Секогаш доцните или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата Чек Он Ит
  • Време на започнување Време на започнување
швајцарски саат

Скоро секогаш сум точна, односно пристигнувам на време ... чекањето ми изгледа како вечност затоа непријатно ми е кога дремам некаде и гледам по излози бидејќи другиот не си го испланирал времето соодветно
 
Многу многу ретко доцнам..скоро никогаш
 
Ја почитувам другата страна и настојувам да стигнам на време, ама затоа и очекувам и од др.страна да ме испочитува. Ретко се случува да каснам, ама кога веќе се случила гледам да истерам на шала - женско сум па каснам:wink:..
 
Секогаш каснам, дури и на испит. 5,10 до 15 мин. Тоа ми е голема мана, ама...
 
Можда пред една година доаѓав секогаш на време некад и порано ,но сега колку и да брзам секогаш каснам по 20-40минути кога сум со друштво :icon_lol: а во училиште ми се има десено да дојдам на 4-5ти час , а на први секогаш по 15мин стандард.. сепак моето чекање се исплати х)
 
"Подобро да доцниш отколку да чекаш" - Дарлинг.
 
Претежно сум точна сум и мразам кога треба да чекам некој.
 
Фала Богу, не ми се случува по многу да каснам. Обично каснењето ми е 5-10 минути, за разлика од некои мои другари што каснат буквално саат и пол. А да, и секогаш ми текнува во 5 до 12 да се спремам (мада машко сум знам, не ми треба нешо посебно спремање), што е главна причина за моето НЕточно-времестигање.
 
Секогаш каснам, макар биле и 2 минути...
Значи ќе се спремам се на време, ќе се трткам, ќе се врткам и последните 2 минути ќе ми текнат некои работи што треба да ги напраам, ќе се завлечкам и пак ќе закаснам....ебати лошата навика, многу се нервирам:nerv::nerv::nerv::nerv::nerv:
 
секогаш сум пред време и многу ретко доцнам.:toe:
 
Се трудам секогаш да сум на време.. ретко кога каснам. Ама изгледа треба да почнам, зашто секогаш чекам по 10 - 15 мин. !
 
Од таа страна сум педантен и скоро секогаш сум точен. Мразам неточност!
 
Некогаш доцнам и затоа има другарки што не ме чекат више. А некогаш на забава , родендени подранувам - јас си идам точно ама другите каснат...
така дааа.. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom