Плус испробан рецепт за кифли ( Пекарски кифли )
Потребни состојки:
1 кг. бело брашно
400 мл. вода
100 мл. млеко
100 гр. путер или маргарин ( јас го ставав во течна состојба, растопен)
25 гр. квасец ( една мала коцка тежи 40 грама, значи одприлика пола)
2 мали лажички шеќер
2 мали лажички сол
пола мала лажичка алкохолен оцет
Припрема:
Во сад на оган малку се стоплува млекото и во него се става квасецот.
Во поголем пластичен сад се става брашното, солта, шеќерот, путерот и млекото со квасец. Потоа се додава водата во која претходно го имаме ставено оцетот и секако треба да е малку млака.
Кога сите состојки ќе ги ставите, почнувате да го месите тестото. Ќе знаете дека е доволно кога ќе се одлепува од садот и нема да ви лепи на прстите.
Така подготвено го покриваме со крпа и оставаме да стасува одприлика 40 минути. Го премесуваме и пак оставаме да стасува околу 20 минути.
Кога пак ќе биде стасано го вадите од садот и го ставате на набрашнета маса. Од целото тесто правите 15-20 топчиња и нежно ги месите за да добијат убава форма.
Од секое топче развлекувате кора ( со сукало ) во долгнавеста форма и полека со рацете го виткате ( на секое топче пожелно е да ставате брашно пред да почнете со развлекувањето за да не ви се залепи).
Ги редиме кифличките во предходно намрсена тава, ги премачкуваме сосема малку со вода, ги наросуваме со сол ( подобро е ако е крупна ) и оставаме да стасуваат уште 15 минути, а релната ја загреваме на 250 степени.
Кога ќе го зголемат волуменот се печат само 12 до 15 минути во зависност колку ви се јаки греачите.
Одземаат време ама вреди.