Makaло со пр.
аз
Потребни состојки:
- 3 страка праз
- 3 големи компири
- 3-4 лажици доматно пире
- зејтин
- сол
Подготовка:
Компирите се варат со лушпа и потоа се чистат и пасираат. Празот се сецка ситно и се додава во пасираните компири. Се посолува и се става доматното пире. Се заедно се меша и на крај се попарува со врел зејтин.
Може да подготвите и сaлата од праз. Само исецкајте го празот, додајте зејтин, лимон и сол. Па и некоја маслинка.
Исто и
бурекот што го имам постирано некоја страна назад може да се напраи со праз, кој претходно треба да се пропржи, а и
проја.