SEEU - или попознат како „Штулов Универзитет“

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
За жал јас се уште сум студент таму, но се надевам дека оваа сесија што следи ќе ми биде последната...држете среќа што би се рекло :)
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Значи јака работа - пола не ни знаат дека постои, ама знаат дека било лесно :tapp:
Конкретно за јазичен центар - Да, полесно е. Само не затоа што материјалот е полесен, или пак се учи од скриптичиња (точно дека има скриптичиња,само стигало и до 8 такви во семестар по 1 предмет). Полесно е затоа што професорите се дури и премногу услужливи. Секој професор не го покажува својот авторитет (за разлика од државните каде што се користат комунистички (испревртени бихејвиористички) методи, уште стапче им фали). Наместо тоа, тие се претставуваат како келнери а ние како гости кои плаќаме за да добиеме тоа што сакаме. Секогаш се достапни и кој дошол да научи - ќе научи со помалку труд затоа што има кој да објасни и сложените работи да ги направи едноставни - по тоа се гледа и вештината на професорот, а и свесноста дека зависат од парите на студентите.
За скриптичињата - тоа се копирани книги со отфрлени делови кои се сметале за непотребни. Обично има 4 страни на 1 лист, односно 2 страни на 1 страна. Кога се завршува со тоа скриптиче се користи ново. Ако се користат 2 скрипти за семестар, тогаш додатните материјали се обезбедени од професорот.
Има голем број на стипендии и финансиска поддршка за лицата кои имаат потреба за тоа (и патните трошкови се израчунати во оваа поддршка). Лично јас за 3 години платив 900 евра, а ако ги израчунам и останатите трошкови бројката не поминува повеќе од 1100 евра (затоа што во суштина и нема други трошкови освен за копирање на книги). Ако сте од Тетово и одлучите да студирате во Скопје на државен само поради цената, тогаш верувајте дека ќе потрошите повеќе отколку на ЈИЕ Универзитетот - патни трошкови, книги - оригинали со набиени цени, плаќање за пријавување на испити, или пак, не дај боже да си изнајмите стан. А сепак, нема да добиете ни најмал дел од почитта која би ја добиле на Штул ( Max Van Der Stoel - целото име)
Друга работа, кампусот во ЈИЕ за разлика од оние срушени згради во Скопје, има секогаш топла вода, интернет конекција и греење - добивате 2 соби, кујна и тоалет за 75 евра од човек месечно (нема други трошкови).
Ова можеби испадна како реклама, ама навистина сум задоволен од тоа што го добив и морав да постирам, иако со закаснување :helou:
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Значи јака работа - пола не ни знаат дека постои, ама знаат дека било лесно
Ако сте од Тетово и одлучите да студирате во Скопје на државен само поради цената.
А сепак, нема да добиете ни најмал дел од почитта која би ја добиле на Штул
Друга работа, кампусот во ЈИЕ за разлика од оние срушени згради во Скопје, има секогаш топла вода, интернет конекција и греење - добивате 2 соби, кујна и тоалет за 75 евра од човек месечно (нема други трошкови).
Таквите вести бргу се шират!
Ако сте од тетово и одлучите да студирате во скопје, сигурно тоа е така бидејќи сметате дека ќе ви биде потребно повеќе знаење во работата која ќе треба некогаш да ја работите!
Во врска со почитта, досега на УКИМ немам некоја забелешка!
Зградата на штул можеби е поубава, но имам впечаток дека пообразовани луѓе излегле од зградите на УКИМ!

Во секој случај, не го негирам штул целосно, ако решиш да се испотиш, ако не се задоволуваш со една шеска, можеш да стекнеш прилично солидно образование. за таквите не коментирам! Меѓутоа, јас сум од Тетово и познавам многу луѓе речиси неписмени, со никаква интелектуална смисла што завршиле штул со 6.00. Таквите во Скопје не би се провлекле. Тоа е тоа што го прави штулот полесен од државниот, поголемата еластичност во оценувањето
 
Значи не зборувам за просек 6 :) Имам другарче кое беше во Скопје во државен па со молење имаше просек 6 без да фати книга - такви случаи има секаде. Конкретно Штул за разлика од другите приватни универзитети има построги критериуми (иако и ова не беше случај на почетокот).
За почит и достапност од професорите и службениците - не можеш да споредиш било кој приватен со државен универзитет. Значи со тоа и образованието кое ќе го добиеш нема граница - се зависи од студентот. Секогаш имаш достапен професор со кој можеш да си одиш на кафе и да разговараш на било која тема, а како и дали ќе го искористиш тоа зависи до тебе. УКИМ можеби се построги во оценувањето, но и помалце заинтересирани за пренесување на знаењето - пред се затоа што не зависат од студентите. Не верувам дека било кој професор би одвоил 10 минути од своето слободно време за студенти, затоа што (повторно) не зависат од нив.
Друга работа што заборавив да ја спомнам е тоа што нема потреба од индекси, трчање по потписи и слично. Едноставно, работата на студентот е да учи а се останато е работа на универзитетот. Значи, зборот ми беше дека АКО си дојден да учиш, многу полесно ќе научиш на ЈИЕ отколку на државен - затоа што има кој да ти објасни во секое време.
ПС УКИМ е колку-толку ок, во споредба со ДУТ и третманот на македонците во истиот.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Таквите вести бргу се шират!
Ако сте од тетово и одлучите да студирате во скопје, сигурно тоа е така бидејќи сметате дека ќе ви биде потребно повеќе знаење во работата која ќе треба некогаш да ја работите!
Во врска со почитта, досега на УКИМ немам некоја забелешка!
Зградата на штул можеби е поубава, но имам впечаток дека пообразовани луѓе излегле од зградите на УКИМ!

Во секој случај, не го негирам штул целосно, ако решиш да се испотиш, ако не се задоволуваш со една шеска, можеш да стекнеш прилично солидно образование. за таквите не коментирам! Меѓутоа, јас сум од Тетово и познавам многу луѓе речиси неписмени, со никаква интелектуална смисла што завршиле штул со 6.00. Таквите во Скопје не би се провлекле. Тоа е тоа што го прави штулот полесен од државниот, поголемата еластичност во оценувањето
Ок, тебе ти се погодило, но јас имам забелешка со почитта на УКИМ. Се случуваше да чекам по 4 саата за оценка во индекс да ми стави професор. Како магариња сите колеги да седиме пред кабинет и на крај да ни каже професорот дека оди на предавање и да ни рече да го чекаме уште саат и пол.
Можеби пообразувани луѓе излегле од УКИМ пред 10-15 години, сега веќе одамна опадна квалитетот на УКИМ и нивото на образование кое се стекнува таму. Можеби се два-три факултета останати, другите врска немаат.
Познавам и јас многу луѓе кои се речиси неписмени, а кои завршиле на УКИМ. Завршиле плаќајќи за испитите.
Веќе некое време драстично се менуваат работите во високото образование во Македонија. Ме чуди како луѓето не го прифаќаат тоа. Каков квалитет на образование може да се добие со 90% средношколци запишани на факултет? (Не ме фаќајте за збор околу 90-те %, претпоставувам дека толку се после кампањата за сите деца по една диплома). Значи, НЕ е единствената разлика во универзитетите "ќе си платиш и ќе добиеш диплома" vs. "ќе бидам чесен и ќе учам, за разлика од размазените деца што ќе платат на приватен".
Конкретно за Штул одговорно можам да потврдам дека е економскиот факултет на Штулов е во моментов најдобар приватен економски факултет во Македонија, кој е доволно добар да му претставува реална конкуренција на државниот. Претпоставувам и за другите дека е така, но не можам да потврдам, еве, кој знае нека го направи тоа.
 
Незнам за која промена се обидуваш да кажеш....., убеден сум дека сеуште престижот и квалитетот се на страната на уким! Имаше случај со познаник мој што падна прва година на правен на УКИМ и после заврши на европски со 8 и нешто просек! Споредете што учат на електро и пмф со информатиката што ја учат на штул. Во материјалот нема простор за дискутирање! Иначе во соодносот плаќање-диплома, можеби на уким некој плаќа за диплома меѓутоа на приватните тоа го прават сите.... Ќе се повторам од некој претходен пост: факт е дека предноста на приватните универзитети е во удобноста и условите. незнам како е на штул меѓутоа кога бев на економски еднаш, таму нема место каде сите студенти да седнат, ама кога еден дел ќе попаѓаат на сите колоквиуми или испити и ќе пребегаат на приватниве ќе се ислободи и таму простор :)
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Пред некое време видов некој бараше информации за тоа што содржи TOEFL, како да се подготви итн... а во меѓувреме ми стигна меил од Штул во врска со истото, па реков да постирам ако некој е заинтересиран:

TOEFL Instructor: Stephen Hardy
The Language Center within SEEU offers the TOEFL training course which is aimed to prepare the students for the TOEFL iBT test. The course will provide the students with an understanding of the format and design of the test, an analysis of the test’s four sections and recommendations on how to handle the time restraints associated with the TOEFL test.
Course length: 12 weeks Course meetings: 2-hour meetings twice a week
Course starts: Feb. 7th Course fee: 125 Euros per student
Contact person: Shpresa Mustafai
Phone: 044/ 356– 286
Email: sh.mustafai@seeu.edu.mk
Language Center (http://www.seeu.edu.mk/en/the-university/institutet/language-center)

--
SEEU Career Centre

South East European University
Illindenska bb, bldg. 400.02
1200 Tetovo.
Rep.of Macedonia

Tel: +389 44 356 088
Fax: +389 44 356 189
Подвлеков цената да не ја промашите:)
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.935
Поени од реакции
1.683
Малу темава умре али имам едно прашање

Некој што студира на правен во штулов во Тетово да ми каже дали се учи на Македонски или само на Албански е учењето, дека на конкурсот објавен за 2010-11 нема објавно колку ќе има настава на Македонски јазик

ако знае некој нека пише :)
 
A

Antigona

Гостин

Се учи и полага на македонски јазик. Таман работа да не се учи, па каде ќе одат македонските професори кои предаваат на правниот смер ?

Не бери гајле , си има македонска група.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Јас студирам на ДУТ и често морам да одам до Штул по оценки, потписи....... зошто многу од професорите од ДУТ предаваат и на Штул, па секоја слободна минутка си ја поминуваат во канцеларија таму. Затоа што очекуваат некој студент да дојде и да има некаква потреба од нив. Се разбира, студентите од Штул.
Кога кај нас на факултет имаш потреба од некој професор (каква било) а мене често ми требаат, зошто сум само јас македонка во моја генерација па околу материјал и сл. ми треба помош, моите професори имаат ,,неодложни обврски,, и после ги гледам на кафе. А кога истиот тој професор ми треба, а е во моментот на Штул, одма се наоѓа време да ме викне во канцеларија, како човек муабет да ми направи, па и да ме праша дали сакам да се напијам кафе додека сме на разговор (???). Имено, не би си дозволил да одбие студент додека е во зграда на Штул, но може и да не те примети кога е во зграда на ДУТ. За 1 потпис го бркав 2 недели на ДУТ, додека на Штул ми го даде ОДМА кога го најдов.

Верувам дека да ми предаваше истиот тој, како студентка на Штул, малку повеќе ќе зборуваше на македонски и ќе ми објаснуваше.

И тоа е разликата. Секаде можеш со 6 просек да завршиш и на државен економски, повеќето мои пријатели се таму, ги мрзи книга да фатат па се влечат со 6ки, преполагаат, презапишуваат предмети, дрн дрн.... а во тој поглед дури и на ДУТ е потешко, бидејќи ние немаме ееееј не ми се иде на предавање, ај догодина предметов, плус 1год е условна на 3год, па не можеш како на УКИМ од 1год да си влечеш предмет до 4та.
Штул како факултет (сепак сум секој ден во контакт со тие студенти и професори) е најтежок во поглед на другите приватни факултети, и глупаво е некој да го спореди со ФОН или Европски (мислам дека и некој со мањак IQ ќе дипломира таму), а исто така и е најефтин од приватните факултети. БАС и слично, што се 500 евра, не се факултети, тоа се академии, затоа не спаѓаат во оваа категорија.

Штул по материјалот што го пренесува на студентите има најпрочистен и најрелевантен материјал, зошто што к*р ќе научиш 1000 страни за испит, ако во глава не ти влезе тоа што треба? Поентата е да научиш нешто што понатаму ќе го применуваш!
Јас кај мене на факс учам секакви глупости, за жал на Штул немаше психологија а сакав да се запишам таму, само заради тоа што макар на УКИМ или на ДУТ си играат к*рташак со тебе (и на УКИМ не знаеа дека не студирам таму, па се заебаваа со мене професори, кога побарав консултации со нив! мислеа дека сум нивни студент па што??) и што нема да добијам 6 ако заслужувам 8, а тоа ми се случува тука, па преполагам испити.

Затоа, според мене, Штул му е сериозна конкуренција на УКИМ, поточно ќе му биде, кога ќе ги прошири капацитетите, сега за сега знам дека има само дисперзирани студии во Скопје и Куманово (може и на др места), ама со планот да се прошири просторно и да прима повеќе студенти.. Ама времето ќе покаже :)
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970

невозможна си ,приватни и државни факултети споредуваш од селото Тетово со Метрополата Скопје иако и сама знаеш дека најдобрите приватни и државни се во Скопје .
Виновна е политиката што премногу се форсира Скопје .
 
Абе една метропола што е Скопје, да ти испричам причу.
Сите мои пријатели студираат на УКИМ, на Американ или на ФОН.
Овие на УКИМ, зависи кој институт се. На пример, имам другарка 3 година запиша на земјоделски, уште прва нема ликвидирано, т.е. 3 година е, ама има останато, ни повеќе ни помалку, 8 испити од 1 и 2. На економски, исто така, 3 год, со испити од прва. Абе ајде.
Навистина, се зависи што професор ти предава, јас имам 14 годишно, од кои ете 5 нека се заебанција, ама останатите богами се учат. И ако немаш 40 кредити, не запишуваш следна година, а ако немаш ликвидирано 1ва, нема запишување 3та. Додека не собереш 51 кредит, нема полагање испити во годината која ја слушаш, ако имаш услов.
Така што, не можам да замислам колку е тоа лесно да си запишуваш и презапишуваш предмети, да бидеш 3та а да имаш 3 од прва....
Не ме зезај.
А ФОН и Туризам и Американ... are you serious?
Тоа не е факултет, во средно економско учев 3 пати повеќе отколку овие на Бизнис и администрација... на било кој приватен.
 
Не го сакам Фон бидејки веке е повеке Ши птарски .
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Не го сакам Фон бидејки веке е повеке Ши птарски .
Јас немам против приватни факултети, кои би требало да даваат подобро образование од државните.
Но кај нас е обратно, приватните факултети штанцаат дипломи, а дипломците неписмени.
Секако дека и таму има луѓе кои богами учат, ама не е така со повеќето.
Тоа е жалосно, што полуписмени се сметаат за академски граѓани.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Јас немам против приватни факултети, кои би требало да даваат подобро образование од државните.
Но кај нас е обратно, приватните факултети штанцаат дипломи, а дипломците неписмени.
Секако дека и таму има луѓе кои богами учат, ама не е така со повеќето.
Тоа е жалосно, што полуписмени се сметаат за академски граѓани.
Секаде во светот пиватните се светлосни години пред државните ,кај нас има подобри услови ама навоно има поленсо поминуваже .
п.с млади се приватните за тоа му треба време .
Факт= има и предности и слабости во приваното и државното образование .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom