Секакви рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Хмммм. Секакви рецепти а? Ај баш ме интересира мене, сакам да направам ''холандски колач'' или ''магиџен'' како сакате викајте го. Битно е ефектот да се смејам дури го јадам:pos: , што се подразбира мора да содржи ТХЦ или Канабис. Кој ке ми го каже рецептот ке го поканам на колачот ветувам!!!
Кувари вие сте на потег

Зборуваш за hash cookies?
 
Мојот омилен колач за 3 минути.

4 лажици брашно
4лажици шеќер
2 кажици какао
1 јајце
3 лажици млеко
малку масло
пециво

Сето се меша (со миксер) во еден сад се додека не се изедначи се става во чинија подмачкана со маргарин и во микробранова се печи за 3 мин.

п.с јас во смесата ( пред да ја ставам да се печи ) додавам исечкано чоколадо, послатко ми е.
 
Пипл...имам печурки дома (купечки пакувани) дај кажете како да ги спремам,со што би можел да ги комбинирам за вечера ?
 
Пропржи ги со малку зејтин (20мин.) и додај им околу 50 гр. сецкани ореви.
Купи две мали павлаки и измешај ги со оревите и печурките...ете ти топ салатка.
А моеш и да ги пропржиш на малку зејтин и да додаеш јајца со кашкавал :)
 
Пипл...имам печурки дома (купечки пакувани) дај кажете како да ги спремам,со што би можел да ги комбинирам за вечера ?
Земи и бело месо и ситно исецкај го и испржи го со печурките и стави зачин што сакаш, откако ќе ги испржиш измешај ги со павлака :)
 
Пипл...имам печурки дома (купечки пакувани) дај кажете како да ги спремам,со што би можел да ги комбинирам за вечера ?
иди бате најади се- напрај си како знаеш и умееш и не чекај одговор /предлог од тука оти може да си останеш гладен :)
убаво пиша Anon преѓеска-

ако има, кој е мод у гурманско катче? некако мртов ми е форумот... напрајте нешо! организирајте најдобар рецепт натпревар а у, викнете ја алачки... xD
што е ова, пишав нешо за риба таму, едвај 1 одговор добив...
 
Пипл...имам печурки дома (купечки пакувани) дај кажете како да ги спремам,со што би можел да ги комбинирам за вечера ?

Можеш да ги направиш кајгана пржени со јајца, но јас би купил едно паковање свежи копани од Cekin (знам дека ве отеков со овие :D ), би ги подварил малку и потоа би ги испржил заедно со печурките.
Или пак со 500 грама свинска кртина сецкана на коцки, две главици кромид, суви пиперки плус печурки едно селско месо ќе дојди за мерак.
 
иди бате најади се- напрај си како знаеш и умееш и не чекај одговор /предлог од тука оти може да си останеш гладен :)
убаво пиша Anon преѓеска-

Види ги бе одма се потрудија зошто така ти ги вреѓаш :D

Можеш да ги направиш кајгана пржени со јајца, но јас би купил едно паковање свежи копани од Cekin (знам дека ве отеков со овие :D ), би ги подварил малку и потоа би ги испржил заедно со печурките.
Или пак со 500 грама свинска кртина сецкана на коцки, две главици кромид, суви пиперки плус печурки едно селско месо ќе дојди за мерак.

Ова за ручек едвај ќе го изедам а не па сеа навечер :icon_lol:

Решив да си сварам макарони,и потоа ќе ги ставам да се потпечат и со нив ќе ги рокнам и печурките па шо ќе испадне ќе видиме.

патем фала на сите ќе се пробат и тие рецепти посебно оној со павлака (како салата добро би дошло). (y)
 
Види ги бе одма се потрудија зошто така ти ги вреѓаш :D

Ова за ручек едвај ќе го изедам а не па сеа навечер :icon_lol:

Решив да си сварам макарони,и потоа ќе ги ставам да се потпечат и со нив ќе ги рокнам и печурките па шо ќе испадне ќе видиме.

патем фала на сите ќе се пробат и тие рецепти посебно оној со павлака (како салата добро би дошло). (y)

Супер тогаш, стави и малку шунка, кашкавал одозгора и ќе добиеш пица макарони. :D
 
Ресана торта

600гр. ресана сецкана на ситни коцки
200гр. млако млеко,
1 ванила
1 маргарин растопен на оган и малку изладен
200гр. сецкани ореви
1 лажица какао
рендана кора од лимон или протокал

Цела смеса се меша амур и се обликува како ролат, се мати две шлаг крема 1 од ванила, 1 од чоколадо и се филува одозгора.
 
Види ги бе одма се потрудија зошто така ти ги вреѓаш :D

Ова за ручек едвај ќе го изедам а не па сеа навечер :icon_lol:

Решив да си сварам макарони,и потоа ќе ги ставам да се потпечат и со нив ќе ги рокнам и печурките па шо ќе испадне ќе видиме.

патем фала на сите ќе се пробат и тие рецепти посебно оној со павлака (како салата добро би дошло). (y)
Место да ги печеш макароните, земи свари ги и додека се заладат малку напрај бел сос или сос со печурки (погледни овде) и само прелиј ги со него :vozbud:
 
Ништо се стори веќе ставени се :D А овој сос многу го сакам кога го приготвува мајка ми со пилешки стек едноставно свршуваш додека јадеш ;)
 
И печени можеш да ги прелиеш со сос :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom