ексепционална, ваљда немам голем проблем, ако обратнопропорционално се движи убавината на типот/типката со зголемување на платата и позицијата којашо се нуди, има шо да се разговара.

Не го гледам тоа уопште како продавање на телото. Сексот ни малку не ми е нешто свето, а луѓето се доволно подмолни да газат се` пред себе за да успеат, а моралите се само привид и нечие ограничување после коешо ако луѓето го надминуваат ги означуваш како гнаси, курви и што ти знам што.

Ако имате совест и цврст став за шо е правилно, а шо не, браво за вас. Ако не, тогаш ваљда припаѓате у тие шо ги ругаат на големо низ страниве.

Сите луѓе се гнаси на свој начин и прават прљави зделки, ножој у грб и незаконски прикриени ствари. И не разбирам зашо сексот е толку ексепционално исклучен од сето тоа.

И не се за почитување луѓето шо успеваат на ваков начин, уопште. Користат сексапил за да надополнат импресии, ама тоа е нивен начин на живот, и освен шо ќе ги озборувате зад грб, нема да ви ја врати позицијата коишо тие успеале да ја добијат на подол начин.


П.С. Ако нешто го ублажува лошиов став на темава, сепак мислам дека луѓето треба да се квалификувани за работата за којашо аплицираат пред да стигнат до креветот којшо како шо темата гласи е уште еден предуслов за влагање у истата. Не беше работава да негирам едукација/образование....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom