Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Слатко од сливи е нешто сосема друго.
Цврсти, недозреани сливи, се лупат и семките внимателно им се вадат. Во дупката каде што се наоѓала семката, некои стават парче од орев или бадем, јас ги сакам празни. Таквите сливи се ставаат во варовна вода да преноќат и да се завцрстат.
Потоа, како секое слатко се варат во шербет, сододавање на кришки лимун и ванила

и ова се вика калимеро
мајка ми го правеше едно време ама мислам дека повеќе стои од една ноќ
 
Вчера го приготвив овој рецепт и беше многу вкусен, ќе го крстам рижото во доматен сос и пармезан.

Потребни состојки

-250 грама ориз
-една главица кромид
-еден морков
-маслиново масло
-250 мл. пасирани домати во конзерва
-50 грама пармезан рендан
-една коцка за супа телешка
-500 мл топла вода

На заграеното маслиново масло се пржи кромидот додека да омекни и му се додаваат оризот и морковите да се попржат малку заедно.
Кога се ќе се попржи се додаваат топлата вода, пасираните домати, коцката за супа и се остава да врие со повремено мешање. Кога водата ќе испари би требало оризот да е сварен, но припремете малку топла вода во случај да има потреба од доварување на оризот.
Сосема пред крајот се става пармезанот опционо само колку да се стопи и да има некој мирис рижотото, но нема некаква голема потреба од него. Исто така и магдонос би била добра варијанта ако некој има.
 
Плус испробан рецепт за кифли ( Пекарски кифли )

Потребни состојки:

1 кг. бело брашно
400 мл. вода
100 мл. млеко
100 гр. путер или маргарин ( јас го ставав во течна состојба, растопен)
25 гр. квасец ( една мала коцка тежи 40 грама, значи одприлика пола)
2 мали лажички шеќер
2 мали лажички сол
пола мала лажичка алкохолен оцет

Припрема:

Во сад на оган малку се стоплува млекото и во него се става квасецот.
Во поголем пластичен сад се става брашното, солта, шеќерот, путерот и млекото со квасец. Потоа се додава водата во која претходно го имаме ставено оцетот и секако треба да е малку млака.
Кога сите состојки ќе ги ставите, почнувате да го месите тестото. Ќе знаете дека е доволно кога ќе се одлепува од садот и нема да ви лепи на прстите.
Така подготвено го покриваме со крпа и оставаме да стасува одприлика 40 минути. Го премесуваме и пак оставаме да стасува околу 20 минути.
Кога пак ќе биде стасано го вадите од садот и го ставате на набрашнета маса. Од целото тесто правите 15-20 топчиња и нежно ги месите за да добијат убава форма.
Од секое топче развлекувате кора ( со сукало ) во долгнавеста форма и полека со рацете го виткате ( на секое топче пожелно е да ставате брашно пред да почнете со развлекувањето за да не ви се залепи).

Ги редиме кифличките во предходно намрсена тава, ги премачкуваме сосема малку со вода, ги наросуваме со сол ( подобро е ако е крупна ) и оставаме да стасуваат уште 15 минути, а релната ја загреваме на 250 степени.
Кога ќе го зголемат волуменот се печат само 12 до 15 минути во зависност колку ви се јаки греачите.:)

Одземаат време ама вреди.
 
Вчера што ми остана од конзервите домати направив уште едно јадење, ама ова беше едно од најдобрите во мојата кариера како готвач.

Едно пакетче од Cekin копани (околу 450 гр, 4 копанчиња) се обаруваат во топла вода, потоа се насолуваат со вегета и црн пипер, и се оставаат малку да се исцедат во една чинија, во тава се тура масло и се оставив да се загрее, потоа се ставаат во маслото исцедените копани (малку прскаат од водата на почетокот), и почнуваат да се пржат, пред да бидат готови се става ситно исецкан морков и се остава да се попрже малку со копанчињата.
Кога морковот и копаните ќе бидат готови се вадат во чинија, во загреаното масло се става една до две лажици брашно и со постојано мешање се остава сосем малку да се попржи. Потоа во тавата се додаваат 250 мл пасирани домати, малку вегета, магдонос, пржените моркови и 250 мл вода. Постојано се меша за сосот да се згусне, пред да биде готов се додаваат пржените копанчиња во сосот.
Ова јадење е навистина повеќе од доволно за двајца, и е супер вкусно.
 
Добра идеја, си можел копаните да ги испохуваш. Не ми е јасно зошто си додал морков пред копаните да бидат испржени?
 
Добра идеја, си можел копаните да ги испохуваш. Не ми е јасно зошто си додал морков пред копаните да бидат испржени?
Од причина што на морковот му е малку време потребно да се попржи, и чисто онака да заштедам на време и да не чекам прво да се испржат копанчињата, па потоа морковот.
Инаку и мене ми падна прво на памет да ги испоховам копанчињата но по совет не направив така и мислам дека вака излезе поубаво од причина што сосот ми излезе многу убав, додека ако имаше презла и јајце во пржењето ќе се сетеше некоја миризба на тоа.
 
Вчера што ми остана од конзервите домати направив уште едно јадење, ама ова беше едно од најдобрите во мојата кариера како готвач.
ова е исто ко тнр гејско ќофте во сос
со таа разлика што наместо копаните, се прават мали ќофтиња кои исто така се пржат претходно - сосот е ист(2 л брашно пропжен на масло , додадена пола конзерва доматен сос , вода, зачини) па,при крај се додаваат пржените ќофтиња и се крчка уште 10-15 мин- и ситно сечкан магдонос пред сам крај
идеално со пире, или варен ориз - со исцеден лимон- ммммммм ;)
 
Какво гејско ќофте во сос, ти изгледа слабо ме читаш на темава, мене ми е пишан тој рецепт уште пред Зевс :D . http://forum.kajgana.com/threads/Секакви-рецепти.54084/page-12#post-4589234

fyeah.jpg
 
Палента со сусам

Пропржете три лажици сусам на масло, да стане крцкав и темно кафен. Додајте чаша млеко, сол, вода и мешајте, со постепено додавање на пченкарното брашно за палента.
Намалете ја температурата, додајте две лажици млечен путер, малку кари и 100 гр рендано сирење. Мешајте додека почнат да се прават меурчиња, и тргнете од оган.
Сервирајте топло, со домашен кечап или пармезан озгора.
Можете, за естетски добар момент, да наполните калапчиња за пудинг со смесата, претходно премачкани со малку путер, и кога ќе се оладат, само превртете ги на чинија за служење.
Добар апетит.
 
Еве како денес набрзина сварив грашок
Во тенџере ставив без претходна подготовка, половина килограм замрзнат грашок, една средна главичка исецкан кромид, еден среден на коцки исецкан компир, една преполна мала лажичка црвен пипер, масло за јадење и вегета. Прелив со две шољи вода и во поклопено тенџере сето тоа го варев на умерен огин скоро два часа.
Сервирав со шницли од вчера.
Се изненадив, не беше лошо.
 
Чоколадни палачинки

Потребно е:
  • 2 јајца
  • 150 г брашно
  • 300 мл млеко
  • 30 г путер
  • 40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици шеќер
  • 1/4 лажиче сол
Подготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки.
Chokoladni-palachinki-www.kafepauza.mk-1.jpg
 
Еве како денес набрзина сварив грашок
Во тенџере ставив без претходна подготовка, половина килограм замрзнат грашок, една средна главичка исецкан кромид, еден среден на коцки исецкан компир, една преполна мала лажичка црвен пипер, масло за јадење и вегета. Прелив со две шољи вода и во поклопено тенџере сето тоа го варев на умерен огин скоро два часа.
Сервирав со шницли од вчера.
Се изненадив, не беше лошо.

Јас да бев на твое место ќе го запржев со цревената пипер и една лажица брашно со мрсното од шницлите. Мене барем ми е поубав запржен грашак, инаку и вака не е лошо.
 
Јас да бев на твое место ќе го запржев со цревената пипер и една лажица брашно со мрсното од шницлите. Мене барем ми е поубав запржен грашак, инаку и вака не е лошо.
Немав доволно време... Затоа наместо запршка ставив еден компир
 
Ајде овај лесен рецепт што го правев некни, нешто како селско свинско месо само што употребив стек.

500 грама стек
2 главици кромид
1 мало пакетче печурка буковка
неколку суви пиперки
масло

Стекот се става да се вари во вода и кога ќе биде готов се цеди од водата, се зачинува и се става во тава со загрена масло. Кога ќе се попржи и добие малку румена боја се додава во тавата ситко исецканиот кромид, исецканата буковка и искршените суви пиперки да се пржат заедно со него. Кога кромидот ќе се стопи и ќе почне да ви загорува тавата тоа е доволно да се фати и сервира.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom