Секакви рецепти

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Скромна капама од спанаќ и мелено месо ( на мој начин )
( за 3 лица )
Потребни продукти:
половина килограм спанаќ
300 грама мелено месо
Една голема или две средни главици кромид
40 грама ориз ( две супени лажици )
мелен црвен пипер (една преполна мала лажица)
кисело млеко
масло за јадење,
вегета, сол

Спанаќот, го чистиме и миеме. Кромидот го чистиме и го сечеме на ситни парчиња. Во тенџере од литар и половина, ставаме масло за јадење да се загрее и го додаваме исечениот кромид. Пржиме на умерен оган, малку, само кромидот да омекне. Потоа го додаваме меленото месо и продолжуваме да пржиме. Кога течноста, што месото ќе ја пушти, ќе испари, го оставаме месото неколку минути да се пропжи. Тогаш во тенџерето налеваме две шољи вода ( 400 милилитри ), додаваме црвен пипер и вегета и го оставаме месото со варење да омекне околу половина саат. На крајот го додаваме измиениот и исецканиот спанаќ и оставаме да се вари дваесет минути. Потоа, го додаваме оризот, а по потреба и желба додаваме уште вода, за да ја постигнеме саканата густина и сол и вариме уште 20 минути.
Сервираме, топло со додавање на кисело млеко ( по желба )
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Потребни состојки

- 200 гр. мелени бисквити
- 150 гр. кокос
- 100 гр. лешници
- 200 гр. маргарин
- 100 мл. млеко
- 400 гр. шеќер во прав

Подготвување

Во сад на шпорет го ставате маргаринот да се растопи.Откако ќе се растопи, го додавате шеќерот во прав. Оставате да се залади-да биде млака смесата и потоа додавате 100 мл. млеко.
Мелените бисквити ги мешате со 100гр. кокос и ја додавате смесата од маргарин, млеко и шеќер во прав. Мешате додека да добиете еднолична смеса и потоа ја ставате во фрижидер малку да се олади - 30 мин.

Потоа во секоја од бомбиците ставате по еден лешник и ги валкате во останатиот кокос.


http://forum.kajgana.com/threads/Ситни-колачи.3226/page-2
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Пред две недели кај другарми у 3 сабајле кога не фати јанзата за благо попознато како манчис за упатените :pos: земавме да смислуваме рецепти за импровизирана торта и си ги запишавме на мобилен.
Еве го мојот:

  • ред киндер кантри
  • премачкан со чоколаден пудинг
  • потоа ред наполитанки
  • премачкан со нутела
  • па ред равно исецкани атлантис чоколади
  • премачкани со пудинг од банана
  • па ред банџи чоколдчиња посипани со марципан
  • последниот слој е јагоди со чоколадиран шлаг
Да умреш...ама вреди:pos:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Дај кажете ми рецепт за кифлички? :)
*100 милилитри Масло
* 250 милилитри Вода
* 1 Шекер лажичка
* 3 Јајца
* 1 килограм Брашно
* малку Сол
* 1 Квасец
* 250 милилитри Млеко
* 300 грам/а Сирење
* Маргарин

Квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно растопете го во млакото млеко и вода. Во поголем сад ставете го брашното. Направете вдлабнување па истурете ги маслото и јајцата, 2 лажички сол и стасаниот квасец. Се убаво замесете и продолжете да месите, се додека тестото не престане да ви се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35-40 минути да стасува. Потоа тестото премесете го и поделете го на половина. Од првото тесто направете 6-7 топчиња. Секое расукајте го и рендајте маргарин па ставајте нова кора.
Од сите кори исукајте една голема и поделете на половина. Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (сечете како за кифлички). На секоја ставајте по малку фил од сирење и белка и виткајте кифла. Редете ги во плех од шпорет намачкан со масло или маргарин. Истата постапка повторете ја и со втората половина тесто. Секоја кифличка намачкајте ја со жолчка и посипете ја со сусам. Печете ги 7-8 минути во рерна загреана на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и завршете со печењето.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
*100 милилитри Масло
* 250 милилитри Вода
* 1 Шекер лажичка
* 3 Јајца
* 1 килограм Брашно
* малку Сол
* 1 Квасец
* 250 милилитри Млеко
* 300 грам/а Сирење
* Маргарин

Квасецот со една лажичка шеќер и една лажичка брашно растопете го во млакото млеко и вода. Во поголем сад ставете го брашното. Направете вдлабнување па истурете ги маслото и јајцата, 2 лажички сол и стасаниот квасец. Се убаво замесете и продолжете да месите, се додека тестото не престане да ви се лепи за рацете. Обликувајте го и оставете 35-40 минути да стасува. Потоа тестото премесете го и поделете го на половина. Од првото тесто направете 6-7 топчиња. Секое расукајте го и рендајте маргарин па ставајте нова кора.
Од сите кори исукајте една голема и поделете на половина. Од сите кори исукајте една голема и поделете ја на 16 делови (сечете како за кифлички). На секоја ставајте по малку фил од сирење и белка и виткајте кифла. Редете ги во плех од шпорет намачкан со масло или маргарин. Истата постапка повторете ја и со втората половина тесто. Секоја кифличка намачкајте ја со жолчка и посипете ја со сусам. Печете ги 7-8 минути во рерна загреана на 250 степени, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и завршете со печењето.
Фала ти многу. Кога ќе ги направам ќе те викам на кифли да пробаш дали се добро направени. :P
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Тукушто ја напраив мусаката со бајат леб што ја праеше Алачки на Алфа. За тие што незнаат рецептот е следниов:
-5 јајца
- 1 чаша млеко
-10 или повеќе кришки бајат леб
-сол
-масло за јадење
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 пиперка
- 200 гр. (или повеќе) сирење
- магдонос (и немора)

Се матат 5те јајца и во нив се става малку сол (отприлика два прста) и се мати. Потоа се додава млекото и така изматено се остава на страна. Потоа се сечкаат кромидот, морковот и пиперката и се пржат во тенџере. Откако ќе се запржат се додава еден филџан вода и се остава 5-10 мин. Потоа се трга тенџерето од шпорет и се става сирењето претходно исечкано. Се меша смесата. Во земјена тава се става малку масло и се размачкува. Потоа лепчињата се редат во земјена (или обична) тава претходно мацнати од двете страни во смесата од јајца и млеко. Кога долниот ред ќе се исполни врз него се става од смесата од зеленчук па пак се ставаат лепчиња одозгора и на крај тоа што останува од смесата од зеленчук се става одозгора. Потоа се зема еден филџан масло за јадење (јас цело време користев маслиново масло) и се става во јајцата со млеко. Се додава и малку сечкан или сушен магдонос и се меша. Потоа добиеното се истура полека врз лепчињата и тавата се става во рерна (не се чека претходно да се загрее туку директно се става тавата) на темп. од 200 степени да се пече околу 30-40 мин. (ќе си гледате самите се додека лебот не добие кафена боја). Исходот е следниов:

превкусно е, пробајте :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како се прави мармалад од сливи?
Mногу едноставно:
5 кг., сливи се мијат и чистат од семките. Се стават во тенџере, кое го собира во рерна, се додава шеќер по желба ( јас ставам еден килограм, но има кои стават повеќе има помалку а може и без шеќер ). Се покрива тенџерето и се оставаат да преноќат за да сливите пуштат сок. Се додава ванила-шеќер или малку рум и се „ печат “ во рерна. На крајот се собира во топли тегли, ради пастеризација.
Само, модри сливи има на крајот на август и почеток на септември - ќе мора да почекаш
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Имаше еден интересен рецепт за слатко со сливи, домаќинката тогаш подрече дека ги вареле во 9 варови води или така нешто. Мене ми беше многу убаво, нешто слично како слатко од смокви или пак домати беше вкусот.
Го знае некој рецептот?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Имаше еден интересен рецепт за слатко со сливи, домаќинката тогаш подрече дека ги вареле во 9 варови води или така нешто. Мене ми беше многу убаво, нешто слично како слатко од смокви или пак домати беше вкусот.
Го знае некој рецептот?
Слатко од сливи е нешто сосема друго.
Цврсти, недозреани сливи, се лупат и семките внимателно им се вадат. Во дупката каде што се наоѓала семката, некои стават парче од орев или бадем, јас ги сакам празни. Таквите сливи се ставаат во варовна вода да преноќат и да се завцрстат.
Потоа, како секое слатко се варат во шербет, сододавање на кришки лимун и ванила
 

Kajgana Shop

На врв Bottom