По Шангајската листа на вреднување на универзитетите која е и официјално објавена на веб страната на
МОИ Универзитетот на Југоисточна Европа (Штуловиот) се најде на второто место, веднаш по Универзитетот „св. Кирил и Методиј“. Основач е господинот Макс ван дер Штул (
Max van der Stoel) кој е холандски политичар и бивш Министер за надворешни работи на Холандија. Инаку јас дипломирав во генерацијата 2005-2008 на овој универзитет во Тетово, а искуствата оттаму се само позитивни. Системот на отценување и создавање на распоред на предавања е електронски и функционира перфекно. Нема бркање потписи, само регистрирање на предметите преку интернет, и веќе те има на списокот за полагање! Оценките од испитите, бодувањето на секој испит поединечно, можеш да го имаш во вид во секое време преку Интернет или со ИД Картичката во одделот на администрацијата на
универзитетот! Кампусот е исто така совршен и ги нуди сите услови, од уредни интернати, амфитеатри, предавални, па до кафетерии, бифеа, маркети итн. По европски здравје